180 ден,го земав од Ани Фарм аптека но гледам го има и во другиве аптеки.Само во Зегин не го барај не го држат.
Од овие ја имам купено Балеата и не чини. Имаше едно, ич не ми текнува сега, преку фризерка го земав, околу 1000 денари, одлично е. Ама моментално мене поефтина варијанта - а и многу успешна, ми се традиционалните зелени капки од Авон, или маслото двослојно од Авон. Маслото го протресувам и шприцам на чешелот, па со нашприцан чешел се чешлам. Така убаво се распоредува, косата е ептен убава и предобро мириса Еве го тоа од фризерката што го земав, околу 1000 денари шишенце. Преубаво е, ама скапо.
Одличен шампон. Многумина што го пробаа се пофалија со него. И ич не ја мсри косата. Цена му е околу 135 денари. Го има во некои аптеки.
јас одкако го купив не помислувам да го сменам Сега го има и во Зегин.Има и органски а тој е 250 ден мислам
Да има и тоа доста брзо јас сум презадоволна шампонот и дава живост на косата.Сите шампони од колекцијата се против опаѓање само што си одбираш за каков тип:фарбана,мрсна,за побрз раст и др.А органскиот не сум го пробала наредно ќе биде тој.
Дали кокосовото масло придонесува за побрз раст? Ја масирам главата еднаш неделно со кокосовото масло исто така и на врвовите ставам..
А може ли да се користи во комбинација со друг шампон? На пример едно миење со него,друго со друг шампон.Да не е многу јак?
Не знам зошто би го мешала? Можеш да мешаш, ама не е ефектот ист. Пробај само со него, па ако поради свои причини, пробај и мешај. Не е многу јак, не е агресивен шампон, билковит е пред се и затоа не може да биде јак и агресивен.
По препорака го користам шампонот со лук на Афродита. Првиот пат кога го купив имаше доста пријатен мирис, лукот воопшто не се осеќаше и навистина побрзо ми растеше косата дури и дома се зачудија. После тоа користев други шампони и не ми одговараа баш и сега пак се вратив на истиот. Само што овој пат мирисот на лук и те како се осеќа, луѓе бркам вампири убивам, повеќе ми се мрси него претходниот пат не ми е толку свежа а за растот исто така немам приметена некоја разлика до сега (само неколку пати се имам измиено).
Јас за прв пат пред околу месец го купив и пробав шампонов. Мене првите 2-3 пати многу ми мирисаше на лук. Но потоа се навикнав, а дечково, моите, ги терав да ми ја мирисаат косата и на никој не му смрдеше За побрзо да ми расте, не ми расте, ама вака ми е океј
Малку доцна но, Биоблас шампони има и во Голден Роуз. Често ги гледам на акција и ми кажуваа девојките таму дека им се трошат. Јас немам користено досега.
Има ли потреба да се користи регенератор со шампонов? Имам фарбана, прилично сува коса... го користам на Афродита од кокос но сакам да сменам. )