Мене масла највеќе ми помагаат. Рицинусово/бадемово ставам половина час пред миење на косата, два пати неделно, и после некоја недела ми растат нови влакненца
Имаш на Elseve-loreal.Можеш и maska/tretman јас моментално Avon го користам овој на сликата подоле од десно
За ептен оштетена коса ви препорачувам да користите на Лореал - Елсив Total Repair Extreme, и регенераторот и маската се убави, но јас го користам регенераторот. Мене лично ми е подобар. Исто така, најдобро нешто што го користам е на мокра коса, малку со пешкир ќе ја засушам, прскам од овој leave-in кондиционер. Мене ми ја прави преубава косата, не ми ја мрси, а и предобро мириса. Кондиционеров фризерките го продаваат по 800-1000 денари, во парфимерија е 400, од Космос Груп (кои го увезуваат) мислам е и поефтин, ако се сеќавам добро имаа дуќан некаде кај Стара Чаршија. Да напоменам само, јас имам екстремно и термички и хемиски оштетена коса. Ако имате нефарбана, небланширана коса и не ја пеглате, фенирате, виткате постојано, веројатно не ви ни требаат толку производи. Можете пред бањање да ставите некое масло (на врвовите), пример кокосово, да не користите никаков кондиционер, а ако ептен ви се плетка косата купете си некој ваков кондиционер за расчешлување и на влажна коса прснете. Природна, неоптоварена со хемикалии коса нема потреба од волку "третмани"
Кондиционеров со кератин е врв, по препорака од фризерката го користам веќе година дена на секое миење коса, и никако да го потрошам. Предобар е.
Од ДМ ти е? Ако е тој кондиционер преубав е 2 пакување купив ми трае веќе 4 месеци али ставам премногу на коса, преубав е!
Шампонот е 67 од литар, ампулите се сите три околу 50 денари јас од сите три ставам по 3 што значи 150, ад капките се околу 110 и Пантенолот е 170.
Братучедка ми ми предложи некој шампон за згуснување и растење на косата, кој содржи: Шампон од коприва во кој се додаваат 3 вида Б капсули (по 2 капсули од секој), пантенол раствор и рицинусово масло. Сакам да слушнам мислења, вреди ли да го направам шампонов или да не фрлам за џабе пари?
Има две страни поназад рецепт, свртете и прочитајте. Јас воедно морам да кажам дека шампонот кај мене дава резултати. После експериментот летово, косата пола ми опадна по фарбањето. Не можев да се гледам самата. Од мала имам густа коса. Во комбинација со редовно мачкање со рицинусово и кокосово масло, косатата ми е обоновена и побрзо расте по две недели употреба. За месец дена има видливи резултати. Откритие е рецептот, барем за мене.
Јас мојот го земав од кај фризерката, ми одговара на косата и веднаш ми ја расчешлува, плус се прска на веќе измиена коса и не ја мрси воопшто Мојата коса е сува и фарбана,овој го користам за расчешлување, обилно прскам и не ми ја мрси косата Што би ми препрачале за косата да ми биде густа и побрзо да расте ?
daj kazete nekoj sapon da ja rastam kosata znaci samo so farbajne mi raste znaci mnogu golg perijod mi raste a malku
Од преубава јака коса што сум ја имала, скоро ништо не остана после вторава бременост , оретчена и без волумен, влакното ми се кине и не ми е квалитетно како порано. Дајте некој совет како да ми се регенерира косата, шампон, маска ампули било што?
Верувам дека пиеш некакви витамини, од мене препорака за Б-витамини. Од нив би имала голем бенефит за косата и нејиниот квалитет. Ако косата е оштетена, тогаш практикувај почесто да нанесуваш маски. Не мора да бидат такви класични со јајце или со што и да е ако немаш секогаш доволно време, но барем кокосово масло. Намачкај на врвовите, по должината на косата исто така ако немаш масна коса... Јас имам масни корени, но практикувам еднаш месечно да нанесам на цела коса од маслото, вклучувајќи го и темето. Значи од корени, до врвови. Препорака за колекцијата од Алверде за оштетена коса со виолетово капаче. Има регенератор, шампон, а исто така и путер и овие три се со авокадо и шеа-путер. Мислам дека ќе ти го освежат влакното. Путерот може да го користиш и како стилизирачко средство (го нанесувам после фенирање на врвовите во многу мала количина), но и како замена за маска за коса. Лично немам користено такви миксови со Пантенол, ампули и витамини измешани во шампонот, но знам многу девојки кои имале позитивни резултати во однос на растот на косата со таков микс. Рецептот за миксот го има некаде низ претходните страници. Сепак, пред да го поттикнеш растот, дај и шанса на косата да се опорави и да добие на квалитет. Полесно ќе ти биде за одржување, зашто ако влакното ти е кршливо, потешко ќе се справуваш со косата ако е долга.
Сао пантенол раствор со спреј.... Имам пишувано за него и порано. Нешто како вода е и јас го прскав како оние Глис спрејчиња....