Јас користам Фармаси шампон и маска од лук а следно што планирам е Биоблас шампонот. Да се надевиме на побрз раст ❤
Вчера првпат ставив од овој шампон, косата ми е помека од претходно, но осеќам дека ме чеша... можно е да е од промена на шампонот
Најдов рецепт на интернет со кромид, баш сега направив сок од кромид во блендер, би требало да има ефекти на косата, еве го рецептот што го најдов на интернет. Рецепт за раст на косата со кромид:Потребни состојки се само 2 главици црвен кромид од кои ќе го исцедите сокот и со кои ќе ја измасирате вашата глава убаво. За да делува сокот потребно е да го оставите да отстои 15 мин-1 час (колку повеќе толку подобро). Направете компромис за силниот мирис и употребувајте ја оваа маска барем два пати неделно и за еден месец ќе добиете погусто и послајно влакно, а да не заборавиме +5-7 цм должина од вобичаената . Со подолготрајно користење ефектите се значително поголеми. Не плашете се од мирисот, со две убави испирања на косата и малку регенератор за крај, мирисот сосема ќе исчезне, а резултатите не се разочарувачки.
Јас читајки ве тука пред некој месец го земав Биоблас, незнам дали е до шампонот, ама косава ми е одлична! И ептен порасната!
Од аптека го земав јас, но го има и во Жито видов, во Жито дури и во неколку врсти го има.. но овој што го земав е баш за косата да расте побрзо. Ваков.. 180-200ден, 400мл
@nadelinka На сува коса го користиш Пантенолот? Јас го земав и ставив два пати само, многу ми се плеткаше косата од него едвај ја чешлав ништо добро не видов од него
Има ли некоја искуства со шампонот од лук на Фармаси? Ми го препорачаа, па не знам дали да го земам. Инаку моментално го користам шампонот од коприва со Б ампули, пантенол и рицинусово, скоро цел е потрошен, а косата иста. Дали јас многу очекував, па се разочарав, не знам.. Очекував барем до 3-4 цм да ми порасне, ама ништо.. Инаку, имам оштетена коса (не премногу, ама сепак). Дали има врска, дали тоа го попречува растот?
Шампонот го немам користено ама маската од таа линија со лук ја имам моментално , и мислам дека по неубава маска немам користено, никаков ефект нема на косата.
Шанел на сува го ставам. ама само на коренот. посто на работа ја носам врзана од сабајле се прскам ја фаќам во опафче и си го терам денот. На почетокот ја укрутува косата и ја плетка, ама тоа е процес додека да ја опорави. Кога ќе дојде ден за миење на коса тогаш ја порскам посаглам цела, од корен до врвови и по саат време се мијам со шампон... Два месеци го правев ова. Сите фризери ми кажуваа дека е природна и здрава...
Позитивна оцена за Биоблас што се однесува против опаѓање на коса. За раст не сум баш сигурна, океј е. Исто така убаво мириса
Имам и во друга тема пишувано, но ќе напишам и тука. Кокосовото масло многу ми помага во растењето на косата. Се става на благо навлажнета коса и се остава да стои барем неколку саати, колку подолго-толку подобро. Исто така ја користам маската со Кератин што ја постира членката погоре и многу сум задоволна. Незнам дали помагa во растењето, но дефинитивно многу лесно се расчешлува без да се оштетуваат краевите. И најбитно, редовно кратење на косата за побрз раст.
Имам коса ни многу долга но ни многу кратка фактички ми е една педа под рамената па сакам побрзо да ми расте бидејки ја фарбав па оној оштетен дел побргу да го скратам.Дали знаете нешто за побрзо растење на коса ако може да ми кажете сакам да си ја вратам природна да ми биде па живи здрави фарбање натаму можеби и никогаш повеќе. Колку му е цената на кокосовото масло и каде можам да го најдам?
Да, мислам дека сега е околу 180 денари. Инаку колку што имам досега заприметено од Виталиа е најефтино, другите се поскапи има и по 300 и нешто денари, ама јас не осетив некаква разлика меѓу нив, така да, какво и да земиш нема да згрешиш
Дали некој од вас ги користел Алпецин шампонот и лосионот со кофеин? Ме интересира како го нанесувате лосионот бидејќи многу непрактично ми е за употреба. Пробувам со памукче да го нанесам, но не сум сигурна дали го нанесувам секаде. Се мислам да го ставам во некое шише со распрскувач. Друго, низ останатите форуми читам дека треба секој ден да се користи шампонот за видливи резултати, додека лосионот треба да се нанесува секој ден и може да се користи и на сува коса, а јас гледам да е мијам преку еден ден бидејќи ептен брзо ми се оштетува косата од фенот, а немам време секогаш да е оставам да се суши природно. Како го употребувавте вие шампонот и на колку време е миете косата? Знам дека треба да го користам подолго време, но многу сум нетрпелива, па по колку време ги забележавте првите резултати?