Последно забележав дека косата брзо ми расте од маската и шампонот на Калос кои ги има во сите аптеки а цените им се смешни. По 1кг за околу 150 денари. Моментално ја користам само маската бидејќи шампонот го истрошив побрзо, само и од неа има ефект плус веќе 2,3 месец терам со неа.
Девојки немојте никако да го користите шампонот од Фармаси катастрофа е косата уште толку ми опадна цели прамени додека да се освестам да го прекинам. Инаку на сестра ми и опаѓаше косата и дерматолог и го препиша биоблас шампонот за раст и Мерц таблети и за два месеци косата многу и порасна и изгледа сега многу здраво и јас ќе почнам со него од следниов месец..
Јас и дм го користиме шампонот од лук на Афродита, по препорака на другарка ми. Презадоволни сме, а чини само 100 денари
Јас користам еден шампон Brezov од коприва и од камилица има и ми помага за растење на косата. Исто и тој од Афродита од коприва ми помага.
Мене па ич не ми помогна, а само позитивни коментари читам за него. Може до мојава коса е. Денес го зедов на Биоблас црвениот што е за растење, па ќе видиме како ќе се покаже.
Треба да си упорна во користење со него, секое миење само сo тој и после месец дена да очекуваш резултати.
Ако мислиш на тој од коприва, денес го дотрошив. Скоро 2 месеци го користев само тој, без да сменам на друг.
Мислам дека за истиот збориме црвено со тегет амбалажа.Другарка имаше тенка мека мноогу ретка коса буквално цела кожа и се гледаше го користои редовно сега косата и е погуста и дефинитивно има воочливи промени. Вреди за тие пари,некаде околу 600 700 денари мислам?
Пред неколку дена почнав да си правам нега на косата со бадемово масло и шампон од коприва. На интернет сум читала дека бадемовото масло и дава прекрасен сјај на косата а шампонот од коприва го забрзува растот .Значи со пластичен чешел натопен во бадемово масло убаво ќе се исчешлам на сите страни и ќе почекам 30 минути и ќе одам да се истуширам и да си ја измиам косата убаво со шампон од коприва. Бадемовото масло го купив од аптека за 100 денари мислам дека беше а шампонот од коприва го купив од маркет за 60 денари.