Да има видливи резултати косата ја чуствувам по мека и лесно ја расчешлувам претходно многу тешко ја расчешлував ама сега ми е многу полесно...
За сите што сакате подолга коса,еве.Јас почнав да користам Palmolive шампон,прво оној белиот што на него пишува Long&Shine shampoo,но тој не ми помогна,откако го потрошив го купив портокаловиот Milk&Honey shampoo,и не ми помогна а потоа го купив црвениот Brilliant color shampoo with pomegranate grenade и еве веке 1 месец го користам забележав колку-толку раст на косава некаде до 2-3 цм па мислам дека е шампонот.И сега уште малку имам,ке купам од тој истиот.Додека ја мијам косата ја отплеткувам со прстите нежно и мислам дека и тоа влијае врз растот на коса.Па да ви кажам,за разлика од порано многу многу бавно ми растеше а сега стварно забележав дека ми расте,пробајте се надевам дека ке ви помогне
Зависи кај кој како,ете кај една моја другарка користеше таков шампон со ампули и и растеше пребрзо,но и јас почнав да користам 2 3 месеци користев но џабе,никаков резултат.Пробај,можеби кај тебе ке има резултат
Инаку,заборавив да ви кажам,откако почнав да го користам овој шампон,прекинав да ја сушам косата со фен или да ја пеглам да ја горам,и дури и да е веќе вечерно време 10-11 часот а мокра е,не ја сушам
А и денеска си направив спреј за растење на косата побрзо. Значи во жешка вода треба да се стави ориз и да се меша со лажица 5 минути потоа да се прецади водата и да се стави во празно шише со пумпица или тие шишенца од парфеми што се од авон. Јас оризовата вода ја ставив во шишенце од парфем. И секој ден ќе се прснуваш на врвот и нема потреба да ја миеш косата... Ова го видов од YouTube. Иако си направив нега од бадемово масло и шампон од коприва решив и спрејов да го направам
Една вид ампула на 100 ml иде? Пр. по една од Б1, Б6 и Б12 на 100 ml? И АД капки, маслен или воден раствор?
Не, по една ќе ставиш од сите три но во 500ml. Воден раствор и пантенол. Јас го правам во 1l, ставам од сите три по три значи 9 ампили и резултати имам многу добри. Пантенолот и капките по пола ќе ги ставиш не цели.
@lost123, купив шампон од 200 ml и ставив по една од Б1, Б6 и Б12, АД3 ставив 1/3 од шишенцето, а пантенол решив да не ставам. Сигурно не е малце, да додадам уште по една од ампулите?
Имам долга коса,но сакам уште подолга.Се фарбав пред 2месеци и од тогаш ми има пораснато многу малку.Читав дека сите ставате ампули во шампонот.Јас користам head shoulders бидејќи од сите други имам првут и неможам да го сменам.И сега бидејќи неможам да ставам ништо во шампонот не се отвара,дали мислите да го истурам шампонот во друго шишенце и да ставам ампули?И што точно ќе ми препорачате да ставам во 400мл?
@Принцезичка1, нема врска што не се отвара шампонот. Ќе земеш B1, B6 и B12 ампули, игла и шприц и ќе ја извлечеш течноста од ампулите со шприцот и ќе ја ставиш во шампонот. Нема потреба да го претуруваш во друго шише.
Мене за растење на коса ми помогна Burdock Therapy спреј од Eveline. Го земав од зегин заедно со шампон.
Не се сеќавам на цената одамна беше ама не беше скапо ваљда 300 -400 денари заедно со шампонот. се прска на мокра коса и се масира во коренот. Тоа 2-3 пати неделно пишува а јас после секое бањање ставав и за 2-3 недели имав резултати.