Потшишувај ја навремено користиси маски и силиконски капки не ја гори со фенови и пегли најдобар резултат ќе имаш ))
За забрзување на раст би препорачала масажа на скалпот (еден час пред миење на косата) со масло. Јас користам кокосово, рицинусово или масло од јојоба.
Pred da pocnam so farbanje mnogu bavno mi rastese kosata.Veke nekoliko godini se farbam i si raste odlicno.Valjda slucajnost,ama nisto od koristenoto ne mi pomogna.
Масла се тураат само на сува коса,а за мрсна коса не се препорачливи. Почесто шишање и редовен внес на витамини подобро придонесуваат за забрзан раст на коса.
Не мора да значи, јас имам мрсна коса цел живот и мачкам масла на косата. Баш напротив некои масла може и да помогнат околу прекумерното лачење маснотија. Еве еден линк ќе споделам: https://www.naturallycurly.com/curlreading/oils/essential-oilsg-cute-an-oily-scalpg-not-so-much
Да ијас исто ставам масло иако косата ми се мрси на 2 дена а искрено кога ке ставам масло не ми се мрси многу и е мека и убава
За да расте побрзо, мора многу одржување и негување. Користи маски препорачани од фризер. Крати ја почесто само врвовите. А слушнав и дека капките за коса од авон многу помагаат за раст на косата, јас ги користев за да ми биде помека косата а и ми расте пребрзо можеби и до тоа е
Маската на Калос со кератин е најдобрата маска што сум ја имала од само три користења косава ми е како свила,мека и многу сјајна
Ги има повеќе видови, види кој ти е најсоодветен за твојата коса, јас ги користам зелените и розевите
Да ја полеваш со вода редовно. Спојлер Се извинувам за оф-топикот, ама секогаш кога ќе ја видам темава, прво што ми текнува е горе-кажаното.
Девојки, каде можам да го најдам кондиционеров? Пишувано е за него неколку страни поназад дека фризерки го продавале, ама го има во некој маркет/аптека/парфимерија?
Јас еднаш месечно одев на фризер и не повеќе кратење од 1цм.Така 6 месеци и како да се регенерира од постојано одржување и баш ми порасна после тоа, па после тој период не ја кратев толку често.сега имам долги коси на тој начин, можеби ќе ви помогне и на вас
Здраво девојки. Дали имате слушнато за inversion method за растење на косата и колку тоа помага? Вчера бев на фризер и си ја мразам новата фризура. Доколку знаете некој ефикасен метод, шампон или што било, ве молам помагајтеее.
Растот на косата можеш да го забрзаш со природни шампони на пример како што ти кажа @Kimberly11 со шампон од коприва исто така мислам и брезов шампон може да ти помогне меѓутоа види тебе кој повеќе ќе ти одговара,но имај во предвид дека шампонот од коприва може многу да ја исуши косата па земи си некој добар регенератор или маска.
Не си единствена и мене почна побрзо да ми расте кога почнав да се фарбам. Инаку @sofija014 спомна масажа на скалп. Јас редовно користам масажер за глава кој има повеќе придобивки и ја подобрува циркулацијата на крвта.