Што најмногу ви помогнало за побрзо растење на косата? И далии некој има коростено шампон на Krauterhof за побрз раст и дали навистина помага за побрз раст?
Во Yves Rocher во Сити Мол има шампони за поголем волумен за коса. На природна база се и се многу добри. Околу 250 денари е шишенце. Обавезно побарај им да ти дадат клуб карта и кога ќе собереш доволно печати на картата, ти следува ваучер од 400 денари.
Да помага, ако правилно се користи. http://yves-rocher.mk/katalog/5/njega-kose/ Еве ги сите шампони. Јас до сега сум многу задоволен.
Јас по препорака, почнав пред една недела да користам рицинусово масло во комбинација со маслиново, ги мешам. Масирам скалпот, еве веќе 2 пати до сега. Моментално се осеќа многу голема разлика во квалитетот на влакното, но мене ми треба најповеќе за побрз раст. Или воопшто за некаков прогрес. Поради одредена ситуација имав загуба на нутритивни вредности во организмот, па имав ултра забавено растење. Се фарбам, плава сум, па поради и почесто фарбање, дојде до уништување и кинење на косата. Буквално стана како мастика.. Се надевам на прогрес, ќе пишам благовремено..
Имам кратка коса претходно прекратка ми беше(0.5 со машинка ја врвев по страните)..Кажете како да ја пораснам побрзо зошто искинав нерви бидејќи нема никаква форма а сакам долга да ја пораснам
Daj mu vreme. Cim si ja skoro da se kaze unistila kosata ke i treba dosta vreme da se vrati vo normala. Moj predlog e da koristis i proizvodi sto se poprirodni, samponi i se taka od Lush ili Alverde znaes sto se na prirodna baza. Bidejki toa ke zagarantira da ozivee vlaknoto, dodeka drugite so silikoni samo kako obvivka ke ima demek e zdravo ama ne e. I pravi i proteinski maski na kosata sekoja vtora nedela. Samo ke i treba vreme i trpenie. I mozes da ja skratis za da pocne da raste novo vlakno
Јас да ви кажам, па рицинусот е излезен од рајот! Ми ја зајакна косата, не е повеќе како мастика, а почнаа и нови влакненца да ми излегуваат на скалпот приметувам. Значи ставам на корените загреано рицинусово 3 големи лажици во сооднос со 3 лажици и маслиново, со памукче, многу е попрактично него ли со раце. Масирам убаво, ставам ќеса да отстои 3,4 саати и мијам длабински. И не само на косата, почнав и по лицево да се шљакам. Добива сјај, убава боја, се таман. Девојки, рицинус is the answer!
Јас живеам во германиа и тука од индинките го купувам.. ама го има и во скопје во чаршиа кај муслиманските дукани што продаваат парфеми креми книги една моја другарка купила
Мене секогаш брзо ми растела косата, но откако почнав рицинусово масло да користам, во должина ми порасна толку брзо. Расте како луда од маслово. Пробај го, секако нема штета да имаш, може само да помогне.