Здраво. Јас користев шампон и маска за побрз раст. На природна база се, преубсви се косата од прво миење ми беше ко свила. Овие се.
Здраво девојки. Јас ви препорачувам само Спирулина таблети ги има сите потребни витамини и минерали и за коса а и за тело. Предобри се
Јас повторно почнав да го користам шампонот од коприва на Илирија со б6 таблети издробени во него.Но при измивање на косата многу крута ми ја прави и ми ја плетка, без оглед на тоа колку регенератор и да ставам. Може ли одкако ќе се измијам со него да ја премијам косата со друг шампон од Балеа после него и да ги комбинирам или така нема да има ефект за растење?
Јас нема нешто што не сум пробала за растење последнава година и се било џабе. Ја немам шишано година и 1-2 месеци и дали 5цм ми е порасната, и тоа за тие 5цм е заслужен Биоблас шампонот кој откако го открив за ништо не би го менувала. Ви го препорачувам на сите, спасот само во него си го најдов, башка што ја прави косата мека како свила и многу го намалува опаѓањето, порано кога се чешлав цел чешел го полнев со влакна, сега едвај 3-4 ако се најдат. Инаку @Dream-Girl како го нанесуваш рицинусовото масло? Го загреваш претходно, дали ја виткаш косата во нешто откако ќе го нанесеш и колку време треба да одстои? Уште тоа да го пробам.
Девојки,читам нешто дека од пивски квасец растела косата па незнам колку е точно,па јас имам таблети Бетавитевит со витамин Б и пивски квасец,па да ве прашам вака,сакам да имам многу подолга коса пошо сега ми е до рамења,па дали таблетите ако ги пијам ке има ефект или пак ке има ефект ако ги ставам во шампон,инаку користам шампон од лук пошо имам читано дека и од лук расте косата,и немојте да мислее дека мириса на лук,воопшто не мириса на лук.И уште нешто да прашам,прочитав дека косата растела и доколку пијам зелен чај,точно ли е? Пошо никој не одговори на моето прашање,а стварно ми требаше одговор,сакам да ви кажам дека почнав да ги користам таблетите со пивски квасец па сеа кажете ми дали вие сте ги користеле и дали имало ефект,колку од прилика ви порасна косата и за колку време?
Н Не ти одговориле веројатно дека немаат искуство со таблетите од пивски квасец. Кажуваат дека да, помагаат за кожа, коса и нокти, но и дека поправаат (отвараат апетит). Мислам дека поефикасни се Мерц дражеите, ги има во сите аптеки, се малку поскапи, но вредат. Тие се баш за таа намена.
Премногу е индивидуално, некои се фалат, некои се жалат, незнам искрено. Има шампон од лук и на Фармаси, различни искуства се изнаслушав.
јас почнав да користам од лук шампон,па ке видиме..а еве веке од вторникот не ја миев дури во недела ке ја мијам,да видам што ке се деси дали ке продолжи да ми е мрсна пошо ми се мрси многу,ја миев секој ден..
Сите работи што ги наведе навистина стимулираат раст на косата, ама ниту со пивски квасец, ниту со шампин од лук или што било друго немој да очекуваш некој неверојатен резултат. Косата расте по 1цм месечно од прилика, а со користење на препарати можеш да стимулираш еве 1,5 цм, 2 максимум да ти порасне. Повеќе од тоа не верувам. Со тоа што во зима косата и природно поспоро расте. Инаку, почнав да го користам Bioblas од скоро, рано е за резултати. Убаво мириса, ама многу ми ја спласнува косата во коренот, по еден ден веќе немам волумен, а и брзо ми ја мрси. Ќе видам дали ќе продолжам да го користам...
Дечки еве ви неколку маски добри за коса, јас користам неколку од нив. -Кокосово млеко на скалп 20мин и се чува во пешкир. -Свеж рузмарин и кесичка чај потопени во зовриена вода и да од стои 1 час, потоа течноста се става во шишенце и се прска косата. Да отстои цела вечер. 1-2 неделно -Авокадо и 3до 5 лажици маслиново масло, пастата да одстои 30мин. 2 пати неделно (за намирници, зависи од должината) - 5лажици мед со 2 рицинусово масло , 30мин , може 3-4 пати неделно -Скраб од 2 лажици морска сол, 2 маслиново масло и 4 органски шампон , се става на водена коса како нормален шампон и на крај да се заплакне косата со ладна вода . Се повторува на 2-3 недели Овие јас ги правам и гледам ми расте, за густина се уште е рано да кажам. - 1 до 2 лажици сок од лимета со 4 кокосово масло, на скалп се прави масажа 10-15 мин и потоа да одстои 1 час па да се измие. - 2 лажици алое вера гел со 4-5 лажици кокосово масло (може и маслиново) на воденка коса 5мин масажа и да одстои 1 час и потоа да се измие со органски шампон. - 2до 3 лажици мед, 1 јајце, 1 лажица сок од лимета, 2 лажици маслиново масло, 4-5 капки етерично масло и 3лажици топла вода , да одстои 5-10 минути, 1 неделно. - 2 лажици мед, 1/2 лажица цимет и 4 лажици маслиново, 15 мин, 1-2 неделно, Замотивање на косата во најлонска фолија. Се надевам некоја од овие ќе ви помогне. А за намирници гледајте според должината на вашата коса, и важно е повеќе да нанесувате на скалпот.