Колку чини се вкупно ? За овие не знам ама merz таблетите помагаат, поцврста коса и нокти и блескава кожа. Кој шампон од коприва од која фирма, каде го има и стави слика ако можеш
шампонот е 75 ден, 1 литар, но за оваа доза на витамини оттурив во друга амбалажа само 200 мл. ампулите се Б6 * 2 по 10 ден, Б12 * 2 по 13 ден, Б1 *2 по 22 ден и тие големите се ампули био ортие пиканте (читам од фискалнава) 2*40 ден. не знам што и како се по состав, претпоставувам на база на Б витамин се. Имам три бремености и во тој период косата и ноктите ми беа во најубава состојба.Витамините за трудници, сеедно од која фирма, може да ги земаш и ќе видиш ефект. Во секој случај, факт е дека темелот на здрава коса и цврсти нокти е од исхраната. Читав за пивскиот квасец, на темава неколку феминки споменале дека ослабеле од него, а аптекаркава баш ми кажа дека напротив ќе ме здебели не ризикувам, не зедов
Кое кокосово масло е добро за коса да го земам? Имав на био космос ама го потрошив и сакам да земам друго
Dali nekoj GI koristel samponite na farmasi...za opaganje I pobrz rast ....da zemam sakam ....vasi iskustva ve molam
@Pretty Woman на Афродита е,можеш и да го најдеш со црно капаче сменета е малку амбалажата,некои се жалат дека им ја суши и плетка косата ама јас немам проблем со тоа може и тебе да ти одговара. Го има во дм,аптека,по маркети секаде
Девојки да ве прашам, ја направив таа мешавината од ампули, ад капки, пантенол ама во шампон од авон од кокос. Го користам три месеци и не гледам никаков раст на косава а камоли побрз раст. Пред некој ден дознав дека ништо од ова нема корист затоа што успевало само во обичен шампон од коприва и сега не знам дали сето тоа што го направив било сосема за џабе, ви благодарам однапред
Па тоа и е рецептот, со шампон од коприви. Јас го користам 8-9 месеци, косата расте ко луда и не ми се мрси, но веќе забележувам дека станува крута некако. А не ја пеглам и не ја фарбам. Некоја со вакво искуство?
Ме интересира за Солгар таблетките, ги има ли во нашиве аптеки ии која цена се, секако има ли ефекти за косата.. искуство ?
Ај да си прашам од женско искусво... Од секогаш сум пробувал, да ја растам долга косата Ке стигнеше, до посакуваното ниво, и секогаш ја земав машинката и се стижев кец.. Многу бавно ми изгледаше растењето, после некое време, чуствував континуирано како да ми врие главата, се потев.. и морав да ја сечам секогаш до крај..... Па некое советче за побрзо, растење и едноставно, одфрлање на тие симптоми, како „чуство на вриење во главата“ нервозно чешање...
Ne nemam cesanje.... A ti porasna ili ne ?? Ja sakam use malku da ja porasnam ,mada imam prilicno dolga kosa ,ama ete zelbata e pogolema
Не осетив дека ми има пораснато, бидејќи го потрошив и веднаш го променив шампонот. Пробај со брезовиот шампон, за мене незаменлив е и брзо ми расте косата.
Би ти препорачал прво да го пуштиш горниот дел од косата. Кога ќе достигне одредена подолга должина, ќе почнеш и од страна да ја пушташ. Јас почнав цела да ја пуштам и секогаш од страна и доле ми беше подолга и изгледаше лошо. Еве уште ја немам израмнето скроз. Ама да знаеш, од таа awkward фаза не се бега. Дома ја врзував на секаков можен начин, за надвор во долно репче. Треба трпение...