Во главно го нанесував на коренот бидејќи за растот тука е најбитно, ако ми останеше одвишок го нанесував на цела коса бидејќи дава многу убав сјај, го ставав еднаш неделно околу 2 месеци уствари околу 7-8 пати стаив и нема одредено време колку да стои, најмногу што можеш, гледај да биде 1 час минимум за да делува подобро. Исто така можеш да го измешаш со 2 жолчки од јајце, предобро е, јас сега ставам така бидејќи имам многу долга коса па количински ми треба многу руцинус па го мешам али ипак доста добро делува. Пробај.
Црната боја на коса излегува многу тешко. Ќе ти треба подолго време, па пробај со овие рецепти. 1. Оцет Користете обичен кујнски оцет за овој процес. Киселината од оцетот ќе ви помогне да ја измиете фарбата, а нема да го оштетите темето, како што може да се случи со некои средства за отстранување на фарба. Рецепт: Измешајте оцет и вода во однос 1:1, па со оваа мешавина добро намокрете ја косата. Замотајте ја, покријте ја со пластично ќесе и оставете ја да делува од 15 до 20 минути. Доколку бојата се отстранува послабо, тогаш направете ја смесата со поголема количина на оцет, а помалку вода и повторете го третманот. 2. Витамин Ц Иако некои за овој третман користат свеж лимонов сок, поефективно е да употребите витамин Ц таблети. Овој третман е посебно ефективен за оние кои ја бојадисале косата со потемна боја и сакаат што побрзо да ја отстранат. Рецепт: Земете неколку (од 5 до 10) витамин Ц таблети и ставете ги во мал сад, па сипете малку вода. Гмечете ги со лажичка сè додека не добиете паста. Нанесете ја пастата на мокра коса, ставете пластично ќесе (или крпа за туширање), и оставете да делува еден час. Потоа измијте ја косата како и обично. Овој метод најдобро делува ако сакате да ја отстраните бојата неколку дена по бојадисувањето (доколку не ви се допаѓа како изгледа и сакате брза промена). Секако, не очекувајте чуда, иако брзо ќе забележите голема разлика. 3. Кокосово масло Покрај тоа што кокосовото масло е одлично за косата, тоа исто така може да ви помогне побрзо да ја отстраните бојата од косата. Рецепт: Во врела вода загрејте шишенце кокосово масло и оставете го да отстои 2 до 3 минути. Кога маслото ќе се загрее (внимавајте да не биде претопло) со помош на апликатор нанесете го на косата. Кога ќе ја покриете целата коса, замотајте ја во врел пешкир и оставете да дејствува еден час. Тој пешкир најверојатно ќе треба да го фрлите, бидејќи бојата ќе премине на него. Можете да ја повторите постапката доколку не сте сосема задоволни од резултатите. 4. Сода бикарбона Можете да ја користите за миење на косата, како и при отстранување на фарбата. Најдобро делува кога е измешана со шампонот кој обично го користите. Рецепт: Обично се меша 1 лажичка сода бикарбона со 1 лажичка шампон. Сепак, ова нема веднаш да ја отстрани бојата, но ќе го забрзате процесот на нејзино избледување. Постапката можете да ја повторите неколку дена подоцна доколку има потреба.
https://www.facebook.com/235257907272830/posts/363710754427544?sfns=mo https://www.facebook.com/602907969909304/posts/939431226256975?sfns=mo Дали некоја од вас има користено некој од овие шампони и би сакала да сподели искуство тука?
Таткоми го имаше овој шампон и навистина му помогна... Му паѓаше целата коса на одредени делови но благодарение на шампонов се спаси.
@arias За Dexe или за шампонот со екстракт од коњска опашка кажуваш? За колку време имаше видливи резултати и колку долго треба да се користи? Мене ми опаѓа косата, но не толку многу за да немам воопшто влакна на одредени делови. Ретка ми е и поради тоа сакам да пробам некој од шампоните. Читав во коментарите на Facebook и навистина луѓето беа задоволни и тврдеа дека имале голем ефект од користењето на шампонот со екстракт од коњска опашка. Ме зачудува како толкаво подобрување да има во влакното, да не содржат многу хемикалии? Инаку, еве и слика од составот на Horsetail шампонот.
За шампонот од екстрат од коњска опашка кажувам за еден месец имаше нова коса... Го забрзува растот на косата некои го користат за опаѓање а некои за растење. Не содржи хемикалии Дали дрклорантот е штетен за косата?
Мене во бременост ми порасна косата едно добри 10 сантима Приметив дека е од витамините Ги продолжив и после бременост тие витамини и дефинитивно е од нив Исто не ми паѓа и појако ми е влакното А предходно многу споро ми растеше и ненормално мнг ми паѓаше Сега се чудам дури
Имав испиено 3-4 шишенца, само парите што ги фрлив на ништо. Ги прекинав. Исто искуство има и братучеда ми, не виде никаков ефект. Други пак се фалат. Така што, најверојатно зависи од самиот организам, како ќе му делуваат. Некој спомна дека ефективни биле Фитовал, ем поевтини. Можеш да пробаш со нив.
Кој шампон дава подобри ефекти https://www.facebook.com/602907969909304/posts/939431226256975?sfns=mo или шампон од Yves Rocher за обнова на коса?
Kosata vo korenot mi e sosema ok gusta ne mi e ostetena samo na vrvovite dva pati godisno ja potskratuvam na 6 meseci ama minimalno..problemot e sto rasti mnoogu sporo skoro pa ic.. Neznam kakov sampon da zemam nemam koristeno do sega za rast preporacajte nekoj od koj ste zadovolni?
Може ли предлог добар шампон?Имав преубава коса..Густа и долга,но почнав да се фарбам и изгубив волумен и се.Косата почна многу да ми паѓа после фарбањето..Све пробав и не помага,маски,капки што не Една година ми е вака и се нервирам!
Кокосово масло за раст на коса. Мојата расте многу брзо, а со кокосовото за 2 недели нагло ми порасна.