Девојко ако за месец и пол ти пораснала косата 10цм за една година треба 80цм да ти порасне.........тоа е невозможно ако навистина беше така до сега во гинис ќе беше запишана навистина неможам во ова да верувам
девојки имам неколку прашања: купив ампули Б6 и сега треба да ги растворам во шампонот или...? и исто така купив рицинусово масло..дали се нанесува на мокра или на сува коса и колку време треба да стои на косата...ии дали се става само на коренот или на цела коса?
http://www.fitofarm.com.mk/images/ricinusovo_maslo.jpg бај д веј ова е маслото?? се збунив дека на упатството пишува:рицинусовото масло се користи за пиење како лаксанс при акутна опстипација(неможност за празнење на цревата).Не надразнува и не предизвикува грчеви... да не сум утнала јас?? ај плсс побрзо кажетее ми ве моламм
И јас го ставам тоа рицинусово масло. Го нанесувам на сува коса(обично кога веќе ми е замрсена и треба да ја мијам). Го оставам да стои околу 1 час или повеќе(зависи колку време имам на располагање) и потоа го мијам. За ампулите, треба да ги ставиш во шампонот. Одкако ќе го измиеш рицинусовото, изми ја косата со шампонот
Дa ампулите стави ги во шампонот, маслото ставај го на сува коса, на коренот, нека ти стои најмалце 30 мин, колку можеш повеќе толку поубаво, и не си го утнала маслото тоа
Да, ама на кој како, еве мене ми излегоа бебешки влакна(се трпат сепак), од ампулите или маслото не знам, ама и доста ми е поцврста косата, и забележав раст. Е пак ќе речам, на кој како
Нанеси од маслото на коренот на сува коса, почекај да отстои околу еден час и потоа најнормално измиј ја косата со шампон.
Само една препорака: ако користите масла за косата - користете ги исклучиво на Фитофарм, поефикасни се, барем мене така ми се покажаа. Јас подолг период користев бадемово масло на Галафарм против цветање на косата, и општо како маска за омекнување на косата, врска нема споредено со она на Фитофарм - од него само после првата употреба забележав дека е поефикасно! Затоа, барајте ги маслата на Фитофарм - нив ги има во аптекиве. И патем, едно големо благодарам до Сесилија, која ми кажа дека има масла и од Фитофарм. А ако некоја најде кокосово масло, нека ми каже. Јас низ Скопјево никаде не можев да најдам...
Сега баш проверив моево рицинусово масло е на Галафарм, ама го потрошив па ќе земам на Фитофарм ако е поефикасно тоа Инаку цените би требало да се скоро идентични
Внесувањето на протеини, витамини и минерали се од големо влијаните. Протеините се главниот клуч за растот на косата. Внесувајте околу 30 грама дневно протеини, со тоа што ќе јадете јајца, бело месо, риба, лешници и зеленчук со зелени листови.
Доколку користиш било што што поттикнува раст на косата, нормално е дека ќе ти се појават нови влакна т.н. бебешки влакна. И не знам што те плашат толку. Нормално е косата да се регенерира. Тешко на тој што само му опаѓа, а не никнуваат нови влакна.
Само што си го купив лосионот на RECEPT за поттикнување на растот на косата, нанесов на скалпот на долниот дел од косата (тој што го растам, горе ми е косата пократка, така сум шишана) па така и ќе го избегнам проблемот со `бебешките влакна` бар малку... Сакам да прашам дали некој го има користено, дали помага и колку и како го се користи?
jas go imam lani koristeno losionot i ne zabelezav razlika vo rastot na kosata si rastese normalno kako i predhodno jas go kupiv za opaganje mnogu mi pagase kosata no stavav i cickovo maslo i taka da nemozam da ti kazam dali od losionot dali od masloto namali opaganjeto inace jas go koristev spored upastvoto na siseto sto go pisuva pozdrav [mod-kirilica:cfzbtt2o][/mod-kirilica:cfzbtt2o]