Јас прво ги растворив во малку вода, па ги ставив во шампонот. Ми беше страв да ги ставам така да не не се растворат. Јас го купував 180 денари. Во црвено паковање е и пишува Speed & long на него. А знае ли некоја каде можам да го најдам сега? Долго време веќе го нема во единствената аптека од каде што го купував, а поубав шампон во живот немам користено..
Здраво, денес купив Биотин таблети од диетфарм 0.15мг и пишува по 1 до 3 таблети дневно на гладно па ме интересира како ги земате вие по колку и дали само наутро?
Истиот проблем! Поубав шампон ниту јас немам користено и навистина побрзо ми растеше! Сега и јас не можам ама баш никаде да го најдам а останатите видови од биоблас што ги пробав не ми одговараат како тој спид анд лонг црвениот!
Кажете нешто ефективно за раст побрз на косата, кратка ми е и немам форма па сакам да ја растам, а да чекам, неможам веќе..
Гледав на youtube видеа, ѓумбир излупен, изрендан па исцеден и тоа се нанесува на косата, дали досега некоја има пробано такво нешто и дали има резултат? Јас денес почнав па ќе ви пишам за некое време дали помага
Ги имам прочитано, а го имам пробано и тоа со шампонот, ама кај мене немаше некој ефект, па барав друг начин и го најдов тоа со ѓумбирот, па реков да го пробам, а воедно да го предложам и на другите
Јас сум задоволна од кокосовото масло, жолтиот глис шампон и црниот спреј глис. Си правам маска и од јајце, маслиново масло помешано со бадемово, рицинусово, кокосовото и чичково и има резултати.
Го има во веро околу 180 денари.Јас пред неколку дена купив од биобласт од лук против опаѓање на косата 250денари од зегин и стварно е добар
Мене последно фризерката за растење ми го препорача од Corine de farme, баш во Зегин е на акција, па ќе видиме како ке се покаже.