Мене девојки за растење коса многу ми помогна чичково масло и ставање ампули у шампон В1 В6 В12 и ад капките што се. Јас првично ги ставав за да не ми опаѓа косата ама многу ми помогнаа и во растењето. Користев и шампон од бреза, од лук ама со истиве апчиња внтаре.
Околу 100ден. повеќе не се, купував се заедно во аптека и не знам точно. После 2-3 недели, видно престана да ми паѓа косата, заприметив највеќе кога се чешлав после бањање, вадев по две топчиња коса од чешел, а сега скоро ни едно.
Дали во шампонот се ставаат Б-комплекс таблетите што се за пиење обичните(кафеави, ситни, личат на бонитоп) или има некои специјални Б-комплекс за во шампон? И како се ставаат? Цели или претходно да се исситнат треба? Фала
Да се истиснст треба ,јас од тие немам ставано имам ставано што се како бонитоп кафеавите мислам дека поубаво е од другите .
Јас престанав да го користам тој од коприва со ампулите бидејќи ужасно ми ја плеткаше косата и ми беше сува. Сега користам природен органски шампон и приметувам дека ми порасна од него а ми е многу мека и сјајна. Така да големо НЕ од мене за коприва шампон ќе видите разлика во растот но ќе биде безживотна така да бирајте само правилен шампон и ќе ви расте.(без хемии)
Јас го користам обичниот шампон од коприва,никогаш се немам фарбано. ..правам домашни маски еднаш неделно...не се пеглам во топлите денови не користам ни фен. И имам коса скоро до бутките...значи здрава коса и брзо растење...честото кратење ја обновува косата..што почесто толку повеќе расте зошто врвовите се здрави.исто така оризовата вода многу помага..
Мене косата многу брзо почна да ми расте од кога го користам шампонот на Афродита од лук, само што не ми влијаеше на густина туку само ми расте брзо во должина. Некој предлог за погуста коса?
Мене овој шампон многу ми помогна за растење на косата. Го користев и регенераторот, ама и само шампонов би завршил работа. Не мириса баш најубаво, но ја чисти косата 100%. Одговара на сите типови коса. Бидејќи ми здодеа да го користам, сега го купив шампонот со кокосово млеко од Afrodita, но кога ќе го потрошам ќе се вратам повторно на овој.
Со редовно кратење на оштетените врвови, користење на соодветен шампон и маска, според типот на косата, како и избегнување на пегла и фенирање!
Кој органски шампон го користиш? Од време на време јас користев рицинусово и кокосово масло, неколку минутно масирање на скалпот и имаше резултати. Сега немам време за тоа и барам соодветен шампон.