Алверде од авокадо,приметувам дека имам нова коса и ја шишав пред 1 месец порасната ми е накај 2,5 см
Ќе сака некој да ми каже што се од ампули треба да најдам за да ставам во шампон. Разбрав дека треба пивски квасец б1 б6 витамини ај ве молам просветлете ме што се треба да земам ? Заборавив а и барав не успеав да најдам конкретен рецепт што помага.
Имав најоштетена коса на светов, ја скратив под уши (лани во јуни) и до јуни годинава ми порасна до градите. Ножиците и белата колекција на Кeune ми ја спасија косата (не мислам на оние црните колекции што се по околу 300 - 400 ден, туку оние поскапите). Во меѓувреме ја сменив колекцијата и косата пак почна да ми се оштетува (фарбана ми е косата и ова ми е најдобро искуство со шампон, маска и спреј за заштита на косата)... Него каде може да ги купувам производите за коса (маска, шампон, спреј) на Keune (на оние белите мислам) најефтино? Космо и ДМ цело време се натпреваруваат кој повеќе ќе ги покачи цените, од 900 ден. сега дојдоа на 1.100 ден. / 1.200ден. по прозвод
Кој е тој спреј против заштита од топлина ? помага ли навистина? Јас користев еден лосион за коса од Kerastase ама многу ми ја сплескуваше косата
@koritsaki 1, 2, 3 и 6 - овие производи ми ја препородија косата. Мене лично (со супер сува коса од фарбање, ама мора да пак да напоменам дека ја ишишав под уши) ми се нема ништо подобро од ова погодено, ко за личност што секогаш се враќа на плава коса. Најголемата грешка е што експериментирав со други производи, само од љуботнитност глупа, као да не пропуштам нешто ново или добро од други производ, и пак ја оштетив последниве 6 месеци. Сега пак ја ишишав скоро под уши - од кога се навикнав на тој филинг од косата, брз раст од компактибилна нега, не сакам да видам оштетен врв. Само осигурај се да е жолта линијата доле, тие се за сува/оштетена/фарбана коса. П.С не бил за топлина, него проетински спреј, се прска на мокра коса и не се мие (6 производ). Целосно го препорачувам и првиот производ, како лесен лосион е, се става на мокра коса и не се одмива. Ставај малку и нема да имаш проблем со мастење, јас лично немав. Фантастични се сите 4 производи, не ги менувам веќе.
Пред неколку месеци ја скратив косата до ушите и користејќи шампон од коприва косата ми расте како луда дури сега можам и репче да си фатам.
Сега ги купував, земи ги од Космо (ДМ се поскапи); 1 и 2 се 945, шампонот околу 550 и спрејот (6) е околу 750. За мојата коса, вредат за секој денар.
Приметувам дека од б комплекс расте брзо, јас почнав да ги пијам за апетит ама освен косата што ми расте и ноктите што ми брзо растат и ми се зацврстија доста, апетитот на старо си остана.
Ја подобруваат текстурата на косата? И дали ја пеглаш често покрај тоа што ги користиш овие производи?
Само фен и четка - знам сама да се исфенирам и не ми треба пегла, иако користев секојдневно до пред година дена. Имам некој подобар волумен од кога ја ишишав во комбо со колекцијава и фенирање, косата ми изгледа повитално кога не ја пеглам. Кога имам време ставам некое природно масло, маслиновото најмногу ми се допаѓа, иако не е препорачливо за светла коса, а користам и капки од арган, ама сакам да пробам некои нови (дајте препорака). Така да, може да се каже дека далеку подобра ми е текстурата од производиве, ама мора да дозволиш да ти помогнат, односно редовно да играат ножици на 4 месеци, барем по 2 cm, пошо после година дена со вакво темпо, имаш убава и здрава коса која расте брзо. Тоа е. Според моето искуство со препарати, не постои феномен кој магично ќе ти го оживее влакното ако не „соработуваш“.
Јас го користам шампонот од лук на Афродита . Не е скап , го има во маркетите .. 100денари ,1л. Го купив случајно , бидејќи имав проблем со мрсење на косата . Еден куп пари фрлив за шампони и се беше џабе . Го купив и си викам што сака нека биде Го користам од Февруари , тогаш косата ми беше кратка до рамениците (може и по кратка од тоа ) .. сега ми е скоро до половината долга , расте како луда , а и не ми се мрси два три дена . Не ми го менувала за ништо на светов
Од некаде имам слушнато дека после користење на тој шампонот од коприва со ампули, пантенол, капки итн., треба да направиш неколку месеци пауза ако сакаш пак да го користиш. Вистина ли е, има ли некаква врска тоа? Јас го завршив пред околу 1 месец така нешто, ама сакам пак да си го направам, воопшто не сум задоволна од должината.