Јас веќе 4 години го користам спејот за коса на Шварцкоф. Да напоменам, првично спрејов не е за раст на коса, но го има тој ефект, барем кај мене. Јеј! Спрејот е за разчешлување и омекнување на влакното. Портокалов спреј, околку 200 денари чини во сите дрогерии па и во дм го има. Мене целата коса ми се обнови, и во густина и во должина. (офф, не ми даде да вметнам мала слика и затоа мора да стои големава )
Колку треба да се стави од Д капките во шампон од 250ml? Мајка ми порачала шампон со екстракти од лук, по една доза од Б1, Б6 и Б12 знам дека требаше, но од капките дали треба целото или одредена количина?
Девојки не знам каде да го поставам прашањето па некако тука ми е најсоодветно. Биотин од 10 000 mcg каде можам да најдам во Скопје?
За оние кои се мачат долга коса да имаат,но не успеваат: Пред 2 години се фарбав,но потоа сакав да се шишам,минатата година во септември.И ми растеше многу многу бавно,можеби 1-2 цм за пола година.И сега во март пак се шишав а во меѓувреме порачав шампон од авон за обнова на косата Advance TECHniques 400ml и спрејче за полесно расчешлување на косата.Кога ке го потрошев тој шампон,додека да ми стигне нов,користев Palmolive од алое вера.И од март до сега не сум ја кратила косата,и сум многу задоволна бидејки за 6 месеци ми порасна до половината,а кога се шишав ми беше до рамења.
Девојки, дали некоја од вас знае каде може да се најде тривитаминол и дали воопшто се продава кај нас ?
zdravo dali samponot gliss zoltiot ponaga pri rastenje na kosa zemav i amouli iso taka koristam i ricunusovo maslo ❤️
Да, јас сум многу задоволна од жолтиот глис, но ќе ти препорачам и црниот спреј глис да земеш. Искрено мене многу ми помогна и парусан шампон и тоник за коса без да користам масла. 1200 денари за двата препарата, косата ми расте како луда, плус нови влакна имам.
Сакам да почнам да коростам рицинусово масло бидејќи читав дека доста помага за обновување и побрзо растење на косата. Скептик сум за ова, но толку си ја скратив косата што ми доаѓа да заплачам кога ќе се видам во огледало. Ќе го земам и шампонот на Афродита со лук. Прашањето ми е, каде да најдам квалитетно рицинусово масло и која цена е отприлика?
Јас го набавувам од Германија, сега видов го има на мн онлајн страни во бг http://lin.bg/ДЕРМОКАН---шампоан-DERMOCAN-Произведен-в-Германия---500-мл/4723/ Можеби го има и во мк
Состав: мед, восок од пчела, витамин Б комплекс, витамин Е, кантарион, маслиново масло, кокосово масло, лупен бадем. Може и некое етерично масло за да има подобар мирис. Целото се меша и стои 48ч. За тие со сува и оштетена ставете повеќе масло.