Да, пробав и јас прееска така, одлично е и не се мрси. Да видиме сега дај боже да делува (со оглед на тоа што не користам ништо друго) и ќе пишам како напредува.
Шампон без силикони и слс,се меша со: 50 мл рицинусово, 50 мл пантенол, 30мл капки од коприва,и ад маслени капки може да се стават и 2 ампули б вит.
Го купив,но сеуште го немам пробано инаку имам мрсна коса ама ќе го користам во комбинација со сензитив шампонот исто од Алверде па не би имала проблем.
Пробај, ќе видеш, инаку не е за мрсна. Колешка моја го користи тој со коприва, има мрсна коса и кажа дека и е супер. Ако ја миела преку еден ден, сега и 3 дена издржувала да не ја мие.
Обичен од коприва или? Го имам и јас користено од афродита ми одговараше ама мака мачев да ја отплеткам косата после миење. Моментално ги користам од авокадо и сензитив од алверде,а го купив од кокос и тој со кофеин да видам како ќе се покажат
Не, Алверде од коприва и маточина мислам беше. Не обичен. Многу се хемиски тие, ја пресушуваат косата.
Имам мрсна коса, но шампонов не ми одговара воопшто, премногу ми го суши скалпот. После второ приметив првут
Само што намачкав на коса мешавина од: 5 лажички кокосово масло 4 лажички мед 1 жолчка (имаше и пола белка ме мрзеше да дела убаво) Сок од пола лимон 2 лажички рицинусово масло Инаку вакви некои мешавини има другарка ставано и косата и порасна доста побрзо од регуларно што и расте. П.с- мене само досадно ми беше не дека ми е за раст
Probaj go bioblas i samponot i maskata gi koristam veke 1 godina znaci kosata mi sjae i mi porasnaa imas za razlicni vidovi na kosa probaj nema da zgresis
Девојки може ли некоја да го пише рецептот за шампонот од коприва и аппулите и што уште треба и да објасни како се прави, како се ставаат ампулите во шампонот и како се меша за да не биде на едно место.