Здраво девојки, вака, во темата за опаѓање имам пишано дека некое време користам алпецин, 2-3 месеци и ептен ми помогна. Се супер тоа, ама сакам да го сменам за да не се презасити косата. Конечно израснав здрава коса која што претходно беше испржена, затоа сега сум ептен внимателна. Што ќе ми препорачате? Имајте во предвид дека каков и да земам ќе го појачам со витамини внатре, имам читано дека и тоа ептен помага.
Да. И за згуснување. Баш се смеев со другарка има кратка коса вика земи го и мојов не ми се исплати пак треба да ја шишам пред две недели бев на фризер Нешто кога е добро стварно е добро нема тука што да се лажеме најискрено.
За побрз раст е од лук или коприва? И кој е подобар според ваши искуства тој на афродита или од овај погоре што е постиран со бело капаче неможам слика да ставам?!
денес првпат ставив масло од рицинус на коренот на косата па сакав да ве прашав: Дали сте користеле и ви помогнало? колку време треба да го користам да има ефект? колку пати неделно го користите? колку време треба да стои на косата пред да се измие?
што знам,мене ко тој да ми е поубав. Оној на Афродита некако ми ја прави косата крута и сплеткана. Овој повеќе пени. да има многу ефект. Јас секогаш кога имам време ставам.
Женски, да ве прашам нешто околу рицинусовото.. Нанесов денес на коренот, доста богато али ептен ми ја затести косата и после три пати шампонирање едвај излезе.. Да не требало помалку да ставам, да го стопам зашто беше многу густо или што? Каде згрешив?
Или измешај го со кокосово масло. Јас така ставам пред миење. Само рицинусово тешко се нанесува на коренот, многу е густо. Вака помешано со кокосово или маслиново исто може, е полесно за користење. Потоа се измива најнормално, јас со две шампонирања.