Шампон од лук. Иако е за против опаѓање, приметив изминатиов месец-два откако го користам многу брзо ми расте косата.
Кога почна да ми опаѓа косата, ми препорачаа Bioxine сет: шампон, ампули (околу 40-тина беа во пакувањето) и таблети (50 мислам). Не знам колку ми помогна со опаѓањето - ама затоа косата ми растеше како луда. Се вкупно беше околу 2,400 денари. Знам луѓе што косата и ноктите им растат многу кога јадат детска храна: кашички, чоколино, зошто се полни со витамини и фолна киселина. Другарка ми одеше да се фарба на секои 2 недели од што имаше огромен израсток.
@macor24 овој ќе ти помогне за првут https://alkaloid.com.mk/ketoconazol-shampon-protiv-prvut-i-seboreicen-dermatitis-100-ml.nspx За цена не знам да не те излажам, ама мислам дека не е скап. Освен првут има и други намени и е многу добар.
Ти благодарам многу на информацијата ќе го купам и ќр видам резултати оти јас го користев шамонот од коприва со ампулите ама почна првут да ми се прави видов резулатит однего ама првут премногу незнам што е проблемот некој друг да каже што го користел дали и нив му правел првут
@macor24 го користев и јас за првут еден период (не беше до шампонот), макар шо на почеток за сосем друго го ставав. И има ефект само треба да се измиеш неколку пати. Е сега бојата е така црвена и леплива (да не ти биде гадно), ама врши работа.
Не ми прави првут. Генерално немам проблеми со првут и поагресивни шампони кога користам. За премногу сува коса немам и не сум приметила баш од шампонов да ми се суши, ама ставам и регенератор и маска.
Точно. Шампонот има јаки сулфати, на сува/нормална коса од едно миење ќе се примети дека ја пресушил, бидејќи нема ни силикони и ептен изгледа frizzy потоа. Тие со мрсна коса и со соодветна маска може ќе им се погоди. За останатите, шампони со јаки сулфати за кларификација може да се употребуваат макс 2 пати месечно.
Ништо посебно. Содржи тон алкохол и мојава сува коса уште толку беше разлетана следниот ден. А делот кај што не ми е сува, така ми го затести, и со Tangle Teezer едвај го отплеткав. Читав многу позитивни коментари, ама искрено мене воопшто не ме воодушеви. Ако бараш сличен производ, Гарниер 10 во 1 млекото за коса е мноооогу подобро. Други поскапи алтернативи имаат Alfaparf розевата колекција, L’Oreal Professionel, Kerastase и мојот омилен, Schwarzkopf Professional split ends seal - една мала кремичка за врвови, скапа е, 1000 денари, ама косава и по 3 фарбања и 6 месеци изгледа ко пред 1 месец да е кратена.