Хм, какво прашање е ова..... исто како јас тебе да те прашам зошто па ти не сакаш брзо да ти расте косата. Прашање е на индивидуален вкус и стил, апсолутно е неважно зошто. Можеби за некој прашањево е премногу лично и во обид да привлечеш внимание на себе, ќе го повредиш. Во групава има жени кои со години се борат со алопеција, жени кои ја изгубиле косата по хемотерапија и други агресивни третмани и едноставно жени кои сакаат долга здрава коса. Причините, освен естетски, се често и од психолошка природа. Целта на темата е помош и поддршка на сите кои сакаат побрз раст на косата. Вакви непродуктивни прашања не треба ни тука, ниту било каде да се поставуваат.
@DevilGirl212 сум пробала оддамна, само што јас плус капки од коприва мислам дека ставав во шампонот. Не претерувај со пантенолот, многу е цело шишенце, мене многу ми ја сушеше косата. Имаше ефект (не од прво миење), ако можеш да ја поднесеш миризбата на косата на тие витамините. Б6 и Б12 имаат прилично јака миризба.
Нема 'непродуктивни' прашања. Еве убаво одговори ти. Шо е страшно шо прашав? Плус, не прашав за оние кои имаат здравствен проблем, туку оние кои од мода им се брза. Повеќето на темава се од вториве. Темава е на 'убавина и мода', ако не
Овие конкретно не, иако скоро од сите фирми имаат и таблети наменети за кожа коса и нокти, морам да споделам имам фарбана коса и решив да ја пуштам мојата боја го сликав коренот и наредниот месец за точно 30 дена пак сликав да видам разлика имаше помалце од 1цм, почнав да пијам обичен биотин и пак истата постапка счикање... Косата ми беше значително повеќе порасната. Мислам дека е од биотинот што го пиев ништо друго не ставав на косата. Препорачувам. Иако и сите овие наменски таблети се сигурно добри но се мн поскапи а виотиное е окплу 200 ден плус можете да си земете вит ц, б, е...
Кој биотин го пиеше и колку време ? Јас од Jameison го пијам скоро месец, ама нема подобрување Од 5000 мкг е.
Да. Освен ако имаш ептен тенко влакно и мрсна коса. Ако ептен мораш, квалитетна маска после него - обавезно.
Јас ја мачкам со рицинусово и кокосово масло пред секое миење и стојам така најмалку 2 саати,сега ја оставам природно да се измрси повеќе пошто сега со коронава дома сум, посекако нема кој да ме види, и се гледа косата расте побрзо и поубава е, но не ја пеглам, само ја сушам со фен.
Мала шала, ама карантинов е одличен период да ја одмориме косата од пеглање фенирање... А можеби и побрз раст