Кој точно го користиш? Мене овој ми фати око, па доколку некој има искуство добро би било да сподели. Ми се смачи веќе со пет влакна коса да се шетам, со чешлање ни од тоа нема ништо да остане.
Ќе пробам чист. Пијам б витамини ама биотин чист не. Тоа е чист б7 витамин, мислам дека овие со назив мулти не бркаат работа толку зошто има од се по малку, но не доволно. Ќе го земам утре, фала ти
По аптекиве веројатно го има, и во полео мислам дека ги имаат Jamieson, а за цена уште не сум проверила.
Јас од него имам користено 2 шишиња и искрено нема никоја разлика меѓу него и шампонот од лук на Афродита.Дури мене лично повеќе ми се допаѓа тој на Афродита а е околу 100 денари.
Шампон од коприва со пантенол и неколку ампули витамин Б, ад капки, исто така можете да нанесете пред спиење рицинусово масло на коренот на косата а на останатиот дел од косата кокосово масло, да преспиете и другиот ден да ја измиете. Сигурно ке има ефекти
Пиење 2л вода на ден. Крај на февруари ја скратив косата(до половина ми беше) негде до средина на гради а сега ми е неколку сантими под гради. Не ставав ништо ни масла,ни се миев со некој шампон за растење и побрзо ми порасна отколку кога користев такви работи.
Дали водата ја нанесуваш пред или после шампонирање? Читав за ова и баш сакав да го пробам, меѓутоа читам различни искуства. За некои водата е премногу агресивна па ја одмиваат, за некои е ок. Каков вид на скалп имаш и какво е твоето искуство?
mene pak kosata mi raste ko nenormalna pre 2 godini bas ova vreme ja isisav kratko do bradata , sega mi e pak do polovinata (iako 3-4 pati vo meguvreme ja kratev po 3-4 cm) ama pak zatoa moram cesto da se farbam i ostetena e od farbanje
Водата ја оставам во тегла 24 часа. Потоа ја ставам во пластично шишенце со прскалка. Ставам прво само регенератор, па после нанесувам од оризовата вода и убаво го масирам скалпот, имам сув скалп иначе. Ја оставам преку ноќ и утрото ја мијам со шампон. Некои ја оставаат и по 5-6 дена ама мириса и е суши косата. Резултат има. 2 пати неделно можеш и повеќе.