http://merz-spezial.rs/proizvodi/merz-spezial-drazeje/#1438183306777-b8242047-7b2b за ретка коса може да помогне ПРП третман ,или вампирската метода со сопствена плазма богата со фактори на раст, која меѓу другото ги стимулира фоликулите на косата,па косата згуснува. исто тинктура со лук помага и за опаѓање ,како и за раст (мада не сум сигурна)Во алкохол ке ставете неколку чешниње лук и да одстои еден месец на сонце,па после да се втрива во скалпот ,но проблемот е миризбата на лук,која се јавува на секое миење дур е мокра косата иако можеби векеподолго не си ја користел тинктурата,а како се суши исчезнува миризбата.
За растењето не се лажете со шампони ве молам, ниту со други препарати. Има врска внесот на витамини, начинот на исхрана и општо начинот на живот. Мене ми расте брзо, не користам ништо за растење. Потстрижувањето е добро за да се обновува, и растењето на пократка коса повеќе се забележува. Важно е да ја одржуваме правилно и да не ја запоставуваме. Океј имам користено спреј од аптека земав со некои билки, не знам дали ми растеше од него побрзо, не е на одмет и да се користи нешто, ама не очекувајте да ви се случи чудо од некој производ. Нај многу се нервирам по групи кога некоја девојка или жена бара совет за побрзо растење и веднаш овие што продаваат од ТианДе, Лимес, Фармаси и ред други во коментари ќе почнат да нудат нешто. Или пак фризерка кога ќе ти препорача нешто да ти продаде од нејзините дистрибутери. Некој си има мака или проблем и тие како хиени трчаат да те убедат и да ти продадат, и нормално ќе поверува оној кој си бара решение за проблемот и ќр очекува некое чудо да се случи, а тоа не оди така..
За жал кадешто има најголеми проблематики кај луѓето (опаѓање на коса, растење на коса, акни, нечисто лице, целулит, стрии и сл.) таму има и најмногу обиди да се заведат луѓето со некои магични рецептури и производи, кои „ќе го решат“ проблемот за многу кратко време. Сигурно има производи кои делуваат, далеку од тоа дека се е лага. Баш за раст на коса, внесот на витамини преку серуми/шампони и сл. преку кожата, може да делува и поефикасно отколку оралниот внес на истите тие витамини. Сепак огромна улога игра како е избалансиран тој производ и треба да се има во предвид дека препаратот е само дел од многу фактори кои влијаат на растот, како што и спомна. Ниту еден препрарат не може да надокнади на пример за прекумерен стрес за време на нашето секојдневие, така што понекогаш и самите доаѓаме до погрешни заклучоци дека не ни делува нешто, а причината за неделувањето да е сосема друга.
Точно така. Мојот сопруг има проблем со опаѓање на коса, му помага миноксидилот од аптека, дури и нова коса му расте, ама тој си го знае коренот на проблемот, знае што го предизвикува тоа опаѓање. Сметам дека за проблеми со коса не постои магичен производ. Баш како што кажа. Се си има влијание и треба да се биде по темелен, а не да се потпираме и осврнуваме само на производи за коса кои некој ќе ни ги препорача.
DIY спреј за зајакнување на коренот: Пантенол течност едно шишенце Глицерин околу 3 лажици Пола ампула витамин Б1 Пола ампула витамин Б6 Пола ампула витамин Б12 10 капки масло од коприва 10 капки АД раствор 2 капки чајно дрво 2 капки пеперминт масло Се ова во прскалка, и вечерта пред миење да се измасира на скалп.
Коприва и чајно дрво имам купено од зегин, а за пеперминт не знам со сигурност можеби имаат и тоа. За цена мислам дека беа околу 200-300 денари.
Ова ми делува добро, ќе го испробам. Ветуваат состојкиве. Ако некој го проба пред мене пишете дали има резултати.
Ова е во суштина што се става во фамозниот шампон за раст од коприва, само што ми нема смисла се ова да купиш и да го измиеш за 2 минути кога шампонираш. Заборавив да напоменам, ако секој ден ја миете косата не значи дека треба цело време да ставате, од прилика би рекла еднаш до два пати неделно може.
Јас од коса до половина, сакав да ја скратам под раменици ама фризеркава ме унакази малце и премногу ме скрати. Во принцип брзо ми расте без ништо да правам, ама сакам сега малце да "убрзам" со процесот па почнав кокосово масло да ставам, само ако некој користи да ми каже колку често се става и по колку време го држите на коса. И дали е поубаво она во маркетите што го има или да купам специјално за коса што го има по аптеките во вид на капки?
Еднаш неделно е доволно,држи го најмалку 1 час а најубаво е да преспиеш со него. Иначе не земај за коса што е туку органско
Еднаш неделно, а можеш да го мешаш и со рицинусово масло. И тоа помага за раст, јас го ставам и на трепки, веѓи. Барем пола час го држи, подобро е подолго, нормално, како имаш време. Потоа се мие најнормално, не останува мрсно. Земи си го на ДМ ако има во твојот град. Ако нема, од Зегин, исто и тие се органски мислам, на Виталиа и Биокосмос.
Каде да го најдам? Подолго време не можам да го начекам. И општо сите типови од шампоните на Биоблас каде ги има?
Шампоните на Биоблас ги има во Зегин, а овој конкретно и јас го немам подолго време, порано го користев и многу ми одговараше...Ако го има некој видено нека пише
Можеби,малку е банално,но јас ова го правам и има напредок на мојата коса,т.е. веднаш ми расти. Ставам маска на коса со јајце и алое вера природната маска на Авон.И косата ми е поубава и побрзо расти.
Јас ставам на косата јајце изматено и кавесец половина ако е коцка а ско е сув треба да нарасне и така да го ставете јас пробав и има резултати само што треба повеќе пати да и ставите шампон
Јас го чував 30 мин можеш и 1 час ако сакаш но заборавив да кажам можеш и да ставиш рицинисово масло и сето зависи колкава ти е косата ка ставив две јајца ако ти е помала едно јајце