Да тој е, ОД БИО-АС е нарачан и е 470.00 денари, не знам зошто кај вас пишува 290? И една колешка од работа го користи, ептен и се обнови косата за 5-6 месеци. Јас го користам ама наизменично со Head&Shoulders Menthol, зашто многу ми прави првут, а косава ептен ми паѓа...:/
Стандард после 3-4 дена ми се мрси, ама на 2от ден имам мноооогу првут. првите 2 дена многу е чиста и лесна за обликување. Често ја пеглав, зашто имам прекршена коса, а од ово шампон само ја сушам со фен и малку ја фенирам со четка, и преубо стои, првиот ден е преуба, ама имам проблем со првут :/
И јас го имам истиов проблем ,затоа го користев Х&Ш против првут и од тогаш ми испаѓа косата ,пола коса ми падна а имав до кај задников ,и сега ја ошишав до кај брадата ич не ми стои али тоа е Користам шампон од коприва, но првут колку сакаш и ги пијам таблетите мерц ....мене пред мн години ми дадоа дијагноза себореја но ги исфрлив сите тие работи што предизвикуваа себорејаата ,пев природни чаеви но последнава година повторно ми се појави ...престани да го користиш Х&Ш ќе ти паѓа повеќе косата , а првутов нз како да го решиме
За првутот да мачкате масло, пишале погоре чичково, кокосово. Првут се појавува како логична последица на сува кожа, бар мене ми е логично @Justicija @Ygritte
Пишат на претходната страна. Барем пола саат. Ама некое полесно масло, јас лично само Бадемово имам пробано и да речеме ок е, рицинусово на пример ми се чини многу тешко и леплива, ризик ми е. Баш ќе купам кокосово да видам дали ќе ми фати око. Само аман, не користи ХШ, јас што имам прилично нормално теме, од тој шампон првут имам фатено. Уствари најдобро не користи никаков шампон кој тврди дека е против првут.
Да да, Х&Ш е агресивен шампон и јас не го препорачувам да го користат тие со слаба коса , и специфичен скалп , јас го користев против првут 60 % од косата ми падна Ќе пробам со кокосово и ќе пишам за резултати тука Фала за инфото
Ej zdravo, jas pisav i vo nekoi drugi temi, pa da spodelam moe iskustvo. Novi vlakna mi porasnaa od zelatin maska. Kesenceto go rastvaram so voda, se mackam na skalpot i se izmivam so sampon, toa go pravam pred sekoe mienje. Isto funkcionra i belka od jajce i kvasec, dali zaedno ili sekoe posebno isto se fakja. Isto taka vo samponot si staviv zelatin kesicka, malku rastvorena so flasirana voda i za dve nedeli ke ima nova kosa. Ne prestanuvajte so maskata se dodeka ne ste sigurni za gustinata. Ne e loso da si napravite fotografija od pred i posle Probuvav so masla i sto se ne. Kokosovoto maslo ja susi kosata, toa spaga vo tvrdi masla i ima takvo svojstvo, pa zatoa vi preporacuvam da go mesate so nekoe drugo kako cickovo, ricinusovo...ili zelatin! Haha Srekjno!
Ако го купуваш од тука, најди некој од Америка што ќе ти го донесе. 6-7 долари е литар таму. Може и негде низ Европа го има за ниска цена. Тука е прескап.
Знам, другарка уште пред 10 години работеше таму, го користеше и си носеше. И тогаш ми го збореше колку бил добар. Ама сега со короништево, се е укочено. Како и да е, ги менувам на неколку месеци, или овој или Биоксин форте. Ми се навикнува косата и се мрси многу брзо.
Јас подолго од 1 година го немам сменето и дефинитивно ми е најдобар до сега. И со регенераторот се добра комбинација.
Верувам. Јас користам регенератор на creightons, исто е супер и е многу поевтин. Двата да ги земам, не иде во прилог на мојот џеб
Нешто што стварно ви помогнало за растење на нови влакна? Имав густа коса, но веќе ја немам Пијам витамини и должината не расте премногу но доволно колку што сакам. Единствено ми остана да успеам со нешто и да ми растат нови влакна и конечно да се видам со густа убава коса.