Земете си шампон од коприва од Афродита 1л, ставете внатре пантенол раствор од 120мл пола шишенце, АД капки пола шишенце, чичково масло пола шишенце и по 2 ампули Б1, Б6 и Б12. Јас шампонов го користев кога бев средно и од боб фризура ми се чини, ми порасна косата до половина грб за многу брзо време. За само месец дена имаше значителни резултати. Сега ќе го пробам пак.
https://zdravokosa.com/lookoil/ Сите варијации на маската со лук и кромид се за раст на коса. Јас употребувам многу рецепти за маски од тука и сум многу задоволна. Секако после ваква маска ви треба испирање со чај и било каков оцет, иначе многу мириса Ама ефекти има одма.
Па да ти кажам искрено почнав два три пати се измив но периодов таков ми беше косава многу ми паѓаше па зедов еден друг за опаѓање кога ќе престани опаѓањево планирам да продолжам
Дали некој го пробал шампонов? Дали делува за побрз раст на косата? Го има во ДМ 600 и нешто денари е.
Секако. Ставаш ориз во вода, оставаш неколку часа да отстои и после ја полниш во шишенце со пумпица да можеш да прскаш. Ја прскаш косата, најубаво навечер, да можеш да спиеш со неа и утрото ја миеш. (колку повеќе часа стои толку подобар ефект) Оваа постапка 2-3 пати секоја недела дур не видиш ефект.
Ако имаш тенко влакно многу ќе ти е крута и тешка за чешлање. Јас го имав едвај чекав да го потрошам а и не видов мн разлика во растењето
Кромид на коса пробав само два пати и тоа во една недела, бидејки сум плава и ми расте црн корен гледам колку расте како да пораснала повеќе но со велам да не си замислувам.. сигурна си дека помага? Да продолжам??
Мене ми помага многу, јас и еднаш до два пати месечно го правам и пилингот на скалпот со шеќер, и тоа ми помага многу со оглед на тоа дека си имам проблеми со скалпот.
Јас да се самоцитирам, си го направив шампонот само наместо пола шишенце АД капки ставив цело и може и од маслото и пантенолот да истурив по грешка малку повеќе. После шампонот си нанесувам регенератор од авокадо од Алверде. Луѓе, косава ми расте како луда, после само неколку пати нанесување, андеркатот ми е значително пораснат а и остатокот од косата. Не е природен шампонов воопшто но за растење му нема рамен.
Јас пред 5-6 години пробував со кромид го насецкав на коцки ситни и триев на скалпот , да ми мирисаше косата но луѓе како ми растеше од тогаш како луда се чудев ама ми беше после напорно цели парчиња додека ги извадам од коса ( сепак за тоа треба нерви )
И јас сакам да направам само дали е доволно 3 пати недлено да ја мијам косата со шампонов за брз резултат или не?
Мене многу ми помагат чичково и бадемово масло. Мин еднаш во неделата си ставам од двете и го држам зависно колку сум слободна. Најчесто 2 саати, а некогаш и повеќе