Веќе некое време го користам шампонот и серумот на Еуцерин за регенерација на косата. Ме фати страв кога видов одредени делови каде влакното е изретчено, сега скоро и да не се гледа. Дава екстра волумен и имам чудни бебешки влакна на места каде не треба ни коса да има. Инаку мене ми расте екстремно брзо, но највеќе се нервирам за густината. Сега некако и кај патецот ми се згусна. Ќе продолжам да го користам, презадоволна сум. А и не ми го иритира воопшто скалпот со оглед дека е доста сензитивен на секаков можен шампон.
Јас имам пробано и искрено делува. Но верувај од шампонот од лук од доктор Туна КОСАТА РАСТЕ ПРЕБРЗО многу сум задоволна од тој шампон
Шампонот од коприва со ампули во него повеќе се користи за против опаѓање на коса мајка ми стави неколку посебни масла плус, ако те интересира подетално ке ти кажам
Дали некој користел масло од јојоба за раст на веѓи. Веќе една недела користам рицинусово, но не гледам некоја разлика, местата кои ми се изретчени сеуште немаат влакна. Барем надеж да ми даде да продолжам. Сакам да го пробам и јојоба маслото, гледам го продаваат по продавнициве за здрава исхрана, па ме интересираше дали има некој искуство со истото?
Искрено, немам слушнато за јојобата дека конкретно помага за раст на влакна. А за рицинусовото сепак е потребно повеќе време. Другарка ми го користеше почесто и ми кажа дека и се пополниле празните места на веѓите и и се згуснале исто. Освен рицинусово можеш да пробаш и со чичково масло, но најубаво земи го чисто без никакви додатоци, и тоа помага за раст, јас го имам ставено во шампон.
Дечки, 2021 пишувам, но и јас ја скратив косава само поради пеглање и ми беше многу оштетена. Рицино масло е лекот, го нанесуваш на влажна коса, го ставаш и чекаш 30 минути да ти отстои и потоа ја миеш косата, за 3/4 нефели косата ми порасна и ми се обнови, пресреќна сум да ви кажам.
Да, на коренот и на врвовите доле, бидејќи е малку мрсно, па да не ви ја мрси премногу косата по мала количина се става