Може мене ? Инаку мене за побрзо растење доста ми помага б комплекс. Во било кој шампон ставам на пола литар шампон 15 апчиња б комплекс истолчени ,па пред секое миење го протресувам и мијам ,секогаш имало ефект.
Офф, на sensilis ја користам, бело е пакувањето има некоја кремова и сива боја од страните и пишува рицинусово масло. Само кажи ја фирмата sensilis. еве вака ако може
Може ли некој да ми препорача шампон без сулфати и силикони? Од скоро почнав да користам пантенол на косата,па некој што има искуство со пантенолот ако може да ми каже после колку време прекинува да ја суши и корави косата? Дали некој има искуство со користење на витамините б(ампули) во рицинусово масло наместо во шампон и да преспие со тоа?Пологично ми е да има поголем ефект ако се остави на косата повеќе време бидејќи шампонот веднаш го плакниме,но страв ми е да не има некои негативни ефекти на косата
Пантенолот чист нанесен на коса ја суши косата. Ама можеш ако сакаш да ставиш пола шишенце со АД капки и Б витамин ампули и малку чичково масло во поголема количина убав шампон ако ти е за раст на коса. И после стави си убав регенератор - ќе ти го препорачам од Алверде со авокадо. За шампон без силикони и сулфати исто ќе ти препорачам некој од Алверде, мислам дека некои од нив имаат сулфати но дека се убаво избалансирани формулите и ублажени се со други состојки не се толку груби на косата. Исто би ти рекла да си земеш биотин од диетфарм, има 30 таблети и треба да го пиеш 3-4 месеци, има ефект за косата, кожа и нокти.
Вит. Б комплекс. Од кога почнав да ги пијам редовно, забележувам дека косата ми е многу по густа од претходно и имам нови бебешки влакна. Исто сестра ми на корен нанесуваше масло од рицинус, ги масираше корењата и оставаше да одстои.
Здраво ! Јас сум нова членка. Сакам да споделам искуство со вас и воедно да добијам и совет. Јас имам коса која не е виткана ниту права од прва година почнав да се пеглам еднаш во месецот и поради тоа не можев да ја пуштам косата да ми порасне бидејќи ми беше оштетена. Минатата година решив да ја оставам пеглата а по неколку месеци и фенот. Главниот мој проблем е што ми паѓаше косата, ми се проретчи но не многу. Почнав да го користам шампонот dr tuna од Farmasi од лук тој што е со едни капки од коприва. Косата престана да ми паѓа и ми порасна до половина, ми паѓа но не како порано сега ми паѓа нормално по 20-30 влакна на ден дали и толку има зависи од денот. ( пред да го користам шампонов кога се бањав цела дланка ми паѓаше коса)... Е сега еден проблем решив но овој шампон ми прави перут и исто така сакам да имам густа коса, не многу но погуста од ова што го имам сега. Се немам фарбано ниту користам фен и пегла и косата сега за сега не ми е оштетена. Дали имате некое решение за перут и згуснување на коса? *ПС Имав мн сува коса пошто го користев ефтиниот шампон од коприва од алкалоид, од кога хо користам овој од фармаси и чичково масло ми стана мека косата и сјајна веќе не е сува... препорака до вас е да ги користите овие не се мн скапи, но ефект ќе видите само доколку вие лично ги користите (доколу и некој друг се бања за брзо ќе се потроши шампонот и нема да има ефект) јас ефектот го випов по месец ипол... Дали некој го има користено црниот шампон на syoss?
Здраво девојки Сакам да ве прашам за мислење. Низ интернетот многу читав за водата која што се прави со ориз искрено и јас незнам како мислам дека отсторјува се вари и слично. Читав дека има задоволни девојки но се уште не сум пробала. Сакав да слушнам и ваше мислење. Дали некој има слушнато за ова или пак да има пробано?
@LazzyyMM обично таквата коса (ни права, ни виткана) ја оставаш како што си е природна бидејќи може само штета да се направи.. (имам пишувано во друга тема како да се витка со лента за коса, а да не се оштети). Имаше една црвена течност од аптека против првут (не ми текнува на името). За волумен исто има еден шампон кој сум го користела. Спојлер
Јас имам пробано два месеци но неможам да кажам дека имав ефект... веројатно треба да се користи подолг временски период пример 6 месеци
Повеќето од кокосовите масла во тегличка се органски ладно цедени природни масла, а оние течните не се ни масла туку течен парафин или слични мешавини, си пишува и во нивниот состав. Јас го користам она на виталија, го има насекаде, аптеки, маркети, дрогерии.