ТЕРМО-АКИВЕН КОМПЛЕКС ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА РАСТЕЊЕТО НА КОСАТА Доминантниот екстракт од лути “чили” пиперчиња помага да се елиминира вишокот себум од скалпот и го стимулира расте-њето на косата. Дополнителните 15 растителни екстракти ви-тамини и минерали ја прават оваа ампула незамен лива за зајакнување на косата и подобрување на состојбата на оштетената коса. ОПИС Збогатен со црвен екстракт од лута пиперка, кој помага да се отстрани вишокот на себум од скалпот и го стимулира процесот на раст на косата. Поради 15 растителни екстракти, витамини и минерали, овој производ ја зајакнува и враќа оштетената коса. КАКО ДА СЕ КОРИСТИ? Нанесете една ампула со нежни движења на масажа на скалпот. Оставете да делува 30-40 минути, а потоа измијте ја косата со вашиот секојдневен шампон. За најдобри резултати, користете 1-2 пати неделно за 2-3 месеци. Чувството на топлина и / или пецкање е нормално Ги видов овие ампули на торба.мк и ми фатија око. Цената им е 295 денари. Ако некој ги има користено нека сподели искуство
Ставете ориз во вода и мешајте додека водата не добие млечна боја, после секој ден прскајте се со таа вода и нека стои по час два и мијте ја. Има ефект
Здраво Дали некоја од Вас ги има користено овие таблети, ефект, искуства.. Мене ми требаат за опаѓање на коса после породувањето некаде од 3м почна да ми опаѓа но не со голем интензитет Поздрав
Од овој бренд јас ги користам магнеизумот. Аптекарката ми ги пофали како одлични по состав плус за бремени. Ептен сум задоволна од нив.... Верувам дека цела линија им е таква... Сепак кога се работи за опаѓање на коса по породување мислам дека никако не може да се делува освен додека телото само не го надмине тој процес (јас се пробав по првото породување ама без успех). Кога ќе се стабилизираат хормоните и тој дел треба да се стабилизира....
Здраво феминки, дали некој од вас може да ми препорача некој продукт или некакви домашни маски било што за многу суви и испукани врвови?
Здраво дали некоја има искуство со овие таблети за раст на косата? https://www.google.com/search?q=ski...ThDeMQ_AUoAXoECAIQAQ&biw=412&bih=776&dpr=2.63
Здраво денес го направив шампонот од коприва со витамимите и на првата употреба имав чешање и печење на скалпот. Дали е то нормално? Или можеби премногу е јак за мојата кожа? Да ставам повеќе шампон?
Кладов ампула од коприва во зегин ми го понудија тоа за шампонот како замена, ад капки 30мл, пантенол раствор 100мл, рициново масло цело шишенце 50мл, ампули Б6 и Б12
Лани ова време се потшишав до уши, она машка фризура не знам како да објаснам, сеа ми е до рамена а сакам побрзо да порасне. Сакам некои препарати да купам ама многу ми се мрсни па страв ми е да не стане помрсна
Пантенолот го суши скалпот, од него ти е. Не се става цело шише, 100мл е многу. Со вакви принаправени комбинации треба да си внимателен, не се става сешто во неограничени количини.
Kade mozam da najdam arganovo maslo? btw imam suvo vlakno epten i samo masloto me spasuva... do sega arganovo nemam koristeno... a od maslovo mi osvetlr kosata barav vo apteki nemaat