Фалати многу, јасно и убаво објаснето. Ќе почнам и јас да го практикувам ова. *Да те прашам уште ова: дали ја покриваш чашата преку ноќ со нешто, или си стои најнормално?
Прочитав дека со пиење пивски квасец таблети косата и ноктите растеле побрзо. Дали некој има искуство со тие таблети? Ако има нешто побрзо за да порасне косата, секој совет е добредојден.. До мај следната година морам да ја пораснам косата барем до под раменици...
Користи рицинусово масло, до мај ќе има резултат од него дефинитивно. А, за пивскиот квасец јас имам слушнато дека го земаат за здебелување тие што убаво си јадат, а никако не можат да покачат во килажа. Сепак, ако знае некоја подобро, нека ме поправи
Jas gi pijam veke cela godina i tocno e deka kosata i noktite rastat pobrzo. Od zegin gi zemav. Samo da zabelezam deka najverojatno meseto raste od niv.
Да, но го зголемуваат и апетитот. Инаку во шампон од коприва стави ампули витамин б 6 и 12, пантенол, вит ц и користи го, ќе забележиш раст. Дали баш до мај ќе ти порасне колку што сакаш не знам, но значително влијае на растот.
Јас ги пиев таблетите и кај мене немаше никаков ефект. Го користев шампонот и маската од тианде ама ми беа скапи и престанав да ги користам,од поодамна имам прочитано исто на сајтов за еден начин и од тој ми расте косата доста брзо а и поефтин ми е најискрено. Ако сакате ќе ви го пишам па може ќе имате ефект
Сум заборавила да пишам, а ветив Ја пробав и мене ми се допаѓа. Преубаво мириса и ја прави косата ептен мека, слично како шампонот. Не знам дали е до шампонот или до маската ама имам првут доста ама не е прв пат да ми се случува тоа од шампонот. Кога правам пауза па после пак почнам да го користам шампонот, секогаш првиот месец, два од употребата имам првут. Не знам дали тоа значи дека не ми одговара. А инаку после користењето топ ми е косата и мека и чиста и се.
Ти благодарам многу за одговорот. Во план сум да ги земам пак и шампонот и маската. И мислам дека ќе ги земам. Ќе споделам и јас искуства после тоа, па ќе можам и повеќе да ти кажам околу тоа со првутот. Тогаш, додека го користев немаше првут, ама многу забележав раст на косата. Дури и луѓе околу мене ме заприметуваа дека пораснала косата. Инаку, знам дека од поблагите шампони се прави првут. А, може и не треба да правиш пауза од овој шампон. Да го покористам и јас неколку миења и после ќе ти кажам поверодостојно мислење
Здраво, што ќе ми препорачате за густа коса и побрз раст. Имам ретка коса и многу споро ми расте. Некој шампон нешто ? Дали имате искуство со овој шампон ?
Јас користам масла исто и тоа редовно еднаш неделно со месеци.. Кога ги измивам прво целата коса ја мачкам со било каков евтин регенератор потоа плакнам и ја мијам стандардно со шампон и се остало. Користам благ шампон на Балеа и по потреба ја мијам повеќе од 2 пати, мислам дека косата ти е сува баш поради шампонот. Head&shoulders шампоните се штетни и баш не ми праат ќеиф состојките..
Дали некоја од вас има позитивни искуства со користење оризова вода?Доколку да, колку често треба да се практикува?
Маска и шампон од лук на Фармаси . И за мојава бедна коса се најде решение КОНЕЧНО . Господ здравје да им даде на тие што ги формулирале , и на мајка ми што ми го препорача . После 10 години , повторно имам некоја нормална коса . Зборувам за густина . Ќелава бев буквално . Сега ми е супер , добив на густина , си ја земав и маската неодамна и не планирам да го менувам веќе . Ќе се наоружам со неколку пакувања на следниот попуст , да си имам барем 6 месеци ( со две недели пауза од шише до шише , за да не се презасити скалпот ) .
Здраво девојки,дали имате искуство со овој шампон и регенератор? Ги препорачуваат за побрз раст на косата.