Џабе е се. И добро и лошо. Можда моево е повеќе за психологија ама ете ми дојде тука да си ја кажам маката. Не знам како да се убедиме дека секој човек има различен вкус за се.
Немој да си ставаш при срце, прави ти како што мислиш, немај кавги само кажи и добро. Сепак си возрасна и сама знаеш што е најдобро за тебе
Знае цел ден да ми е лута ако направам некои нокти што на неа не и се свиѓаат. А не пак за др ствари. Јас си знам, сакам јас да си се сакам пред се. Јас се мразев со кратка коса и секогаш во репче ја носев за да не се приметува дека е кратка. Ете ја послушав ама не се осеќав сама убаво. Почнав и од темава да применувам некои совети како да ми порасне косата. Виде дека се правам за долга коса да имам и сега не ми збори до тој степен.Уште ми рече до каде планираш да ја пушташ. До земја? Ама беше као посмирена овој пат. Можда почна да сфаќа дека си се сакам вака, што знам.
Е не ми е јасно..... А д апочнеш да и збориш и ти така Пр. Планираш да излезеш некогаш од гадниве тренерки? (Лупам појма неам што носи,врз основа на тоа што те тера ти да носиш пишав) Се како што ти пеаи она да и праиш и ти на неа...
Верувај дека сум се обидела и со тоа. Еднаш ја наместив да каже дека не и се свиѓа една јакна и сакав да ја натерам да ја купи. Не сакаше жената. Ми вика не е мој стил јакната. И тогаш и реков гледаш како е некој да ти се меша во стилот? И си продолжи по старо.. Затоа и совет барам, не знам, со се се обидов..
Мајка ти извини вака ама не е баш добра ако не ти збори доколку не ѝ се свиѓа некоја промена во твојот изглед. Престани и ти да ѝ збориш, само доколку е неопходно.
Со ова сакаш да кажеш дека добро ми мисли? Океј да, сепак е мајка. Ама се трудам да и кажам дека сите сме различни.
Терај си по твое неможе цел живот да не ти збори.. Немам коментар едноставно за понашањето на мајка ти ..
Па така имаш напишано. Не е добра ако не збори дека не и се свиѓа нешто.Сакаш да кажеш дека искрено мисли за мое добро. Не значи дека ако ме лажно ме поддржува во се ќе биде подобро. Не мислам дека јас не ги капирам стварите. Исправи ме ако грешам.
Извини не сум се изразила добро, пишав ако не ти збори во смисла ако ти е лута и не ти збори, ти самата напиша дека по цел ден ти е лута заради нокти.
Хелоу Гледам на интернет по тик ток кружи едно видео како од оризова вода да ти порасне косата Па сакав да прашам дали некој го пробал ова и дали стварно има ефект?
За тоа не сум чула али фитовал шампонот беше врв. Од темава го дознав само го побарав во повеќе аптеки и го нема веќе. Една ми рече две години веќе не го продаваме. Али со тој се прави паузи затоа не знаев дека веќе го нема. Верувај дека јас скоро сите совети ги применив од темава и тој шампон највеќе ми помогна. Побарај го некаде и види дали ќе го најдеш па пиши ми.
И јас користам шампон лимес и предобар е разликата може да сд види за 2 месеца користење али сакав нешо вака природно. Сепак фала ако успеам да го најдам шампонов некаде супер би било
И не и ставај се на косата можеш и првут да и направиш. Ова од искуство. Прочитав тука сол да и ставам на косата и после ме чешаше Тоа е пуста желба за долга коса…
Јас ги имам користено и двата и подеднакво сум задоволна. Првичната причина ми беше скршеница на стапалото, почнав со говедски и дури по една доза имав значителни позитивни резултати, а притоа ми се намали и болка во колено која со години ја имам како последица од повреда. Друго што приметив е брз раст на ноктите,цврстина и посебно раст на косата. Прочитај повеќе на линкот за разликите меѓу говедски и рибен, ќе ти биде од помош. Кој и да го земеш нема да погрешиш https://dimas.mk/fakti-za-kolagenot/
Здраво, Јас и овде да прашам нешто Ќе ги тагнам @Legally_Blonde и @wannaBeMomma дека ги читав за Root awakener. Пишав во другата тема дека се " направив "плавуша, ама изгоренаD Прееска од ДМ земав кокосово масло и маската од Алверде. Ве читав за шампонот на Пантен Go Longer, ама го немаше. Го видов спрејот Root awakwner, ама не го земав. Шампонот го немаше во ДМ. Е сега сакав да ве прашам. Колку пати ставате од маската на Alverde и од кокосовото масло ?! И од Root awakener, колку пати се користи неделно ?! Бидејќи ве прочитав дека имало ефект ? Се извинувам на прашањава, ама не користев премногу производи за коса, но сега морам ,за да ја потсетам, бидејќи врвовите ми се доста изгорени. Секако и ќе ја скратам малку деновиве
Јас ефект не видов. Исто ми растеше. На секое миење го ставав на мокра коса и сушев. И корне на алкохол.