Скрати ја косата што ти е оштетена, и пред миење држи ја косата во кокосово масло тоа од тегличка што е,најмалку еден час, држи, јас го ставав преку ден, два затоа што на толку ја миев косата. Кога ќе се подоправи доволно е и еднаш неделно. Мислам дека од мене немаше пооштетена коса ја имав правено ондулација, косата ми беше метла. Само со кокосово масло ја оправив.Ама треба упорност, ќе видеш ефект за 3,4 месеца ама продолжи да ставаш. Доколку сакаш за раст во шампонот стави си б витамини, б1, б6 и б12, пантенол и ампула од коприва. Мајка ми последните години стигна до коса до половина, ептен што често ја крати инаку цел живот беше со коса до раменици. Од ова најмногу ефект кај нас имало. Велат дека и од Мерц шампонот расте, мене брзо ми расте ама јас кога го користев не видов некој посебен ефект освен што лупнав 500 ден за мало шише шампон. Користи помалку агресивни шампони, на Белина на страната има органски голем избор, само гледај да не е за сува коса или мрсен скалп, уште повеќе ќе ти ја досуши косата. Ова од искуство, кога и да земев шампон за мрсен скалп имав метла коса со уште повеќе мрсен скалп а надолу ми беше барут сува, како овие сламените метли
Јас купив од ДМ кокосово масло на Балеа, ама не стасав уда го употребам. Верувај, страв ми е да ја мијам косата дека ми паѓа плус. За кокосовото на Балеа прочитав овде и го купив, ама ќе го земам и она од тегличка . Ќе ставам од него , бидејќи секаде прочитав дека е многу добро. Од путерот на Алверде ставив еднаш , па ќе видиме. Не стасав да одам да се шишам . А сега баш имав добра должина , ама ќе морам да ја скратам. Користам сега шампон на Биоксин против опаѓање, спреј Ревлон 10 во 1. Мислев да купам обичен шампон од бреза, да користам и тоа.
Сама си го правиш. Клаваш во тенџерче 2 лажици ленено семе и 2 чаши вода или 1ипол ако ти изгледа доволно. Чекаш да почни водата да врие и откако ќе почни да врие мешаш 5 минути и намалваш на пониска температура.Одма од ко ќе го тргниш тенџерето исцедиго во некој сад оти после ако се олади тешко се оделуваат семките. Го оставаш така исцедено во садот да подолади(треба да се напрај како гел) ,можиш да му ставишмасла(јас ставам рицинусово и арганово). После го ставаш на косата и можиш да си ставиш и најлон. Го оставаш околу 1 час и си ја миеш косата како и стално. После третманот косата е преееемека и преуба, а имам приметено и дека ми помага со растот и со опаѓањето.
За 7 месеци 13cm, овие месеци користев кокосово масло(го масирав скалпот и држев 2-3 часа), шампон Афродита од лук(престанав да го користам во март зашто ми створи првут), моментално користам шампон од коприва на Херба(најголема разлика приметив од кога почнав со овој шампон). И редовно користење на спреј за заштита од топлина како и капки од арганово масло(речиси секој ден после чешлање на косата).
Го пробав пред 10тина дена (од тука прочитав од тебе), многу убаво ми дојде, даде сјај и мекост. Само што го направив пак да ставам и денес Денес и Алое ќе додадам (директ цедено тазе). Јас од кога ми паѓаше како луда користам масла (чичково, ореово, рицинусово, кокосово), стандард не спијам со врзана, користам спреј за заштита (на Балеа), некои природни маски чат пат (со ленено, со јајце, со маслиново, мед, што најдам на нет тоа) И косава полуде, по 2цм во месец ми расте (дека се фарбам темна бакарна и така во коренот приметувам дека се 2цм).
Колку често ставаш масло? И отприлика после колку време ти се опорави? Јас ставам повеќе од месец дена кокосово, масло од репка и ампули од ДМ, па се надевам ќе видам и јас резултати.
Polnoletna si ,ako ti se mesaat za kosa togas i za se drugo.I jas imam takva majka me mestese po kosa i obleka pred sekoe izleguvanje,ubava da bidam.,Ako ne pokazes zabi cel zivot, ke bide toj film duri i deca i maz koga bi imala,mislam samostojna koga ke bides i nezavisna ,.i nema ziveete zaedno..Jas pokazav ,koga staviv tetovaza epetn mala ke se seknese.Moj zivot-moe telo,eden e.
Хахахаха фали уште тетоважа да си ставам и да си барам друга планета за живеење А тоа го посакував превише и се имам и за тоа карано. Тоа па ич. Сум правела со кна тетоважа и жената срце ќе ја фатеше зашто мислеше дека е трајна. Така да, види си сега што мака си имам…
Според моето искуство, мислам дека ништо од козметиката не помогнало да ми расте косата... Можеби помогна, но малку. Откако почнав да се хранам поздраво, мојата коса почна брзо да расте. Не земав вештачки витамини, туку барав витамини во овошјето и зеленчукот. И не се работи само за овошјето и зеленчукот, важно е и колку вода пиете. Ако тревата ја вадиш со фанта или кока кола, ќе порасне ли? Нема да порасне. Значи, само вода. Исто така, пијте и чај од коприва доколку имате. Не верувам дека ова ќе биде од корист, но шампон од коприва или шампоните на косили се многу добри за косата, така што не би било лошо и тие да ги испробате за да ви порасне косата. Користев на косили, но после го сменив, сега користам шампон од коприва. Не е многу скап, 50 и нешто денари е, а шампон од 1 литар е. Мене ми порасна косата до лопатките. *Не само што ми порасна косата, туку е и неоштетена. Се оштетува само на врвовите, по 1 сантиметар. Можеби затоа што не ја сушев со фен, туку ја сушев со крпа, па кога ќе ја симнав влагата на околу 90%, накратко ќе ја дував со фен. Сега летово не ja сушам косата со фен.
Мене ми помогна кокосовото масло, косата ми беше многу убава али таман пркна малку да расте и стомакот до заби ми дојде, неможам веќе ни шампон да измијам а не па масло