Јас купив од аптека и кокосово и рицинусово. Пред капење нанесувам рицинусово на корен масирам, а кокосово на врвовите, оставам да отстои некој саат и убаво мијам со шампон. Некогаш и оставам преку цела вечер да отстои. За ефект не знам уште, рано е да кажам.
По социјалниве мрежи гледам жени советуваат при миење на косата само коренот да се измива со шампон. За да не се суши и да не се кине влакното, надоле само регенератор и маска. И многууу масло. Пред капење, пред спиење. Моментално користам кокосово, арганово и рициново, пред некој ден ја скратив неколку цм и сега само чекам магијата да почне да делува
Се надевам. Паралелно користам и на трепки и веѓи и можам да кажам дека забележав резултат многу брзо
Рицинусово. Истураш малку на раката и на коренот го триеш. Можеш и на врвовите да го користиш, ако имаш сува коса. И го оставаш неколку саати, еднаш неделно и ја миеш косата два пати со шампон.
Експериментирав со тоа, пробај види, може да ти одговара а може и не. Ја задржува влажноста и ја прави тешка, од др страна пак како да ми ја оштети, страшно почна да се плетка неможев да ја чешлам.
Имам пробано ама не знам дали правилно ја користам и подготвувам. Сварен ориз да отстои ја цедам водата и ја плакнам косата. Па ја мијам после тоа. Некој викаат да се исплакне после капење други пред. А инаку убава ми ја прави мека, свилена. Да ви кажам дека масло на коса стварно помага, рицинусово и имам едно мое што сама си го направив ставам секој втор ден или преспивам или 2 3 саати да отстои. Косата ми е погуста и има убав сјај и исто за веѓи и трепки од рицинусово видов многу добар резултат. Пробајте
Сама си го направив јас, рузмарин стави еден ден на сонце да се исуши, па исушените гранчиња во маслиново масло се ставаат да стојат околу 40 дена на светлина.
Оризовата вода е протеински третман. Нашата коса е изградена од кератин, вид на протеин. Протеинските третмани многу помагаат на оштетена коса. Доколку имаш здрава коса, не треба да правиш протеински повеќе од еднаш во 2 недели. Доколку нешто утнеш со оризовата вода, ставаш маска за хидретација.
Имав едно дома од Алверде, од авокадо мислам. Се става на сува коса ама бидејќи премногу ми ја мрсеше косата престанав да ставам. Му додадов омега, витамин Д и витамин Б и така го користам сега, пред капење.