Тоа од Алверде со авокадо се става по миење на косата и доволно е малку да ставиш на краевите. Мене ми ја прави косата преубава
Да знам ама кај мене не функционираше така. Ми ја мрсеше колку малку и да ставам косата катастрофа ми беше.
Здравоо, јас сум новозачленета тука и искрено ми е многу мило. Во врска со раст на косата, јас тој проблем го решив со "најефтин" лек ако можам така да го наречам. Се работи за Хининова вода, јас ја земам од Бугарија но може и тука да се најде, толку е ефтино, сега веројатно малку поскапено но некои си 100 денари. Мене ми помогна многу, за две недели (зависно колку често ја миеш косата) забележив раст. Се нанесува на скалп со блага масажа на истиот додека косата е водена и се чека некои си 10 минутки и потоа можеш да ја исушиш. Btw имам 42 кг, и поради брзо намалување на килажа (тоа ми е проблем секогаш) ми опаѓа екстремно дури и страшно е кога гледам, но со водичкава забележав и нови бебешки што значи и ќе ти ја згусне. Позз
На фб има страна што продаваат пишете на интернет хининова вода ќе ви излезе или на фб пишете Хинин нега на коса така се вика страната
Некој да ми каже како се користат ампулите за коса со Арган? Од Дм земав една дали се става во шампон дали директ на коса или можам со масло да ја помешам?
Де бе, дечки. Кај ги наоѓате овие сомнителни страни. Се знае што е шампон. Од продавница, испитано. Сега прашуваш дали има опаѓање на коса. Не е сигурно. Ти гарнтира некој за состојките и за квалитетот? Не.
И од тие од продавница може да ти падне косата и од овие може. Не е до производите до нас е , ако делува кај мене позитивно може кај тебе да биде негативно така да додека не пробаш нема да знаеш. Јас последниов месец нема што не ставив на глава , се што прочитав и имам позитивен резултат, така да ..
A ovie ampuli za rast gi ima nekoj koristeno ? Iskustvo so ovie samponi na olival,dali navistina raste i se zgusnuva kosata od prviot sampon
А да си земеш масло од рицинус и рузмариново? Јас за тоа можам да ти кажам дека помага 100%. Стави пред капење на корени и по должина на косата и остави барем 1 саат. Неколку пати неделно. Ваква коса во живот не сум имала, а фарбана ми е,изгорена пепел ми беше.
Користам рицинусово веќе 4 месеци, косата кога ќе се исуши после миење ми е мрсна и нагло почна да ми опаѓа незнам дали е од него
Можеби си алергична. И ако косата ти е мрсна, не ја миеш добро. Најди добар шампон и секогаш миј ја два пати.