Не сакам да сум офф топик и да мудрувам! Ама за прашањето за рицинусово масло и ампулите, е поставено 1000 пати и 1000 пати одговорено! Затоа ако имате прашања, прво прочитајте ја темата, па после ако нема одговор на такво прашање, поставувајте! Вака темата се врти околу едно исто! Поззззз и секое добро
Скарлет знам дека ова го напиша добронамерно :up: Ама ја имам прелистено цела тема и има многу постови каде што некои девојки велат дека рицинусово масло се нанесува на врвовите,а дурги на скалпот...Знам дека треба на скалпот затоа си прашав дали трба и на врвовите.А ова за ампулите го прашав бидејќи не пишува досега......Соррии на офф Инаку си се снајдов со ампулите...одвај
Ќе си купиш: шприц, игла и дестилирана вода (малку ќе те гледаат сумњиво аптекарките) Скрши ја водичката и вовлечи ја во шприцот. Скрши ја б-комплекс ампулата и истури ја водичката внатре. Ќе добиеш жолта течност во ампулата. Вовлечи ја со шприцот и додај ја во шампонот =)
E sega vaka , ne se potrebni ama bas nikakvi hemiski preparati nitu maski a najmalku caevi i tableti za kosata da vi porasne pobrzo... ima samo dve taktitki i ke zabelezite golem rezulatat : 1 . koga ja miete kosata so sampon bavno vo krug trijte gi korenjata na kosata , odnosno prosto kazano masaza na glavata ; 2 . kosata vrzuvajte ja mnogu pocesto cvrsto so tegac pa makar i glavata da ve boli ( zadolzitelno nokno vreme ) so toa predizvikuvate istegnuvanje na korenite i nivno potiknuvanje za rast so cel da se oslobodat od pritisokot sto go vrsi stegacot . E OVA VI E NAJEDNOSTAVNO RESENIE ZA KOSATA DA VI RASTE KAKO LUDA [mod-kirilica:3bz0kyey][/mod-kirilica:3bz0kyey]
Јас ќе го побарам во аптека зошто сум од Охрид и немаме во Охрид Зегин И фала ИИ најдов од галафарм производ како ревитинот од фитофарм. ВИТАГАЛ лосион против опаѓање на коса Се користи за спречување и намалување на опаѓањето на косата и одржување на здрава и сјајна коса. Комбинацијата од растителни екстракти (Sedaplant) ја одржува косата здрава и сјајна. Acidum salicylicum ги отстранува изумрените клетки од површината на кожата на главата, Capsici tinctura ја подобрува циркулацијата, a Aethanolum dilutum делува дезинфекциски и бактериолошки. Лосионот се распрснува на кожата на главата и се втрива со благо масирање, секоја вечер пред спиење. Само што не пишува дека го поттикнува растот незнам и дали го поттикнува ама скоро секој производ што го спречува опаѓањето на косата го поттикнува и растот така да...
Е вака, за да можеш да направиш споредба, и за цена, и за состав, Ревитин е 180мл и во состав меѓудругото има следно: -Ricinus communis oli -Panthenol -Capsicum annum extract -Salicylic acid -Menthol
Ова воопшто не се препорачува особено навечр Прочитав во едно списаније дека не треба да спиеме со фатена коса бидејќи многу се оштетувала и се кинело влакното *** А јас изгледа утнав со ампулите...ама се изнамачив (важно јас ја ставив во шампонот ) Никаква дестилирана вода и шприц Јас си го решив проблемот со помош на лажичка Кога земав да удирам на таа ампулата... Лом ја направив
Јас си прашам за чичковото масло?? на колку време да го ставам секао ден, двата дена, за недела?? и ногу ми а мрсе косата тоа природно ли е, одпосле од кога ке а измиам како па да ми е мрсна ??
Ако косата ја врзуваш со стегач често и многу стегнато, не и овозможуваш на кожата на главата да диши и правилно да циркулира, што значи дека ако е намалена циркулацијата косата не расти, туку опаѓа и таа што е. Во ред е. И јас не ги растворав со дестилирана вода, ниту пак извлекував со шприц и игла.
Да извршам update на темава.. ставив од сите видови ампули во шампонот и не гледам никакви резултати во поглед на растот, само почна косата да ми се мрси почесто и првут ми се појави и ме чеша и сеее !!! Претходно имав ставено б комплекс ампули и некако подобро беше, барем ги немав овие пропратни ефекти. Сега планирам да си земам шампон од коприва па да видам од тоа што ќе бидне !
Штом има несакани ефекти, а не позитивни, тогаш не ставај ампули. Се што на еден организам дејствува добро, не значи дека и на друг исто дејствува.
Ајде и јас едно упдејт! Користам шампон од бреза од илирија! Косата наместо 1 цм, сега ми расте 1.5 цм
И јас сакав да го купам, ама никако да најдам.Имаше само од коприва и камилица на Илирија.Барав низ маркети, аптеки и ништо А го фалеа дека бил убав, плус и доста е ефтин Си земав Фитовал жолт ќе видам како ќе се покаже, претходно го користев црвениот ама не ми беше ништо посебно.Од кај го купи ти шампончето
Јас од СП Маркет го зедов! Слушам и Тинекс го има! За секој случај провери во тие два маркета! Среќно
Отидов во аптека да прашам за апчиња со пивски квасец, и аптекарката ми препорача (бидејќи и реков дека сакам да има и Б комплекс) 15 апчинја 125 денари и ми рече да пијам по едно на ден, па ќе видиме дали ќе ми растат и косата и ноктите