Да не ставаш многу? Со тоа се добива контра ефект. И миј 2 пати со шампон убаво масирај да излезе маслото, оти ако се наталожува се затвараат порите и се замастува скалпот, може да дојде и до иритација и како во твој случај да почне да ти паѓа косата. И сосем малку се става, земи со пипета неколку капки на коренот само, измасирај убаво и остави, многу е мрсно рицинусово не се става многу.
Само индиско масло за коса ,кој може да се снајде ...Го има во Германија во индиските продавници... Маслото е малку непријатно ,мириса на бензин...И косата одредено време така ќе мириса..Ама расте ко луда...
На овие цени на бензинот, weird flex ќе е косата да ми мириса на бензин.Скупа коса Како ја ставате таа оризова вода? пред/после шампон? И колку време стоеше оризот у водата, една ноќ? Имав видео на инстаграм едно девојче кај што објаснува, ама го изгубив..
мене многу ми помогнаа,ептен брзо косата ми порасна од нив и ноктите ,супер се,јас ти ги препорачувам
Знаете ли некој испробан рецепт со рузмарин? Читав дека во домашни услови се прави нешто со рузмарин за побрз раст на коса
Нема со каков шампон не сум пробала, а и со тие „рецептите“ стави ова, стави она и ништо не ми помогна. Пред 2 години ја ишишав косата до под уши за да го тргнам преостанатиот бланш, заборавив фен и пегла тотално. Последниве неколку месеци испив 2 пакувања од таблетите за коса од dm и косата ми е порасната до задник скоро. Единствено тие ми помогнаа мене. Несакан ефект не приметив никаков од нив буквално. За околу 200 денари имате 60 таблети, се зема по една на ден. Одма после првото пакување кај мене имаше голем ефект. Нема кој ме нема прашано за косава, бидејќи стварно ептен се приметува разлика пред и потоа. Јас лично сметам дека само витамини се чарето за овој проблем, како и исхраната. Шампон исклучиво некој природен и што помалку исложување на топлина од фен, пегла, фигаро. И трпение големо треба богами
Препорачувам кокосово масло, го користам неколку месеци, првично за првут ама приметив и дека многу побрзо ми расте од претходно