Јас пребарував на интернет кога ги донесоја во Мк и баш имаше многу критики за нив, превисока цена никаков ефект, подобро е да си земиш од некои тука што беа препорачани
Јас овие ги користам. Многу ми помогнаа само што не ми се земени од Македонија. Можеби ги има и по аптекиве кај нас не сум сигурна немам побарано. Јас сум многу задоволна од нив косата ептен ми порасна за доста краток период.
Колку повеќе ја чувате мрсна косата толку побрзо расте. Тоа е мој трик откриен. Јас така ја пуштив до половина. Сега ќе ја пуштам мојата па после ќе ја средувам. Јас постојано и менувам бои и секоја фризерка вика дека имам здрава коса. Еве пробајте и вие ако сакате па пишете резултати. Пробајте месец дена да ја чувате мрсна во репче фатена и убаво стегната. Иии арганово масло на тие што не им се мрси брзо косата. Еве слика и дека стварно така ја чувам за тие што нема да поверуваат. И да видите до каде ми е косата. Колку што може да се види на сликава. Моментално ми е плава а ќе ја пуштам мојата боја па ќе ви пишувам резултати ако сакате.
Не чини да се чува долго мрсна, ниту да се врзува премногу. Така се крши влакното, погледни надоле колку е сува. Најди си шампон за раст. И мојата е голема, многу ја негувам и чувам. Го користам шампонот на Конопка против опаѓање и мислам дека од него ми порасна многу. Редовно шишај се на три месеци, негувај ја соодветно и ќе порасне.
Ви го пратив резултатот од чувањето долго време. Сега кога ќе ја пораснам мојата пак ќе сликам. Така расте со брзина на светлината. Затоа пишав али ваша одлука сепак.
Пак се фарбам црвена. Сменив боја и не издржав. Како имам уште коса не знам. Зашто ме предупредуваа дека е тешко одржување црвена коса? Колку време би ми стоела бојата? И еве до каде ми е од така чување. И што да правам со врвовите? Жал ми е да ја шишам толку се изнамачив да ја пуштам.
Околу 3 недели. Освен природната, секоја боја е тешка за одржување и си бара многу нега и време. Џабе долга ако не е здрава. Скрати ја 5-10cm да ја освежиш. Продолжи масло да си ставаш, маска шо ќе ти одговара. Мрсна и врзана долго ќе ти се оштети, можи и да паѓа повеќе од стргање со ластици цел ден. Не знам шо да ти препорачам за нега, и мојата е за никаде, а таман почна да расти.
Епа значи ме разбираш. Не сакам да ја шишам. Јас и ставам арганово и оштетеното се оправа малку и не се познава толку. Добро со оглед на тоа се што и направив среќна сум што уште коса имам
Искрено само во раст приметив дека има ефект, густина за жал не добив. Моментално ги паузирам и одма се осеќа дека не расти косата толку брзо.
Ако не ја шишаш сега уште повеќе ќе ти расцвета за некое време ќе треба поише да скратиш поише ќе ти биде оштетена
И така мислев малце на фризер да идам па пак да се фарбам може и да ја шишнам. Не се навикнав црвена. Уште сум во шок. Ќе си ја средувам кафеава.
Вака ова што ќе ви го пишам испробано е. Откако ќе ја измиете косата ставете арагоново масло. Понеделник ставете мед растворен во вода. Среда ставете кокосово растворено во вода. Петок ставете зејтин растворен во вода. Во недела измејте ја косата. Ќе видите сами за резултатот. Па пишете. Јас сум воодушевена. Затоа си реков да споделам. Може ќе сака некој заедно да го правиме третманов.
Јас два пати неделно ставам рицинусово масло и го оставам да отстои колку можам повеќе, некогаш и го оставам да делува преку ноќ. Земам таблети мерц и од оваа комбинација сум презадоволна имам нови влакна косата ми е згусната како никогаш до сега.