Има од повеќе брендови, пример Хајнекен и Туборг, ама Хајнекен е врвот, нема разлика во вкус воопшто.
не сум ги пробала ама дефинитивно ќе ги земам а само дали уопште не треба да ја пеглам косата ако ги користам
Мерц се дефинитивно подобри од Solgar ,јас ги имам користено и двете и многу побрзо и повидливи резултати видов од мерц. Дури мислам дека овие солгср се малце поскапи.
Neznam dali nekoj go napisal na afrodita samponot od luk ali mene dosta mi pomogna .A kerkata plus stava i ampuli vo nego vitaminski b1,b6,b12 ,kopriva i pantenol .Vlaknoto i e extra a i kosta brzo raste
исто и јас го користам тој шампон. Косата расте како луда. Го препорачувам на сите кои сакаат долга коса
Се перути скалпот за жал. И јас сум со иста мака, скалпот ми е многу осетлив, па внимавам со шампоните. Конкретно овој со лук го користам на неколку миења затоа што има SLS на втора позиција, а таквото комбо дефинитивно не му одговара на мојот скалп, агресивни ми се тие шампони. Повремено ми одговара да се измијам со него, ги чисти темелно и влакното и скалпот, ама на секое миење ми е ту мач. Вака правам - две миења со Алверде сензитив, па следното со Афродита со лук. Идеално ми е секое трето или четврто миење да ми биде со појак шампон. Му иде еднаш во две недели да го користам и океј ми е, не доаѓам во ситуација да се перутам како луда. Сто и нешто беше во ДМ, многу океј цена има, но треба да се внимава ако скалпот е осетлив.
Zdravo. Ve molam preporacajte neshto za blansirana plava kosa koja shto e suva na vrvovite i kako veke da ne rasne stoi vo mesto i cesto pati se pletka....Shishana i pak e dzabe
Ставај регенератор или маска после миење, јас користам маска од керастас, и е одлична ама е поскапа. И редовно ставај масла на врвовите. Јас имам арганово и уште едно од Лореал. Секој ден ставам од ова на Лореал ама многу малку и само тоа ми ја спаси косата да заличи на нешто. Иако врвовите знаат да се изнесат ама па не се испукани воопшто а 5 месеци како не сум била на фризер воопшто. Пред тоа фарбана коса и два пати бланш. И избегнувај фенирање, пегла, фигаро
Имам пријателка која ептен го фали шампонов, меѓутоа лично за себе не би го користела премногу често, пред сè поради тоа што има SLS и ми личи на доста агресивен шампон во однос на составот. Имај го ова предвид, особено ако имаш осетлив скалп.
Подобро да земиш витамини отколку тој шампон, премногу е агресивен и многу се жалат дека им предизвикал првут
Не знам дали ќе бидат доволни и колку би имало реален ефект од само две ампули во поголема милилитража шампон. Разлистај наназад низ странициве, побарај го рецептот од миксот што се вртеше тука во темава пред х години, некои членки имаа споделено како точно се прави витаминскиот микс што е за побрз раст на косата. Пантенол, б-витамини, нешто такво беше ама навистина не се сеќавам како и колку точно одеше во шише. Ѕирни на првата страница од темата, би требало да го најдеш.
Luge posle 5 meseci dosaganje po aptekive, konecno denes vo Eurofarm vo Kisela voda najdov biotin so jacina 5.000 od Jamieson, dosega najefikasno za rast na kosa. Cenata na edno paketce e 606 denari i e dovolno za 60 dena. Apceto ima vkus na cresa i se stava pod jazik, odma se topi. Pred nekolku godini imav ogromen efekt od ova, bukvalno posle 3 nedeli pocnuva da raste kosata, ama mora da go piete sekoj den, bez pauza. Dosega imaa alternativa nekoi kapsuli navodno svetski brend biotin so b6, duplo poskapi 1100den i efektot ne e ni slucajno slicen kako ovie od Jamieson. Za zal Zegin nema jak biotin, najjakiot e Solgar 1000, a za efekt od toj vi trebaat minimum 5 meseci redovno koristenje. Moe iskustvo, a sampon, pa osven ovie agresivnive, sekoj drug ke pomogne, toj od afrodita so luk e fantasticen, go preporacuvam i jas. se sto vo sostavot ima BIOTIN ima efekt, bez biotin nema rast na kosa, eve od iskustvo porano probuvav se i sesto i samo biotinot mi pomogna