@Justicija колку ги зеде и колку има? Имаат исто биотин како Jamison кој се 60 значи за 2 месеци, а се намалени од 606 на 399
Од ништо не расте косата, се е само реклама, незнам какви шампони и капсули пиев, џабе, се е до косата. На некои им расте и од обичен шампон, и се фарбаат и се бланшираат и пак им расте. Сега ја видов темава и ги читам мислењата, јас го користев, катастрофа е, не само што не ми растеше косата, туку премногу ми ја правеше сува, и со маска дури.
Јас ги имам користено на Jamieson и презадоволна бев. Треба пак да си земам. Фала за инфо Во шампони за побрз раст не верувам. Ама во суплементи да. Може нема побрзо да расте ама ќе биде поцврста и поздрава, поради што поретко ќе има потреба да се крати
Мислам дека имаше некои ампули на парче, но не се сеќавам дали ги имам користено. За раст, најдобро е да го масираш скалпот со рузмариново масло. Јас го купувам ова на сликава (Фитофарм), го има во Еурофарм и мислам дека беше 200 и нешто. Меѓутоа ова е етерично масло и многу е концентрирано, така што најдобро е да се нанесува во комбинација со друго базно масло. На пример, во голема лажица чичково/арганово/кокосово масло да додадеш неколку капки масло од рузмарин. Најбрзо расте косата од него, плус со масажа на скалпот дополнително ќе го стимулираш растот. Можеш да ја плакнеш косата и со чај од рузмарин, ефектот би бил сличен.
Дали е во ред да се меша со чај (од коприва итн) бидејќи со мешање на ова масленце со друго ќе се добие многу мрсна смеса?
Не сум пробала така. Можеш да пробаш, само не знам каков би бил ефектот зашто маслото би било премногу разредено ако се работи за голема количина на чај, па имај предвид и за тоа. Можеби подобро би било да ја одмиваш косата со чај од рузмарин, но ете пробај и со коприва + масло ако имаш желба.
Како сте задоволни од серумот grow за побрз раст на косата од гарниер? Каде можам да си купам шишенце со капалка за да си ставам масло?
Види во аптека дали има вакви шишенца со пипета. Ако не, убаво измиј некое од потрошен серум. Јас така правам.
Косата ми е ко сено на допир поради бланширање и фарбање. Правам маски и ставам масла ама ништо, иста е. Како да ја доведам у ред?
Бланшираната коса е "мртва" коса т.е пигментот и е одземен , при тоа косата е сува.. 2 год ја бланширав секој месец и се откажав, зошто ми стана како мастика , изгужвана плус од фризерката што ми ја фенира со четките , ужас невиден. Сега 2 месеца веќе терам со фарба, тоа е. Само често шишање, др ништо не помага
Значи ни сјај ни здравје нема да види. Ах... :/ А гледам по инста женски со бланширани коси имаат јак сјај, којзнае шо продукти користат.
Абе и јас пари се изнададов што за Олаплекс, што за Керастас, ама џабе е се. А додека ја фарбав само со фарба , каде каде поздрава ми беше. Сега може ќе беше и уште покатастрофална косата ако не ги користев тие продукти, фризерката така ми викаше, ама не, јас се што сум гледала жени бланширани бели во косите, се е расцветано, изедени врвовите... Долга коса и бланширана а да е здрава, тешко...
Da preporacam cetka za masaza na skalpot, kosava ic ne mi rastese se dodeka ne ja zedov I masiram na sekoe tusiranje, skalpot luge mi sveti, nema masnotii kosata sto pati poubo izmiena. Ja zedov od Avon.
Ја кога се фарбав плава мене фризерката ми рече ќе те фарбам со бланш или фарба без амонијак..Постои такво нешто? Во ново лисиче,се фарбав кај Дијана,одма до Ројал сендвичара... Ама ја мислам дека само еднаш се фарбаш колку да ја добиеш основата(со бланшот)и после само коренот на 2 недели,ако памтам така мислам ми рече она...Инаку секое фарбање ако користиш бланш прости се од косата...Ќе ти се испокине многу.
Абе се е до генетиката, мене иста ми беше и пред бланширање и после, значи никаква. Црл живот расцветана, разлетана, споро расте. Па имаше неколку години шо ја носев само со шампон измиена, ни фенови ни маски ни курци ни палци, е тогаш да ви кажам скроз ми се уништи. Затоа си реков барем да почнам да го маскирам тоа оштетеното кога веќе секако е таква. Почнав со маски, серуми, силиконски капки, спрејјови, значи нема шо не и ставам веќе некое време, и поарна ми е сега. Џабе е, такво е влакното.