Многу се добри. Од една ампула има ефект уште веднаш. И поретко да ја гориш, да користиш заштита против топлина.. шишање на 3м.
Здраво сакам да прашам дали капките и шампонот се соодветни за 16 год. и колку што успеав да прочитам и разберам по форумов, шампонот не е за постојана употреба или грешам?
Мислам дека во ред се за таа возраст и шампонот и тоникот. А инаку супер е шампонот, само има SLS и е со посилна измивачка моќ, па не би било лошо да се користи преку едно-две миења ако се користи самостојно. Или во комбинација со друг шампон, па еднаш да се шампонира косата со него, а второто шампонирање да биде со поблаг шампон. Пробајте, па види која комбинација најмногу ќе одговара во случајов.
не знам за возраста ама би требало да се соодветни штом се продаваат по продавници, ако имаше некои предупредувања веројатно ќе одеа на рецепт и ќе се продаваа во аптеки.. Инаку јас ги користев двете заедно и серумот и шампонот со месеци и не видов никаква промена и подобрување ни во опаѓање нити па за растење на косата, мислам дека се само маркетинг.. згора на се прегрозно ми мирисаа двете се осеќав ко да сум некапена
Јас мн ја оштетив косата, од црна плава и обратно како и секогаш, сега сакам Редо Гамис да си ги порачам, пошто од искуство на најдобра другарка се предобри, на 3тото пакување, ноктите и косата и пораснаа со ненормална брзина, плус лицето и се среди. Ако некој има во план за нив нека не се разочарува првиот и вториот месец, од 3тиот има огромна разлика
Здраво женски Дали некоја од вас ја има пробано линијата на TianDe за раст на коса (шампон, маска, активатор)? Ме интересира дали има реален ефект и дали вреди да се земе цела линија? Фала ви однапред
Мислам од Србија ги носат,ама доставата е за 2/3 дена и околу 170 денари, исто како тука да ги нарачаш
Купив вакви ампули две и две од коприва.Дали се добри ? И дали се доволни за 1000мл ? Или треба повеќе?
По советите од Златокоса/Ивона Гргиќ имав резултат. Она тврди 3цм месечно, можеби не дури толку, ама видлив беше резултатот.
Youtube канал. Има и фб група со многу членови. https://youtube.com/@ivona.grgic.zlatokosa?si=6iMLKeAOatsyVYAG
Во последно време стварно многу брзо ми порасна, а не користев некои специјални препарати за таа намена. Понекогаш ставам серум од рузмарин и пискавица наменет за проблем со опаѓање и + за побрз раст и густина, ама не можам да кажам дека е 100% резултат на тој серум зашто мнооогу ретко го користам, дури заборавам дека го имам а и не секогаш имам време да седам и да го чекам да делува. Го користам еднаш во два месеци, да речам. Нанесувам на скалпот и седам подолго време така, пола саат, саат а некогаш и повеќе. После најнормално се мијам со шампон и ставам на врвовите маска, млеко за коса или спреј за расчешлување, зависи кога како ама најчесто маска, моментално портокаловата на Лореал Елсев наменета за долга коса. Генерално цел живот ја носам долга, само пред четири/пет години ја скратив боб, ради оштетување од бланш и многу поспоро ми растеше тој период. 2022/23 ми беше до раменици, 2024 почна многу нагло да ми расте. Поретко се шишам, ги кратам само малку врвовите за да не се расцветани. Така да не знам што да ви кажам, пробајте со рузмарин и пискавица или некое масло, мислам дека рицинусово помага. Таа Златокоса има и Инстаграм, ама приватен.
Златокоса баш тие и ги препорачува. Рузмарин и пискавица. И јас будала правев дома сама крем од пискавица.. цела куќа смрдеше. Потоа почнаа да ги носат во ДМ. Рицинусово масло е многу густо и може да направи проблеми на скалпот, никако не се става самостојно туку се меша поголема количина бадемово или кокосово масло со малку загреано рицинусово масло, па така се масира скалпот. Стои 1-2 часа па се мие косата најнормално.