Јас не сум се осудила дома сама да правам. Го зимав тоа на Оливал, уште не сум го потрошила од што заборавам дека го имам. Сакав и од Росен да пробам, имаат и они пискавица ама ме нервира што е само онлајн. Тоа на скалп се става, а маслата не сум сигурна ама мислам дека само на врвовите може да се нанесуваат, посебно рицинусово дека е јако.
Рицинусово е за раст и оди на скалп измешано со бадемово. На должина на коса оди кокосово. Цел хронограм го пратев, и ајурведските билки ги купував. Еве сеа дома ми стојат не знам што да им правам, немам време за рутини...
Чај од рузмарин ептен многу помага и за обновување и за регенерација на влакното и скалпот. Само кој има време и не заборава додека користев поредовно имаше ефект
Да го пијам или да го прскам? се шалам да и јас мислам дека понага го користев ама ме замрзе и прекинав утоп цела кај ја мијам па и да ја мокрам со чај и многу ми се стврднуваше како лак за коса на корен А и не три повеке од 2 3 дена треба да го замрзнеш или да вариш на секои три дена немам толку слободно време
и да пиеш и да прскаш ама на коса повеќе ефект има ако прскаш јас околу еден филџан вода зовривам и додавам гранче рузмарин. Остојува околу пола сат турам во шишенце со распрскувач и прскам. Најчесто после миење ја чувам косата во пешкир да упие водата после прскам од чајот и ја сушам. Некогаш и на сува коса прскам во коренот ја оставам и сама се суши. Не мрси коса ништо негативно не прави
Не знам од кај најдов рецепт ама јас го попарувам со врела незовриена и 24 часа го оставам да кисне па го користам Предходно го варев во тенџере поголема количина и го варев дур не се преполови водата колку што сум ставила
Не знам дали некој пишал за "рецептата" која мене ми помогнала. На мои 15 години ставам бланш и буквално останувам со дупки во косата. Проаѓа време ама некако гледам не расте костата на тие места. Ми кажаа да издробам 10 мали таблети Б6 и да ставам во шампон од 1л од коприва на Афродита. Верувале или не, после месец дена употреба ај шо се врати се во нормала него почна нова коса секаде да ми расти ( не само кај шо ми фалеше). Од тогаш до ден денешен се е како што треба, фала Богу. Пробајте за смешна цена можеби на некој ќе му помогне.
си имала среќа. Многу ретко каде се појавува таква "дупка" подоцна може да израсне нова коса. Фоликулите се испаднати и само со соодветен третман може да се врати надеж. Лук коприва рузмарин да ама во вид на тинктури чаеви масла дирекно на местото помагаат
Ова беше многу одамна кога бев дете и не размислував за последиците од употреба на бланш. Од црна сакав во 1 час да бидам црвена. Сум имала среќа дефинитивно.
Сега видов еден рецепт од една инфлуенсерка , во тегла стаклена се оставаат свеж рузмарин гранчиња и се прелеваат со чисто маслиново масло , потоа теглата се обвива со алуминиумска фолија и се остава на сончева светлина ( најдобро прозор ) тоа треба да стои 21 ден а потоа се додаваат АД капки ( маслени ) и тоа се нанесува пред миење 2-3 часа барем да стои Денеска го направив рецептот па едвај чекам да видам дали ќе има резултат
jas ednas nedelno stavam ricinusovo maslo , i cuvam cela nok i sabajle mijam kosata mislam deka mi preporodi kosata i pobrzo mi raste , so ogled deka mnogu ja ostetiv, jas sum zadovolna
Девојки, дали некоја го има пробано Kérastase Genesis серумот за скалп и против опаѓање? Гледам има премногу поделени мислења, а бидејќи е доста скап, ме интересира дали навистина помага или е само добар маркетинг?
Јас. Има многу парфем, ја слепува малку косата при нанесување и мене некако почна повеќе да ми паѓа косата при користење аминексил. И тој на Vichy го пробав, овој на Kerastase повеќе ми се допадна, ама ете ги и двата си стојат така. Најмалку 3 месеци треба да се користат, јас околку два месеца ги користев и престанав, многу ми ја мрсеа косата, плус повеќе ми паѓаше, а и мачки имам, а аминексилот е токсичен за мачки исто така. Не би ги купила повторно ни двата.
По цела година редовно користење од шампонот сум презадоволна. За оваа година косата ми израсна прилично многу, а скалпот ми е полн со нови подрастоци. Она што најмногу ми се допаѓа е што воопшто не ја пресушува напротив косата ми е премногу мека на допир, освежена и се гледа дека е жива и здрава. Во овој период го намалив и третирањето со пегли и фенови. Ако барате нешто што на долг рок дава реални резултати за раст и обновување, од срце ви го препорачувам.
Бит пазар го има скоро на секоја тезга исто го има и по оние продавничињата на пластичарска се за 99 што се. Пс 100ден е шампонот , ми има излегувано и по фб но го продаваат по 350ден.