Епа тоа се витамини во течна сосотојба, ги има во секоја аптека, спакувани се во мали стаклени ампули (шишенца). Б витамините се препорачливи за нега на коса, кожа и на нокти...Мене ми помогнаа
И јас сакам да пробам со ампуливе ама страв ми е дека ќе ми израснат бебешки влакна.. Не знам што да правам
Секогаш се чудам со ова со стрижењево на месец-два. (а од многумина ми е слушнато) Како може побрзо да расте, кога тој 1цм што го кратам, треба да ми нарасте за еден месец, да не речам до другото стрижење и пак тоа што пораснало да го скратам и пак и пак... и така секогаш ќе имам една иста должина
Па не се согласувам целосно со кратењево на косата, секако треба да се скрати доколку ти е оштетена....Но јас не практикувам да ја шишам секој месец, туку на два до три по еден цм. Битно е да не се малтретира косата со преси, фенови, бланширања.......мое мислење
Peopleее... ..извинете што ви се мешам во разговорот,ама имам еден проблем и ако може да ми помогнете. Прочитав на форумотм дека со рицинусово масло расте поќе косата. Си купив и си ставив пред спиење,и другиот ден се искапив,дури и 2 пати со шампонот се исплакнав,но пак не чувствував свежина,како со масло да се капам,а не со шампон.А така и беше кога ја сушев,мрсна...Следниот ден ја измив уште еднаш,и дури тогаш ми се нормализира... Дали и вас,тие што користеле рицинус, истото им се сличило,или јас напрајв некоја грешка..?
Не ме сваќајте погрешно. Секако дека не мислев да ја кратите секој месец по 5цм, сакав да кажам дека многу девојки сакаат да им порасне косата и поради тоа не ја кратат долго време, а со тоа косата се оштетува уште повеќе, се кине и многу поспоро расте, затоа добро е од време на време да се крати косата, ви кажувам од лично искуство
Јас растворив по 2 ампули Б1, Б6 и Б12 во 200 мл вода, и распрскував по корените на косата околу 1 час пред да ја измијам, за два месеца ми порасна косата околу 6/7 цм....Е сега работата е во тоа што незнам колку придонеле ампулите за ваков раст Сепак пробај, ништо не губиш [/quote] Ако прочиташ погоре ќе видиш дека некои девојки ампулите ги растворале во шампонот, ти во вода офф леле стварно не знам што да правам инаку јас само ставам масло од рицинус пред секое миешње и го држам еден час на косата ама сакам што побрзо да ми порасне косата
Не згреши,сепак. Коренот на влакното е на скалпот што значи исто му доаѓа,корен-скалп исто е.Важно да не се мачка по должината на влакната оти е многу густо и тешко се измива.
Ако прочиташ погоре ќе видиш дека некои девојки ампулите ги растворале во шампонот, ти во вода офф леле стварно не знам што да правам инаку јас само ставам масло од рицинус пред секое миешње и го држам еден час на косата ама сакам што побрзо да ми порасне косата [/quote] Па искрено и несакам баш да ставам некои масни ствари по косата, растварањето во вода ми беше подобра солуција......... тешко се измиваат масните работи од косата и ми беше страв токму од тоа што ти се случило тебе. Плус, пред некој ден бев на фризер и се консултирав, ми кажа дека е супер опција и ми препорача или да ги растварам во вода или во шампон
Па искрено и несакам баш да ставам некои масни ствари по косата, растварањето во вода ми беше подобра солуција......... тешко се измиваат масните работи од косата и ми беше страв токму од тоа што ти се случило тебе. Плус, пред некој ден бев на фризер и се консултирав, ми кажа дека е супер опција и ми препорача или да ги растварам во вода или во шампон [/quote] имам кажано погоре дека растворив апчиња витамин б6 и б комплекс во шампонот и не само што не ми ја прави косата мрсна туку на прави НЕВЕРОЈАТНО УБАВА, мека е и свиленкаста и за 1 месец ми порасна повеке од 3 прсити еднаш ставив чичково масло и беше мн мрсна и откако ја измив со шмпон ама пак беше убава
Бидејќи рицинусовото масло е многу густо, убаво е да го растворите со поретки масла кои исто така се хранливи за косата. Јас си правам микс, една лажица рицинусово, една бадемово, една кантарионово, една пантенол и една жолчка. Смесата веќе не е толку густа како што е самото рицинусово, лесно се нанесува на скалпот и лесно се измива.
Конечно си најдов шампонче од бреза на Илирија Ќе го потрошам Фитовалот и потоа ќе почнам да си го користам, не ми се дава повеќе 200 ден за 100мл Фитовал
растворањето на ампулите во водата не е лоша идеа напротив ...мислам дека нема и никаква штета туку корист и во шампонот да се стават 3 ампули б6 и да се прскаш со спрејот со растворени ампули мислам дека ќе има уште поголеми резултати и вреди да се проба...јас веќе ги користам ампулите во шампон имам долга коса ама сега ми е мн.убава се разбира дека имаат дејство и тоа многу ќе си го направам и спрејот и ќе видиме што ќе бидне...