да да косата во секој случај е многу посјајна тоа го забележав и јас кај мене по еден месец се разбира ништо не бидва наеднаш само упорност сепак мислам да го испробаме и спрејот идејата е совршена
Јас го пробав спрејот, мислам дека е совршено решение, затоа што сепак се одмива, а се остава да дејствува некое време на косата Нека проба уште некоја девојка, па да видиме дали секаде ги дава истите резултати
јас имам ставано рицинус маска со јајце на целата коса не само на скалпот и спиев со него цела вечер и немав никакви проблеми со миењето, ставав 2 пати шампон и не ми беше воопшто мрсна косата исто и со другите масла. А за тоа дека косата расте побрзо ако ја шишаш почесто според мене нема благе везе коренот нема врска со оштетените врвови па да не расте поради тоа, само врвовите сами се кинат од што се оштетени и затоа мислиме дека не ни расте коа е оштетена. Во секој случај нема потреба да се шиша на месец дена доволно е еднаш на 3 месеци само треба да се чува и да се негува. Сега ги користам тие бевиплекс ампулите во шампон и се надевам ке забележам резултати мада вујко ми е фризер и коа му кажав ми рече дека нема везе ампулите бидејки тие не влагаат внатре во коренот (што е логично да влагаше се што стававме на глава во коренот досега ке умревме од фарбите и шампоните) значи делува само надворешно со што не би ни помогнало во растењето мада ја се обидувам ипак
луѓе јас да ви кажам дека имам најголем проблем со мојата коса.Јас мојата коса ја пуштам 3 год, и за тие 3 години мене коста ми е порасната некаде около 10 цм а имам другарка сто за 2 год коста и порасна многу мислам колко сто може да порасне за толкав период.....не знам сто да правам помогнете ми некако некој совет
Ако е ова вистина, тешко тебе 3цм годишно е мноооооогу малку.... Пред една година ја ишишав косата од до половина на кец, кога сакав да ја пораснам се појави проблем .... тешки маки видов додека да и дадам некаква форма, сеа ми е, што би се рекло "umbrella". Искрено благодарна сум што просечно ми расте косата 2-3 цм за месец.....
читни од почетокот на темата има доста корисни совети за побрзо да ти расте косата знам како е да имаш проблеми и мене многу ми беше оштетена од фарбање и ставање надоградба со кератон ми беше тотално уништена но ја оставив да одмори ја пуштив мојата природна боја стоп за фарбите ја негував со шампони против опаѓање да ми се зацврсти косата користев фитовал мн.ми ја опорави ставав чичкино масло бев мн.упорна кога јас ја опоравив и почна да ми расти а денес можам да се пофалам со коса до половина верувам дека секој може пробај и со ампулите б6 б1 и б12 вервај дека се ефикасни и мислам дека ќе почне косата да ти расти како што треба верувам во то сепак витамините се најважни позз
Одкога ја ишишав мојата коса, која на половина должина беше изгорена, како да се ослободи еден голем товар од мене! Од тогаш, ја негувам, не употребувам ама баш ништо ни фен ни преса, ја мијам со брезов шампон, и понекогаш ставам регенератор, и косата ми порасте многу, за два и пол месеци ми порасте околу 6 цм! Здравата коса побрзо расте! Ако имаш метил, колку сакаш ставај и срања на косата, не расте! Изгледа грозно! Подобро пократка коса и здрава, него долга и оштетена!
Не може да не расте, зашто кога ке ја ишишаш не ја шишаш во корен туку само врвовите. Туку работата е што кога ти е оштетена ти се кине и нормално тоа што пораснало или помалку се познава или или ич, а кога ти е здрава и негувана нит се кине нит ништо и voila должина
ма кој знае сто е работата,ке пробам со тој шампон орезене да видам дали ке ми помогне нешто.а прочитав дека ако миеш косата почесто побргу расне.хахаха ако е за тоа јас мајата коса ја мија секој ден бидејки ми се мн мрси како зејтин ми е,не да ми порасна коста,тоа нема врска сепак благодарам што ме утеши.се надевам дека и на мене ке ми порасне барем малко косата.
zdr devojcinja ,spas za secija kosa i brz rast probajte samo so samponot Nirel ,nema podobro nesto ., imam mn dolga kosa no i mn ubava i gusta taka da veruvajte i obidete se ,go ima vo site apteki i voopsto ne e skap ....pozz do site kosadziki [mod-kirilica:twpl2ozl][/mod-kirilica:twpl2ozl]
За што всушност служат Merz Special Dragees?Какви ефекти имаат? Дали има старосна граница од кога да се користат? И каде да ги најдам, ги има во аптеките?
Засечи ги прво, немој никако така да пробуваш да ги кршиш, зошто јас така си забодев цела ампула во раката, до коска.
Јас така се исеков, не знаев дека е стакло. Па како ме болеше, 3-4 дена ја носев раката во завој и имав стакленца во раката. Затоа, нека го засече прво, па после со крпа, никако со голи раце.
Ги има во зегин, јас од таму ги купив.Незнам зошто не си ги нашла , можеби баш тогаш им биле потрошени
Па нема да најдете секако,кога не се ампули за коса,туку обични витамини во ампули. Мора да ги има,особено па во Зегин.
леле аман , зошто поставувате такви глупави прашања, ампулите сигурно не ги купуваме од сендвичара. Ако ги нема во Зегин ќе си прашате во некоја друга аптека. А за отварање има такви специјални мали како да ги наречам турпии(ножиња мали) за отварање ампули. Такви користат медицинските лица кога отвараат инекции. А на некои ампули како што е бевиплексот има специјална линија кога покажува дека нема потреба да засечете туку лесно можете да ја скршите ампулата. А мој совет како најлесно да ја скршите, ако нема таква линија Ја земате ампулата, ја ставате до некоја работна површина(маса и сл) само горниот дел што треба да се скрши да дојде над масата, а долниот дел цврсто го држите приблжиен до масата и тој дел го ударате со нешто тешко (пр чекан за чукање стек, полна тегла и сл.) и така најлесно ќе ја отворите ампулата без да се повредите, и без да ви истече пола ампула