Јас практикувам на секои 4 дена. Тоа за мене е совршен период бидејќи ако се мие на помал период косата сама од себе почнува да се масти повеќе. Инаку понекогаш ја оставам додека не почне да се мрси што најчесто трае една недела но тоа го правам ретко.
Јас ја мијам на секои два до три дена (зависи), но не ти го препорачувам истото. Порано ја миев косата на 4 до 5 дена и ми беше топ, сега ја имам навикнато на побрзо миење и многу брзо ми се мрси. Со миењето на косата ги одземаме сите природни масти што се лачат, по миењето организмот веднаш почнува нагло да ги лачи истите во големи количини (доколку ја миеме почесто) Ти можеш најдобро да си согледаш на колку дена е најоптимално да ја миеш твојата коса. Обично густите коси и виткани имаат посуво влакно и не се мрсат брзо (блазе на тие сто ги имаат ), додека тенките влакна се мрсат побрзо.....Како и да е, во овие временски услови со магли, смог, врнежи...косата се мрси побрзо од налепените материи низ воздухот и не мириса воопшто пријатно..... Единствено идејно решение за условиве е врзување на репче, плетенка, кок (за оние кои можат, јас ќе си почекам до лето за да ми порасне косата ) Поздрав форумџики, имајте убав ден
ФАЛА ФБИ; ПОЗДРАВ И ДО ТЕВЕ! Ајде еден изум од сабајле! Гледам лив инот од Глис ми се потрошил одамна, другиот лив ин го користам ретко, па решив да направам еден изум....така е кога си фантазирам 99% од времето за долга коса, него за поважни работи како дечко да речеме ......ееех, шутрачка цц! Во шишенце од Глис, истурив прав од 7 витамини Б комплекс, 7 витамини Б6, 2-илјадаграмски Ц витамин! му турив една лажичка невеново масло,а после 7 капсули витамин А+Д3! Тоа е делот од витамините! Потоа турив по 1 и пол лажичка регенератор, балсам и маска за коса (значи од се по нешто)! на крај турив вода и убаво го промучкав! Ќе кажам како делува накнадно, битно ми беше да напишам состојки , да не заборавам хехе! Чао мои косоопседнати девојки!
Се извинувам за офф топик , ама да се надоврзам за нешто што фби го кажала . И јас ја мијам косава на 3 дена .. што е лошо ама ќе пробам на помалку . Ама како кога ми мириса гадно кога ќе дојдам од негде особено навечер ?!До сабајле ми го снемува тој мирис ама пак ко кобасица е расипана .. не знам како да кажам
Знаеш што, јас ја мијам косата еднаш во неделата! И кога доаѓа 5 тиот ден, се ми се чине косата ми смрде! И секогаш ја терам мама да ми ја помириса косата! Е сега мене ми смрде, неа не, нејзе и мисриса на парфем..И ај сеа !.....Мислам дека си умислуваме...
А бе толку гадно ми мириса што не можеш да речеш дека умислувам А ти парфем ставаш кога ќе ја избањаш и пред да искочиш ? Ако вака правиш или некоја финта имаш да пробам и јас Забегавме од темата ама ова е озбилно и гадно
Па да има финта! После од како ќе ја средиш косата, прсни малку на косата парфем, пред излегување! Косата е еден од најмоќните апсорбирачи на парфемот!....Пробај и нема да имаш проблеми со мирисот! Ма да и јас сум умислена како тебе, ама мама тврди спротивно! (не заборавај да пишеш резултати) Поззз
фала мн. ги отворив ) и сакам да прашам уште нешто .. колку пати си ја миете косата во неделата ?? [/quote] Па јас на секои 2-3 дена...Несакам да оставам да ми биде мрсна... Ама зависи, тоа кај секого е различно
јас мојата коса ја мија на 2 дена и тоа 2 ден ми е мас.ја дрзев и по една недела да не мија за да ја навикнам ама не бива пак ми се масни.а и влакното ми е многу текно и ретка ми е коста али тоа е тоа сега ставив 2 ампули б6 ви шампонот ДАЛИ Е ДОВОЛНО или треба усте несто да ставам ?????позззз
заборавив да ви казжам ...кога ми е масна косата ставете си пудра во прав за тело со е многу помага.не се познава исто како да е миена косата и убаво мириса)))))))
Како бе така по 4 дена можете да не ја миете косата?! Јас сум алергична на мрсна коса или мрсна па и уште да мириса на она,коса мирисот или па и да не е мрсна,да мириса гадно,на домашна храна,цигари или не знам што.Женско,машко,независно,ако косата му е бљак го отпишувам од светов,луѓето во мојата околина ја знаат оваа моја маана,па се трудат да ме удостојат со фини коси кога ги гледам,особено дечко ми.Не дека ќе им се залепам на теме и ќе ги душкам и галам,ама не е убаво за очи бре... Јас ја мијам секој втор ден или па и секој ден ако треба да излегувам,никогаш не сум дочекала да ја не ја мијам 3-4 дена,а па за повеќе не дај боже.Пред секое бањање задолжително и ставам масло,па не ми се пресушува премногу,иако имам природно суво влакно. Нелогично ми е,што ќе ми убава коса кога е...мрсна и не мириса убаво?! Природни масла,што ти јас знам.Па тие природни масла,на коса од 50 сантиментри кога ќе дојдат до нејзиниот врв,да ми се јавите...веројатно ќе треба до крајот на годината да чекате,а коренот во секој случај никогаш не ми е пресув...така да...исто ти се фаќа.Или ќе чекаш до година или треба да се чешлаш 24 часа за да маснотиите рамномерно се распоредат. И да е вистина,ми се побива со сите правила на добрата хигиена и миризливата коса,а миризливата и чиста коса за мене е од непроценливо значење.
Абе какво миење коса на 4 дена??? Јас ја мијам косата секој ден. Јбг , се оди на работа, се излегува, еден автобус да помине, ќе те умириса на чад, едно седнување во Торос и веќе носиш со себе благ мирис на манџичка... Како што рековме, во шампонот ампули Б витамин од секоја по 2, Б1, Б6 и Б12, и како додаток Д-Пантенол капки . Квалитетен регенератор или маска, ама не ја ушлапувајте секој ден. Па и косата сака да дише , мајка му. Како ќе расте, ако ја правите тесто со сите можни препарати? И земете еден спреј од Глис, или жолтиот или светло розевиот. Кога немате маска, тогаш прснете за да полесно се расчешла. И немој мн. да се заморувате околу косата. Кога ќе прекинете да мислите дали расте, ќе се изненадите колку уствари е порасната.
И јас несакам луѓе со несредени коси (особено девојки) - лошо изгледа. Според мене 3/4 дена е оптимално време за миење на косата, се разбира доколку не е во лоша состојба....Некогаш и јас ја мијам на ден или два зависи од ситуација, ама гледам тоа да е ретко. А се создаваат природни маснотии . Од тие маснотии и ни се мрси косата, се ствараат по кожата на главата, па цешлајќи се или фаќајќи ја со раце ги пренесуваме насекаде низ косата, а и се лепат секакви прљавштини по неа. А и што ако маснотиите не се пренесуваат по целото влакно, доволно ми е само ако коренот на косата ми изгледа лошо
Во право сте косата треба да се мие почесто! Но секој човек за себе е различен! Пример јас, можам да седам недела и пол без измиена коса (не дека практикувам тоа, боже сачувај, до тоа не сум дојдена), и пак последниот ден да ми се измрси! Ја мијам еднаш неделно, и секогаш ама баш секогаш ми се мрси денот кога треба да ја мијам! Порано кога имав пре динамичен живот, ја миев на секој 2-3 ден, и косата ми стана безживотна, и ми цветаше ненормално! Сега еднаш ја мијам и косата ми е да не ја заречам топ! Ова е само за скалпот! КОга веќе ептен ќе поминам на некое место кое смрде, е тогаш ја мијам на половина должина, без скалпот, и тоа само ќе ја исплакнам и ќе ставам регенератор, и толку е! После тоа лив ин, и некогаш парфемче, пред излегување! Ако ја мијам така секој 2 ден, на цела должина со се скалп...ќе останам без коса!...
ај уште нешто да ве прашам значи рицинусовото масло се нанесува на скалпот или само на врвовите?? оти сите различно пишуваат