Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Значи постои и оваа варијанта? :lol:

    Јас косата ја мијам два пати неделно, ми е страв да не ми паѓа ако ја мијам почесто, иако сега од алпецинот можам да кажам дека многу малку ми паѓа.
    Ај ќе го пробам твојот начин :)
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    од секое по 2 :) ама тој брезов шампон одвратен ми е.... никаква форма на косата не ми дава... а јас како што не ја пеглам, како зелка си шетам во главата :lol:
     
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Би ја миела и еднаш неделно, но брзо ми се мрси и морам на два дена... :envy:
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Да во сите аптеки ги има, пеесеттина денари се од прилика, јас ставив во

    250мл Schauma за регенерација и нега

    * 2 ампули б-комплекс
    * 25мл пантенол раствор
    * 15 АД капки
    * 1 витамин Е ампула
    * 1 витамин Ц ампула

    во маската Garniere Fructis

    *25ml пантенол раствор
    *20 АД капки
    *1 витамин Е ампула

    После миење задолжително го мачкам скалпот на долната половина од главата (оној дел каде што косата ја растам) со Subrina Recept за забрзување на растот на косата. На крај капнувам една капка бадемово масло, ја размачкувам по прстите и ја спласнувам косата да не ми е разлетана а посебно врвовите да изгледаат негувано. Прскам од Gliss жолтиот и на крај ја фенирам.

    Косата ја миев почесто кога беше потопло, сега ја мијам на секои 3 до 4 дена. Горенапишаново ми е задолжителна рутина после миење на косата последниве два месеци, и незнам од што но косата ми е навистина долга. Мора да пролистам назад низ постовиве кој ден бев на фризер, тогаш се жалев дека ми ја скратија до рамена, а сега еве до градите ми е. И сите околу мене се чудат :)
     
  5. nade60

    nade60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    probajte go samponot od hemal jas go naracuvav od srbija....toj e na prirodna baza od med i mleko mene kosava mi e do kolenici...jas sekoj 2den ja milam kosava i mi raste kako luda...

    [mod-kirilica:17xfb5k0][/mod-kirilica:17xfb5k0]
     
  6. ivona88

    ivona88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    aj ke ve zamolam zenski a posebno Victorya ako mozi da mi kazi kolku i koi ampuli gi ima staveno vo samponot, poradi toa sto i jas go koistam alpecin i sega sakam vo orzen da stavam ampuli ama neznam koi i kolku pozdrav :)
     
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И за колку време ти порасна косата ??? :)
    Според моите пресметки од рамена до гради има околу 10цм, браво ако кај тебе вака успеало....Само за кој временски период ???
    Позз :)
     
  8. Soncenka

    Soncenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    И јас немам никаква форма на косата, и несакам да ја пеглам, можно е само шишките зошто и мене ми е никаква косата...Кога би ми била подолга би била многу поубава ама со оваа должина што ја имам сега стварно не личам на ништо...Ајде за некој месец ќе се средиме :D Поздрав
     
  9. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    А да не знаеш каде низ Србија го има, по продавници, аптеки, ако можзеш да најдеш слика на нет стави да го видам :)
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Јас во 400 мл во енд гоу ставив 3 ампули Б1, три ампули Б6 и 3 ампули Б12 и 20 АД капки.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.183
    Допаѓања:
    156.686
    Колку чини алпецинот и кај може да се најде и секако,колку милилитри е?!
    Многу почна да ми паѓа косата...
     
  12. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    445 денари, 250 милилитри. Го има во Зегин. Лилит барај алпецин кофеин (Ц1 е).
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    :o Многу скап бе... И мене ми паќа косата, помага барем?
     
  14. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    По СИТЕ аптеките околу 400-500 ден лосионот од 450 до 550. Многу убаво чувство прават на скалпот. 200мл
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.183
    Допаѓања:
    156.686
    Па обично не чувствувам ништо со скалпот вака право да ви кажам...ама нема везе,штом дава дополнителни чувства,ете неоткриени за мене,баш супер,да ми го отвори светов поише.(шега мала на сета мака)
    Сериозно,немам проблеми со скалпот,да не се подречам никогаш не сум имала перут ниту било какви други проблеми со него,ама луѓе...колку ми паѓа,цело снопче.
    После среда ќе го набавам,не можам,ме плаши да не ми оретчи многу.Само брада да не почне да ми расте хахаха...
     
  16. unique-s

    unique-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    9
    А кој шампон го користеше до сега? од Пантене паќа ненормално.. Инаку и шампонот и лосионот се со ментол и додека им е дејството се осеќа ладење..
     
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    И тебе како на таа што почнале од шампонот на цело тело да и растат влакна хахаха. Лилитке ако се мијаш и лице со шампонот и брада ќе ти порасне. А бидејќи со рацете го нанесуваш шампонот, биди претпазлива да не почнат и на дланки да ти растат влакна. ;)
     
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Домашни рецепти за побрзо растење на косата

    Маслиново масло
    .

    Еднаш неделно ставете ѝ на косата маслиново масло и чувајте го околу 30 минути. Потоа нормално измијте ја косата.

    Алое вера и мед.

    Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.

    Кромид за здрава коса.

    Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.

    Алое вера и кромид
    .

    Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.

    Сок од домати.

    Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.

    Масло од рузмарин.

    Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.

    За масажа...

    Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Дидиси, секоја чест на трудот, ама не верувам да ставам нешто од ова на косава, посебно не вода од варени домати :|
     
  20. marijana..maca

    marijana..maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    тоа со рициновото масло е стварно ефикасно.. јас си купиф едно шишенце ставив може 5-6 пати и косата стварно ми беше мн убава сјајна и не ми паѓаше а ни врвовите не се кубат при фенирањето затоа што тоа е мрсно .. :) пробајте има ефекти а и не е ич скапо :hai: