Долго време ја читам оваа тема и никако да се решам да почнам со третманот. Колку што разбрав најпрвин се ставаат 4-5 Б комплекс ампули во шампонот, потоа со тој шампон си ја миеш косата,а откако ке ја измиеш ставаш од руциновото масло на коренот и по некое време се мие..Така е или не е..Ако не е поправете ме, доста се мислев време е да почнам..
А лесно се раствараат б комплексот? Мислиш дека ќе се растворат во шампон? Мислам дека шампонот повеќе време можам да го чувам на глава за да ги впие кожата витамините, а ова со водава некако ми е неостварливо да се масирам страв ми е да не се измие брзо и да се изгуби ефектот
Б-комплекс се таблети, а рицинусово масло се става на скалпот, се држи околу 1 час и потоа се мие со шампон.
Прочитав една статија, за брз раст на косата....во шампонот да се истолчат контрацептивни апчиња! Ајде докторки, просветлете не со некоја информација, дали има некои нус појави??
Претходно има објаснето дека во шампонот витамините побрзо го губат дејството. Затоа и ги ставив во вода. И после шампонирањето ја истурам водата и го масирам скалпот барем 2 минути. А можеш и да ставиш малку регенератор, па така да се масираш.
Јас можеби сум досадна ама пак да ја прашам старфиш, во колку мл.вода ги раствори Б компексот? И додека имаш шампон на глава се миеш со таа вода, па после се плакнеш? Јас решив да почнам нешто со косава конечно.
Не се срами, прашај си 5 таблетки во 250 мл.вода. Се шампонирам прво. После истурам од водата и масирам барем 2 минути. Може истовремено и регенератор да ставиш. Битно е подолго да се масираш за да има ефект. И после само исплакни ја косата, со не многу жешка вода.
Во ред, ќе пробам така и ќе пишам, сега мислам дека ми е јасно Сега си ставив рицинусово масло на скалпот, арно ама гости ми дојдоа, ќе речат море оваа мрсна во косата сигурно 1 година не е капена
Инаку да ви кажам дека таблетите б компекс лесно се раствараат во масло (бадемово, или некое друго) и во пантенол. Јас немам потреба да ги толчам, само ги ставам во смесата од масла и пантенол и по некое време се топат
Море ај ти, ми јас завеаната Си ставив маска на косата од рицинусово масло,жолчка и јаболков оцет и треба да отстои саат време.Во главата сум како теле да ме лижело ..а се заборавив и така си отидов до трафиката, можда на 30 секунди ми е веднаш под куќата ама сепак во центарот живеам има доста раздвиженост..абе брука И си доаѓам од трафика со мастиките во рака, и тогаш се сетив абе кај бев ваква Ова е веќе врв, незнам што е следно
карина, ти можеби не си осетила, ама другите сигурно го осетиле магичниот мирис од жолчка и јаболков оцет
Среќа имав што немаше народ, само неколку бабички си оговараа насобрани Инаку магична ќе бев да Немаше кој да маѓепсам, баш штета Единствено бев во контакт со продавачката во трафиката ама ме знае таа што човек сум, се си бидува да види од мене ..не и е чудно И да не сум оффтопик..кажете ми нешто околу шампонот Орзен.Ми го фалеше другарка, дека бил добар за косата и за побрз раст
Јас ќе ти кажам за оризен Го имав тој од пиво. Абре ужас беше, пена не правеше воопшто, а косата ми е долга и џабе ја миев ко немиена ми беше. А по 3 пати ставав и пак не правеше пена воопшто. Башка и првут ми се направи од него. Не издржав да го дотрошам и го дадов на мајка ми . Ама и таа истото го кажа, нејзе не и е долга косата и пак не и се правело пена. На крај за перење парталчиња за чистење го дотрошивме Плус овде го рекламираат премногу, а види на интернет нема ни веб страна ни ништо, никој не чул за него. Го има само на страната на грчкиот увозник, што го увезува од Франција. Тоа е моето искуство за шампонот, ја имав и маската, ок беше таа. Е сега за другите шампони од оризене неможам да ти кажам, само тој од пиво го имам користено
И јас го имам користено немаше никаков ефект и не ми одговараше одма ми се мрсеше косата после 3 дена... Ама сега за кого како не е исто кај секој мораш да пробаш за да видиш подруго неможеш на знајш дур не си најдиш вистинскиот. Јас косава ja мијам Dove со и многууу сум задоволна.
аххх .. вчера се шишав косата ми беше долга и имав метил и расцветани врвови и реков да ми ја скати малце.. 4 см најмн. а онааа 10 см ми скрати.. ц ц и сега сум си со кратка косичка шо мислите за колку ќе време ќе ми порасне 10 см ако користам рицинусово масло и се мијам со ампули во шампон 2 пати неделно ?!?!?
pa go ima i tuka kako prodavnica hemal mislam deka bese kaj zeleznicka stanica aj ke prasam ok....pa ke ti odgovoram na prasanjeto zs jas do sega go naracuvav preku edna drugarka aj ke ja prasam pa ke ti kazam... [mod-kirilica:1s17hdna][/mod-kirilica:1s17hdna]
вака иди на хемал србија и имаш броеве од таму и ке можеш да си нарачаш ама јас си го купував тој за мрсна коса....а има и за оштетена коса има секакви....ти нарацај си како сакаш