1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Јас правам маска од коса со ампули од витамини Б1, Б6 и Б12, АД-капки, една лажица рицинус, ракија (ама не знам колку точно...) и жолчка. Ама маскава ја правев бидејќи косата ми паѓаше како ненормална, по цели прамени и оттогаш фала Богу скоро и да не ми паѓа. Инаку маскава знам дека не се употребува многу често, најмалку на 3 месеци.
    А на растот не делуваше, барем така мислам.

    Бтв пијам Б-комплекс. Досега имам испиено 2 пакетчиња (со по 30 таблети) и го пијам третото. :) Имам забележано дека ми расти побрзо од вообичаено, ама не екстремно брзо како што сакам.
    Ме интересира дали може да има некое штетно дејство, бидејќи пијам веќе трето пакетче?
     
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    mislam deka nema da ima nekoe stetno dejstvo bidejki tie se samo vitamini
     
  3. zver

    zver Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    4
    Слободно си ги пиј. Нема никакво штетно дејство, бидејки тоа се се Б-витамини.Инаку Б- витамините, особено Б6 витаминот ја зацврснува нервната система и го зајакнува целиот нервен систем на природен начин а исто така има и гранули Б-комплекс и тие исто така се добри за нокти кожа и коса.Инаку во пивскиот квасец највеке го има б витаминот
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Незнам како да ти помогнам .. сигурно има некои апчиња , маски .. Како мала ме лажеа дека ако ја носам собрана побрзо ќе ми порасне.. ама тоа пошо нејкев да ја собирам :lol: :lol:
     
  5. cakii

    cakii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    18
    можеш ли да ми кажеш колку сантиметри расне косата и за колку време? :)
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    au :o ne smees da preteruvas so vitaminite...i dve paketcinja ti e mnogu..prekini da pies..pa posle nekolku meseci mozes pak..ama edno paketce ajde pa pauza,a ti odma dve-tri toa e mnogu..
     
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Ја прашав матичната и ми рече дека е океј, само после третово да направам малку пауза. Инаку ги пијав за да имам апетит за да се здебелам и успеав да се здебелам само 3кг. :lol:
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам нешто,дали од тие таблетите на база на пивски квасец Dermabion може да се поправам,зато што чуствував подуеност на стомакот,кај бутините си се видов како да сум се поправила,бидејки ги имав пиено и затоа прекинав оти забележав такви реакции на телото.Имав прочитано,мислам дека Кате пиша дека од нив се здебелувало,па затоа и сакам да прашам дали некои друг има некаква реакција од тие таблети доколку ги пиел?
     
  9. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    13
    jas momentalno go pijam pivskiot kvasec ama prasokot ne tabletite i voopsto ne me tera na jadenje go pijam veke 10 dena tolku kolku sto sum i u meguvreme na dieta i sum oslabnata 3 kg znaci ne mi vlijae na apetit a i ne mi smeta pri dietata inaku go pijam za obnovuvanje na kosata i noktite.pozz do site
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Горданче,јас ги пиев,не знам од која фирма беа ама напротив,мене ми се дуеше стомакот и не ми се јадеше,месец и повеќе немав ручано асално :? не знам,кај мене беше така,немав апетит,сега овде првпат разбрав дека се пиеле за дебелеење :? кај мене беше обратно скроз.
     
  11. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Има еден шампон Алпецин се вика.Моите другарки користат таков и стварно косата многу им порасна за кратко време.Јас сакам да го користам,ама имам проблем со првут па се двоумам.Иначе има од овај и за првут и за растење истовремено ама нз...
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    А каде можеме да го најдеме, каде се продава, колку мл. е и колку пари е шампонот?
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Вака сега...Лилитка има за учење па се ќе си најде работа само да не учи...малце истражував и еве што открив...
    Пиењето вода го поттикнува растот на косата затоа што ја забрзува размената на материи и ја подобрува работата на целиот организам,со самото тоа и косата побрзо расте.
    Честото миење (преку еден ден) исто така помага во побрз раст,ме мрзеше да читам зошто.
    Зелениот чај исто така,затоа што ослободува од слободните радикали кои ја успоруваат работата на метаболизмот и создаваат потенцијал за рак,па аналогно на тоа како и водата го прочистува организмот,овозможува побрза размена на материи и поголем доток на кислород до скалпот што е многу важно за забрзан раст.
    Пивскиот квасец е богат со витамини од б групата кои го поттикнуваат растот на ноктите и косата,ама не мора да конзумирате ако не ви е пријатен или ве дуе или пак ве дебелее,доволно е да примати чист витамин б,а пивскиот како маска за локално делување со тоа што ако имате сува коса додадете супена лажица маслиново масло.
    Бадемовото масло ја згуснува косата,а рицинусовото го зајакнува коренот на косата,а со тоа се намалува косопастот.
     
    На wallwall му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ако добро сфатив, витаминот б го забрзува растот. Читав дека има нова Добра Вода велнес, богата со битамин б, па ќе пробам да видам ефект, бидејќи ми е страв од овие до сега набројаните средства дека ќе почнат да ми растат многу нови влакна,а веќе ги имам доволно и на крај не можам да излезам со нив :twisted:
     
  15. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Ке ти го дадам најбрзиот и најлесен совет,сто без сомнеж делува.И јас сакав многу долга коса,и едно лето отидов на одмор и два пати во денот на плажа(значи 2 миења) и два пати што ја премив,значи 4 пати.За десет дена ми беше порасната една педа(мала) :) значи јас сега не ти препорачувам на тебе да ја миеш 4 пати во денот :lol: ама сакав да ти кажам колку водата делува.Наредното лето исто така ја миев зачестено(секој ден),морав поради работата,и мноооогу ми порасна.Пробај ти за почеток преку еден ден.Овој совет случајно го бев слушнала и еднаш на ТВ,некоја манекенка ја беа прашале како и пораснала толку косата за еден месец,она веке се избрза и кажа со секојдневно миење,стилистот доцна ја спречи да не ја каже "тајната" :lol: демек не ги откриваме нашите методи :worried:ilent: пробај ке видиш :up:
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    za deset den edna mala peda,znaci otprilika 5cm??lele daj boze da e mozno vaka :lol:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Ако го применувате овој метод со миење секој ден,ви препорачувам да користите бебешки шампон и да не ставате регенератор затоа што може трајно да ви опадне косата.Бебешкиот шампон е нежен,не ја премива косата,па да биде крута и сува и не ја ошетува површината на влакното,плус има мал процент на бебешки лосион.И затоа што миењето е секојдневно,не ја пресушувајте со пегли и фенови,само предниот дел кој е важен за впечатокот на косата може да го запеглате или зафенирате,а и онака природно таласаста е модерна,па немате гајле...или пак само на делот од главата каде што имате вртлок.Јас во такви периоди кога ја мијам косата секој ден само ја обликувам после миење додека мокра,ама внимантелно да не ја испокинам и ја оставам природно да ми се исуши и супер изгледа.
     
  18. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
     
  19. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    има и друг трик.земете ракавици и соберете десетина коприви.сварете ги во неколку литри вода и на крај косата исплакнете ја со водата.после неколку третмани видлив е ефектот,не кошта ништо а и природно е
     
    На Lora.rosse и N-ate им се допаѓа ова.
  20. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Deneska sobrav koprivi, gi svariv i na kraj od kapenjeto ja isplaknav kosata! Pred toa eden den ja cuvav maskata od med, maslinovo maslo, zolcka i banana! Sega kosata mi e svilenkasta i sjajna! Ke prodolzam sekoe mienje so koprivite!
    Dobar trik, fala! pozzzzzzzzzzzzz :up: :D