По незнам кој пат веќе со поставува прашање во врска со тоа како се користи рицунусовото масло.Зошто кога веќе сте заинтересирани не погледнете неколку страници наназад Се става на сува коса, на скалпот и се остава да отстои еден час.Потоа косата најнормално се мие со шампон.Па маслата на Фитофарм според мене се подобри од оние на Галафарм, ама и јас имам на Гала од проста причина што кога го купував немаше на Фитофарм.
а да не си пиела некои таблети во тоа време ?дека има некои таблети од кои урината ти мириса на лекови,мозе да е затоа
Дефинитивно е подобро маслото на фитофарм.Се става на корен на косата еден час пред да се измие.Јас баш пред некој ден го пробав и супер ефект има
Знам дека нема логика ама го има истиот мирис како шампонот затоа и мислам дека има врска Освен миризбата немам никакви други проблеми или симптоми за да одам на доктор затоа и не сум била во спротивно не би чекала macence85- фала за советот, најверојатно си во право ќе го сменам шампонот или ќе ги растворам во вода
Фала на информацијата.Ама јас не дека не су заинтресирана или не можам да вратам назад него вратив доста страни назад и никаде не прочитав дали се стана на сува или на мокра коса.Бидејки во упатството писува дека се стана на чиста кожа и затоа прашав......
Мене лично повеќе ми се допаѓале маслата од гала фарм затоа што поубаво ми мирисале за разлика на тие на фитофарм, посебно чичково... И јас прочитав негде дека од фитофарм биле подобри затоа сега бирам да купувам фитофарм. Ама сигурно и овие се добри, немај гајле користи си го сега тоа, па нареден пат ќе си купис од другото и ќе си споредиш сама... Btw јас овој пат го заменив рицинусовото со чичково затоа што и тоа е за растење...
денес бев во аптека да земам ампули Б12..аптекарката ме праша дали сакам од 100 или од 500 милиграми? јас земав три ампули од 100мг али некако мали ми изгледаат.да не требаше да земам од 500мг? вие од колку милиграми ампули Б12 користите?
душо јас мислам дека тоа 100мг е дозата а количината се изразува во милилитри и сите б12 што сум ги видела до сеа се иста големина,ккао и сите б витамини.само витамин ц се поголеми.барем јас такви сум видела и такви има на клиника на пракса кај што одам
Вака..ги читав вашите совети..и денес баш купив шампон RECEPT против опаѓање на косата со екстракт од хмел што наводно го забрзува растењето на косата...Ако има некој користено нека ми кажи ако сака дали има резултати
е да и мене ме ова интересира...веке се навлеков на ова наше женско мачење...де коса де нокти...и сл. па ако знае некоја од девојките да ни појасни.....please
Погледнете малку наназад низ темава, јас ви препорачувам да почнете да си ја читате од почеток и ќе си најдете одговор на вашите прашања, бидејќи навистина нема смисла едни исти прашања да се поставуваат по 100 пати
Мене должинава на коса ми е убава до половина (ама сакам уште подолга) и ако почнам со ампуливе ќе ми пораснат нови влакна, а јас имам густа коса не ми требаат нови влакна. Значи сакам нешто што ќе ми стимулира растот на влакнава што ги имам, а не нови влакна.
Ако косата ти е до половина, а викаш дека сакаш подолга да ти биде, до каде планираш да ја растиш? Нели изгледа маалку невкусно, тоолкава коса?
Јас го користам лосионот, има резултати но незнам точно да ти кажам од што попрво се резултатите =) Не, само го забрзува процесот на растење на веќе постоечкото влакно. За стимулација на нови влакна најдобро е да се примени естрогенски третман... Ако имаш анти-беби пилули фазла издроби 3 во шампонот ))
Не, само го забрзува процесот на растење на веќе постоечкото влакно. За стимулација на нови влакна најдобро е да се примени естрогенски третман... Ако имаш анти-беби пилули фазла издроби 3 во шампонот ))[/quote] комплетен и дециден одговор... ти благодарам....
Овие анти-беби пилили, да не има некои нус појави???? затоа што кога го масираш скалпот со шампонот во кои ги имаш издробено, налегуваат во кожата!.....