1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како побрзо да ми расте косата?

Дискусија во 'Коса' започната од skorpija1992, 23 декември 2009.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас синока ставив пиво на косата една голема лименка :) ми кажаа дека тоа било за побрз раст. А исто така сум слушнала дека рицинусовото масло ја прави погуста косата и дека побрзо расте. Некои и на трепки ставаат риц. масло за да им се згуснат.
     
  2. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Баш ке пробам со рицинусовото масло...
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас веќе ги пиев тиe таблетите од пивски квасец,ама немаше никаков ефект освен што почнав малку да се поправувам од нив,па ги откажав заради тоа,ме интересира дали знаете друг начин за побрзо растење на косата,освен тие маслата?
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Значи по логика, од пивски квасец, пиво и слично, значи косата расте од витаминот б...јас денес купив ампули б витамин, има б1, б2, б6...но ќе побарате ампула сите б витамини што ги содржи и си ја истурив во шампонот, т.е 2 истурив :rofl: :D :D исто и витамин ц пола ампула додадов...исто можете ампулата во било која домашна маска да ја додадете сигурно ќе има ефект...најефтин и наједноставен начин ;) ...а да ампулите се по 30 денари Б, и Ц 15 денари.... :clap: :rofl:
     
  5. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328

    Biotin B6 i Omega 3 ( naj naj), ke si zemes multivitamini zbogateni so calcium, magnezium, zelezo..! Eliminiraj slatki, kofein, cigari! Reguliraj go spienjeto!
    Za nadvoresna upotreba zemi si detski sampon...Becutan ili Jonson, kakov sakas,zatoa sto e ph neutralen, ne sodrzi sapun, i sto e najvazno e blag! Regenerator zemi od Orzene, toj so pivoto :D
    mn e dobar i ubavo mirisa, ili bilo kakov regenerator, skoro site se dobri!
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот,баш во моментов користам Џонсон шампон бебешки,па добар е сега за сега за понатака ке видам каков ке биде,а и ке побарам такви мултивитамини,да видам и тоа дали ке има ефект некаков за косата.
     
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Долгата коса бара посветеност и време.Ако вашата коса е тенка или оштетена,тешко е да се постигне саканата должина. Косата расте до 15 см годишно, побрзо во лето, малку побавно во зима.
    Ако одлучите да ja пораснете вашата коса бидете сигурни дека редовно ги скратувате врвовите, за одржување на здравата и негувана коса и елегантен изглед. Со редовно пострижување на секои 8-10 недели ќе го задржите елегантниот изглед на вашата коса во сите фази на нејзиниот развој.

    Нутриционистите советуваат ако сакате здрава коса да консумирате балансирана исхрана, богата со протеини и витамини Б, Ц, Е и К. Вашата коса веројатно ќе одговори со додавање на висококвалитетна храна како месо, јајца, сирење, семиња и плодови .Рибата е исто добар извор на протеини.

    Витамин Б-зелен зеленчук, грав,сончоглед, ореви, грашок
    Витаминот Ц-цитрусови плодови како лимони, портокали
    Витамин Е-авокадо, ориз,трици, темно зелен зеленчук, ореви,
    Витамин А-морковите, благиот компир, брокула, кајсии
    Витамин К-морска храна, млечни производи, смокви, аспарагус, зелка, овесена каша

    Елиминирајте или намалете со пушењето, алкохолот и кофеинот.
    Бидете сигурни дека на вашето тело му обезбедувате доволно спиење и одмор,како и време за релаксација.
    Купувајте чешли и четки за коса со висок квалитет и избегнувајте ја употребата на неквалитетни пластични четки.
    Ограничете ја употребата на пегла.
    Повремено правете си релаксирачка масажа на главата и скалпот која има совршеното ефект врз циркулацијата на скалпот.Можете и да втријате неколку капки рицинусово масло за кое се верува дека стимулативно делува врз растот на косата.
    Избегнувајте ја употребата на хемиски препарати за стилизирање на косата како гел,лак,пена,кои во себе содржат голема количина на алкохол и и ја сушат косата.
    Заштитиувајте ја косата од сонцето, морето вода и хлор.
     
    На Shoe-Gal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maloto.golemo

    maloto.golemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Kaj мене доста добар ефект покажа витаминот B6 дробен и ставен во шампонот.
    Фризерот ми се чудеше за растот а сепак средна должина на коса но претходно имав пократа навистина ми помогна ова а исто така се фарбам и со кна која е здрава за косата ;)
     
    На Lora.rosse и Tinushka им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    i enca kakov se pokaza samponov vo odnos na rastenjevo? :D
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    :rofl: Срц сега го почнав, откако многу ме скрати фризерката, а ми треба долга коса за свадба...мора да се покаже... :rofl: ништо не губиш...додај си две ампули....и чекај :rofl: ....последниве неколку миења ја плакнам и со водата од варена коприва и стварно е многу мазна и свиленкаста :D а инаку ампули, сите витамини си ги користам, кој за коса, за коша, лице :rofl: ...само витамин е во ампули веќе неможам да најдам, па ако знае некој нека пише кај да најдам....
     
  11. ance.pp

    ance.pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Kako mozi da se vmasira pivskiot kavsec v skalpot? Treba da se rastvori so nesto ili kako ??? :worried: Ve molam zenski ako znaj nekoja da mi pisi .....
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    па ќе го раствориш со вода....3-4 лажици пивски квасец и вода колку да го размешаш, ни течно многу ни густо...средина...за да можеш да го вмасируваш но да не ти растекува....ако имаш сува коса додај во тоа и 3 лажици маслиново масло или бадемово...и остави 30 мин - 1 час...
     
  13. danyela

    danyela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    mozam da kazam deka za pobrzo rastenje na kosata efikasen e samponot FITOVAL go ima vo zegin aptekite i jas go koristam dosta sum zadovolna
     
  14. studentka55

    studentka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Јас имам користено и имаше резлутат.Еден морков исечен на кругови и сварен во 1 чаша вода и после во таа вода да се исцеди 1 лимон.(колку морков толку лимон)Се става на мокра коса се остава околу 15 мин.и се плакне или мие со шампон. пробајте па пишите позз
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    prasanje do onie sto dodavale ampuli vo sampon-najnormalno se miete vednas po nanesuvanjeto sampon ili ostavate nekoe vreme da deluva na korenot?
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    па јас секогаш оставам шампонот да постои некои 5 минутки, а сега со ампулите од 5-10 мин...како имам време ;)
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    fala tii ;)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Само да ви кажам ако се дрзнете да пиете омега 3...тогаш бидете спремни да се соочите со килограми плус...отвара апетит ненормално многу и најмал ефект има врз растот на косата.Повеќе штити од кардиоваскуларни заболувања и го штити мозокот,него ли што делува на раст на коса и нокти.Пијам два месеци...првата недела се убив од јадење незнаејќи зошто,си качив 2-3 килограми,па отпосле ми текна...исто ви е како рибините зрнца како мали што ни ги давале...Се консултирав со матичната кога бев болна сега скоро,ми потврди дека е од тоа! ;)
     
  19. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    и колку витамин B6 издроби во шампонот??? и шампонот од колку ml ти е и каков користиш???
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    И мене ова ме интересира,во кој шампон ги имаш издробено таблетите и отприлика колку таблети на колку милилитри шампон...
    Јас ко божем пијам витамини б,ама некако трудно или јас немам трпение и од што секој ден ја пратам косава или стварно не мрда,врска немам. :D
    А ај косата што споро ми расте...ама ноктите никогаш полоши не ми биле.Скроз ми се излупија горе и буквално се ронат,ситно се слојат и кршат...ужас,срам ми е да ги покажам рацете,а што е најтрагично никогаш во живот не сум грицкала нокти,сега пијам витамини,ставам специјални лакови,креми за раце,уље за нокти,ги рамнам со турпија на секои 3 дена за да порасне оштетениот дел,ама тоа пак си се лупи надоле...џабе...нокти и коса одат заедно...