И јас го имав истиот проблем. Престани да ја миеш толку често ќе престане да ти се мрси толку многу. На почеток малку ќе трпиш затоа што ќе треба да ја миеш секој 2-3 ден и ќе ти биде мрсна ама и во тоа има добро. Другарка ми има флизерски салон и она се разбира од овие работи па од таму знам дека има нешто, не знам што и како, ама знам дека тоа ја храни косата. http://forum.femina.mk/kosa/mrsna-kosa-t71/130.html ова е цела тама за тоа
прочитав душо ќе пробам со бебешката пудра а шампон незнам каков да користам тие што не содржат балзам мн.ја плеткаат косата и едвај ја чешлам несакам да си ја кубам а силиконски капки не користам токму поради тоа што мислам повеќе ќе ја мрсат но ете грешка ќе си ставам само на врвовите
Значи по незнам кој пат во темава (пошто само се поставуваат прашања а никој не се навраќа назад во темата да прочита што се е напишано) ќе ви напишам дека од пицвскиот квасец косата расте мноооогу....башка и ноктите..................
Чекај... Другарка ти го употребува шампонот: - Шампон од коприва 500мл - Пантенол 50 мл - Капки од коприва 30мл - АД капки- (воден раствор ,едно шишенце) - Б витамин во ампули (2-3 ампули) Или маската: - 1-2 жолчки од јајце - неколку капки масло од рицинус( го има во сите аптеки) - 1/3 од шишенцето АД капки ( маслен раствор/ уље) - Капки од коприва - Б витамин во ампули - 2-3 лажици пантенол Не знам што да си направам ( што е поефикасно )... Се мислам за шампонот ама... Те молам, многу ми е битно, се ишишав рамно и сега ми е многу кратка... Фала ти однапред!
Јас денес купив 4 ампули б6 и 4 б12 и ке ги ставам во шампонот па ке чекам да видам дали ке има резултати.Инаку сакам да ве прашам девојки имам дома ад капки но на нив пишува маслен раствор,е сега дали ке може од тие да ставам во шампонот или на нив треба да пишува воден раствор како што прочитав погоре.
Јас го користам Рецепт,не сум нешто ептен задоволна али од сите други овој е најдобар а и ич не е скап 140ден
И јас го имам истиот проблем незнам веке сешто пробав и ставив на косава и не ми расне многу се нервирам а тешко ми е да се одлучам да ја исфарбам кафеава зашто многу вложив во нејзе за да ја добијам посакуваната боја,сакам да ставам надградба квалитетна ама многу е скапа 250 евра,и незнам веке што да превземам
Девојки не знам дали прочитавте во погорните постови имав напишано. Пиев апчиња во кои и во едно апце ги има сети Б витамини, резултатите се фантстилни барем кај мене, побарјте во аптеките некаде околу 150 денари се 15 апчиња
Колку и да е скапа надградбата, немој да те лаже цената зошто сите надградби се исти ти кажувам зошто многу луѓе што ги знам кои имале надградба зажалиле што ја ставиле, дури и оние најскапи и "најквалитетни"... А и плус надградбата не можеш сама да ја одржуваш ќе ти се плетка и мора фризер да те среди. Јас не би ти препорачала надградба.
никако надградба ќе направиш фатална грешка косата од корен ќе ја искубиш ништо нема да постигниш и ќе потрошиш еден тон пари заборави ја надградбата додека не ја одморите косата од фарбање и горење косата не може да одмори да диши и да почне да расти и јас со тешко срце пред неколку години ја сменав мојата плава коса која мн.ја сакав но морав оти без коса ќе останев и само ја негував за да ми порасне сега имам веќе овде напоменато за мене косата е половина човек ако таа не ми е средена исто како цела да сум несредена но за тоа мора да се вложи и да се има трпение колку помалку за мачите вашата коса толку повеќе ќе расте сама природно зошто да не се смени бојата на коса па секоја промена е добро дојдена не ја фарбајте неколку месеци и ќе видите дека вашата коса почнува да расте и да се обновува
ама јас пиев од апчињата B-6 ама кај мене има многу лошо дејство многу ме здебелуваат не смеам да ги пијам
A зошто ги пиеш? Б-6 всушност за тоа и се наменети. Б-витамините општо не се наменети да ги пиеш освен ако немаш некој дефицит на одреден витамин или повеќе.. (си земаш б-комплекс) Ако сакаш побрзо да ти расте косата 2-3 апчиња б-комплекс во шампонот на пола пресечени за полесно да се стопат и немаш гајле. Со пиење апчиња ќе ви се дешаваат само некои нус-појави дали покасно или подоцна. *болдот не е за џабе ставен 2-3 апчиња значат 2-3, не летајте по 9 да редите, да не се жалите после како имате преголем волумен на косата и сте ко буфче.
Фала ви девојки на советот,ке пробам да ја исфарбам кафеава да ја опоравам,се надевам ке има резултати
ќе имаш ќе видиш и самата јас ти давам 100 на 100подршка исфарбајсе како твојата природна боја и повеќе стоп на фарбите само негуваја ќе ги видиш резултатите косата ќе добие сјај и ќе почне да ти расти пак ќе речам промената е убава добро ќе ти дојде