Како побрзо да ми расте косата?

Discussion in 'Коса' started by skorpija1992, Dec 23, 2009.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,214
    Likes Received:
    8,436
    И мене ме нервира многу што ја растам и се трудам да не ја стрижам ама се кине на врвовите невозможно е веќе одвај ја трпам а сакам долга коса и пијам од б-комплекс има подобрување се забележува но до кога ќе издржам без стрижење не знам .
    Колку пари е тој шампонот Фитовил??????
     
  2. Springy

    Springy Истакнат член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    337
    Likes Received:
    522
    баш убаво, и јас имам правено таква маска само без јогурт, но ако ти е ова прв пат не верувам да видиш некој посебен резултат :) Убавата, долга и негувана коса бара упорност во одржувањето ;)
     
    TanYa and Simeonova like this.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,951
    Gender:
    Female
    до crazylady :)
    јас го користев малото паковање кафеавото од фитовал и тоа е 170 денари последно го земав али шампонот е феноменален сега сакам да го пробам фитовал жолтото паковање големото мислам дека е некаде 240денари тука некаде е цената ама вреди ;)
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,398
    Likes Received:
    512
    Витаминот Ц никако не влијае врз растот на косата, бидејќи има друго дејство:
    Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:

    * влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
    * има улога во синтезата на стероидните хормони
    * ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
    * има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на слободните радикали

    Витаминот Ц го спречува создавањето на опасните соединенија т.н. нитрозамини[1], кои настануваат во желудникот и цревата со разградување на храната (особено конзервираната). Постојаната присутност на овие соединенија може да доведе и до појава на карцином. Значајна е улогата на витаминит Ц и во синтезата на колагенот – влакнестиот материјал кој е составен дел на кожата, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, а таа станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и поотпорни.

    Што се однесува до витамините што скоро сите ги ставивме во шампонот, јас гарантирам дека дејствуваат, бидејќи косата значително ми порасна, ми е погуста и поздрава. Имав ставено 3 ампули Б1, 3 ампули Б6 и 3 ампули Б12 и АД капки во 350мл шампон. Само што витаминот Б12 не дејствува врз растот на косата и нареден пат ќе го заменам со пантенол. Е сега, доколку витамините го губат дејството во шампонот, зошто тогаш во сите шампони кои го поттикнуваат растот на косата има пантенол (витамин Б5)?
    Пантенол или витамин В5. веројантно, ви звучи познато, но сигурно не помислувате кои се полезни својства ги има.

    Тој е форма на пантотенова киселина. Во клетките пантенолот се трансформира во оваа киселина, која всушност е важен составен дел на хемиското соединение коензим А, кој исполнува главна функција во клеточниот метаболизам. Во косата, каде што нема живи клетки, пантенолот се трансформира.

    Тоа е омилениот елемент на козметичките лаборатории, кои разработуваат продукти за коса, кои навистина навлегуваат во влакното и му влијаат позитивно. Дејствува активно не фоликулите на влакното, ја лови и пренесува влагата од воздухот и затоа служи како перфектен хидратант во шампони, балзами, кремови и лосиони. Тој ја „подмачкува“ косата, без да ја мрси. Ја мазни површината на косата и таа добива сјај, здрав вид и лесно се чешла. Како косата, така и скалпот помалку се повредуваат во фризерските салони. Ако косата често ви цути, треба да побарате продукт кој содржи пантенол. Тој е многу ефективен во овој случај. Пантенолот не проникнува во косата во толкав степен, како во кожата, но ја покрива со заштитен слој, кој ја пази и дејствува благотворно.

    Витаминот В5 е важен за трансформирањето на мастите и шеќерите во енергија. Може да си го набавите, ако јадете зрнести храни и полнозрнест леб, пченични и зеленчуци. Овој витамин се синтезира и во мали количина од еден вид р’кулци, бактерија во стомачно-цревниот тракт, тој има заздравувачки ефект врз рани и го помага формирањето на антитела. Со еден збор, избирајте храни со поголема количина на витамин В5.

    Многу козметичари пантенолот го нарекуваат „разубавувач“. Ако вашето тело има недостиг од овој витамин, возможно е да имате дерматолошки проблеми. Продуктите за кожа, кои го содржат овој елемент, обично се во графата на „хидратантни“. Тој, исто така осигурува брзо и длабоко навлажнување. Ја стимулира регенерацијата на фибробластите и го потпомага обновувањето на ткивата. Ја осигурува и побрзата кератинизација. Затоа ќе го сретнете и во продукти за подршка на кожата на рацете и маникирот.
    Пантенолот има својство да делува на плочата на ноктите и да ја заштитува од кршење и раслојување. Служи, исто така и за лекување на атипичен дерматит, обриви и чешања. Во составките на хидратантните продукти може да го откриете и етил-пантенолот (Ethyl Panthenol). Тој претставува етилов етер, дериват на пантенолот и исто така има својство да проникнува во подлабоките слоеви на кожата.

    Пантенолова киселина (Pantothenic Acid) често се користи за терапии против акни, остеоартрит, рани и контузии. Се користи и при проблеми со цревата, хроничен умор, стрес, алергии, проглеми со црниот дроб. Исто така е и добра заштита за имуниот систем. Овој витамин може да го сретнете и под различни наименованија како: DPantotherate, Vitamin B5, D-Panthenol, Calcium Pantothenate, Pantothenol, Pantothenylol и Dexpanthenol.
     
    Ashling likes this.
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2010
    Messages:
    1,805
    Likes Received:
    5,895
    Почнувам и јас со терапија. Се опремив со Брезов шампон на илирија 230 мл, му стресив 3 ампули Бевиплекс,
    доволно се? :^)
    си зедов и рицинусово масло на Фитофарм, еднаш неделно ке и ставам масло, а двапати неделно ке ја мијам со шампонот. Виш ми лак :$
    :emo: :emo: :emo:
     
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,398
    Likes Received:
    512
    Додај му уште 50мл пантенол. Гуд лак. ;)
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2010
    Messages:
    1,805
    Likes Received:
    5,895
    Тоа во ампули б5? Како се продава?
     
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,398
    Likes Received:
    512
    Како 5% раствор на пантенол. Го има во аптека. Јас го зедов 120 денари 100мл.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,923
    Likes Received:
    163,882
    Затоа што тие витамини кои се додаваат во козметичките препарати се со посебни додатоци кои треба да ги задржат во нив и колку-толку да го зачуваат нивното дејство.
    А овие ние кои ги ставаме во шампониве,испаруваат,не се задржуваат,а плус останатите состојки на шампонот дополнително влијаат на губење на нивните својства,а со тоа и губење на ефектот.
    Во 24 часа здравје,но и некаде по сајтовите прочитав,а и дада апОтекарка ја потпрашав ми потврди.Дури и витамините кои ги купуваме за да ги пиеме,во просек за две недели значително губат од своите својства и ефекти откако ќе бидат отворени(ова важи за рефус витамините,најчесто витамините б така се продаваат и за оние шумечите или во шишенца,а не посебно пакуваните со алуминиум покриени).За да се зачуваат,потребно е да се чуваат во посебни амбалажи кои не би било практично да ги има во широка потрошувачка затоа што чинат многу те повеќе од вредноста на самите таблетки.Така да...
    Ќе побарам во букмаркс од статијата,ако ја најдам ќе го ставам текстот тука.
    Јас не видов не знам каков аир од б витамините во шампонот(а после и со шприц,директно витаминот го мачкав ),може под дејство на сугестија,па си мислев леле стварно,ама паралелно пиев и б комплекс(и ноктите тогаш значително ми зајакнаа) и се мачкав со триста глупости на главава.
     
    budala.sum-pa.sto and Annath like this.
  10. dushe555

    dushe555 Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2010
    Messages:
    41
    Likes Received:
    13
    убаво е и на корените и на врвовите да ставиш. 2 до 3 саати ја дрзам јас и ногу ми е убава косата дури вчера бев на флизер и ме праша флизерката што користам и јас не и кажав ;)
     
  11. Ragdoll

    Ragdoll Истакнат член

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    19
    Likes Received:
    10
    cycle vital eugene perma-против опаѓање и за раст на коса...500-600денари
    мн добри резултати!
    природните методи се мачни и смрдливи,сум пробувала со јајца,со пиво,со коњак,со што ти не,ама во 21век мислам дека добро расте коса и со ампули и специјални шампони :))
     
  12. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Joined:
    Mar 25, 2010
    Messages:
    565
    Likes Received:
    201
    Мене луѓе ми се направи првут од б витамините, а никогаш не сум имала првут. Ја прашав фризерката моја и ми рече веќе да не ставам ампули дека биле преагресивни за кожата на главата и дека затоа имам првут :@ . Епа колку расте нека расте, што ќе ми е долга коса ако сум како со елкер некој со шеќер наросен одозгора :)
     
  13. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Joined:
    Jun 19, 2010
    Messages:
    320
    Likes Received:
    42
    не видов таква тема,па реков да ве прашам,во последно косава ми е 100% наелектризирана :( не можам да си ја пуштам,цела лета...ако има ваква тема а јас не видопв слободно кажете ми фала позз :hai:
     
  14. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Joined:
    Jan 9, 2011
    Messages:
    545
    Likes Received:
    155
    kosa/razletana-naelektrizirana-kosa-
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,951
    Gender:
    Female
    силиконските капки од авон за наелектризирана коса се мн.убави и ефикасани порачајси ги нема да зажалиш...
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Ме изнасмеа :D :D :D
    Јас веќе се откажав од било какви производи за побрз раст.Ќе си ја шишам редовно и третирам нормално, па ако треба и години ќе чекам додека ми порасне колку што сакам.Немам живци за секој втор ден тоа стави, тоа стави.Ставав два месеци и не видов резултат. :|
     
    budala.sum-pa.sto likes this.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Joined:
    Aug 30, 2010
    Messages:
    1,217
    Likes Received:
    824
    И јас се откажав од надворешна употреба на витаминиве. :lol: Сега за сметка на ова се спремам да купам БИОТИН витамини, колку што се расчепкав низ интернетот тоа е основниот витамин кој потикнува растење на косата. Би требало да го има низ нашиве аптеки, пишува дека е витамин од групата Б поточно Б7, па здравје ќе ви пишам резултати за едно месец дена.. :*
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    688
    Likes Received:
    192
    Gender:
    Female
    Ги има во вид на апчиња, јас ги купив, почнав да ги пијам ама ги оставив, ама сега се сетив дека може 2-3 да ги ставам во шампонот :)
     
  19. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Joined:
    Jun 19, 2010
    Messages:
    320
    Likes Received:
    42
    Фала за информацијата,ќе ги пробам...никогаш не ми била ваква косата,се ужаснувам од помислата дека треба само фатена да ја носам :( инаку таа тема не ми ја отвора што ми ја пратија како линк...
     
  20. Octagon

    Octagon Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2011
    Messages:
    10
    Likes Received:
    1
    Лелееее... 198487587329 саати читам како побрзо да ми расте косата и никако не можам да се одлучам кој шампон да го купам... Дали тој FITOVAL што е за оштетена коса или пак FITOVAL za protiv opaѓање на косата? Еве да ви кажам се детално: косата ми е нормална сега откога престанав да ја пеглам, само врвовите ми се малку суви (ставам маслиново масло, кантарион и бадемово масло, али не помага), пред не знам колку недели се ишишав рамно и сега ми е до раменици, малку ми е густичка иии го користам сега шампонот од коприва и внатре му ставив пантенол, капки од коприва, АД капки и B витамини. Па сега тој шампонот мене малку ми ја суши косата и ми ја прави без сјај! ;( :@ ( И не гледам разлика во растот) Ве мооооооооооооооооооолам ако знаете нешто повеќе за FITOVAL, кажете мии!!! :call: :worried: