Подобро не го купувај фитовал, истроши го оној од коприва и така и ставаш на косата 300 производи. Може според тебе не помага зашто си ја гледаш косата секој ден или пак кратко време ги ставаш После 2-3 недели пак си ги скрати сувите врвови едно 1 центиметар, не ја суши со фен, како што велиш не ја пеглаш а и до раменици ти е, не ти е кој знае колку кратка Конзумирај повеќе витамини преку исхраната и тоа е се` што и треба на косата за да ти оздравее и да се забележува раст кај неа
Пред некој ден бев на фризер и што слушнав За побрзо растење коса имало некој како тоник или незнам точно како се викаше што им го ставале на овците откако ќе им ја потстрижат волната за да им расте поубава и посјајна. Е сега тој тоник се купувал во земјоделска аптека си пишувало на него како се раствора и секоја вечер со паамук се мачкал коренот на косата малку грдо мирисало ама бил ефикасен за ова има кажала некој албанка
Девојки вчера се шишав и зборував со фризерката која ми е и роднина. Маската ја направив што ја напишав неколку страници поназад, но ми рече дека ништо не може да го убрза растот на косата. Нормално е здрава коса и негувана да расте еден до еден и пол сантиметар месечно. Но ако не е здрава косата џабе расте сантиметар, кога ние кинеме 3. За правилно да расте треба да се шиша најмногу на 3 месеца и да се одржува правилно.
Хаха уште ова го немав чуено...искрено мене би ми било страв да ставам од тој препарат на косата Пред неколку дена се шишав и стандард си правам муабет со вработените во студиото. Во глобала секогаш го добивам истиот одговор: редовно ставање на маска на косата (џабе ако ти е природно сјајна и здрава и косата имала потреба од храна), потшишување на два до три месеци.....а воедно и прашав за ампулите. Ми рекоа дека поттикнуваат раст но не некој енормен, поголема е веројатноста да влијаат на квалитетот на влакното Нас ни останува упорноста и надежта
А знаете што??? Се фарбам плава и кога ми излегува коренот до наредното фарбање после еден месец, забележувам раст. Деновиве треба да се фарбам, па кога ке се исфарбам ке прикачам слика со датум, и после точно еден месец ке направам нова сликичка и ке ја прикачам, па ке видиме разлика. Инаку користам брезов шампон со 3 Бевиплекс ампули, косата ја мијам два пати неделно, а еднаш неделно пред измивањето со шампонот и ставам рицинусово масло 1 час да отстои. Па ајде да видеме кој тука лаже
Па да ти кажам и јас се чудев кога кажуваше ваква останав Искрено и јас не би ставила такво нешто па колку сака нека е ефикасно ќе си оставам да си расте природно колку толку и онака одамна ги жалам веќе 10 цм отсечената коса
Многу добра идеа Бар ќе знаеме на што сме хаха, ако има резултат сите одиме по твојот рецепт Спојлер јас не реков дека некој лаже хаха и јас дури ставам ампули на косата ...сепак имам надеж М.лејди- трпи баба за убавина, не се сомневам една на 1000 би го пробала и тоа хахах Ти 10 цм, а јас од коса до половина што отидов на 1 .......и еве сеа ми е до рамена! Тешки маки видов, ќе порасне без форма- шишај за за да и дадеш некаква ............е сега од пред некој ден ја има ок формата
Фала ти многуу!!! само прашував дали да го купам тој откога ке го истрошам овој од коприва... хаха нормално не ми е којзнае колку кратка ама пак не можам да поднесам коса пократка од градите!
Јас сум задоволна од апчињата Б комплекс што ги ставив во шампонот. Косата ми е сјајна и здрава, за раст рано е да кажам
Ставам по 2 Б6, 2 Б9, и 2 Б12 ампули во субрина рецепт шампонот го користам веке 2 недели,сеа за сеа задоволна сум не дека нешто ми пораснала косава ама онака поубава ми е,а и тие бебешките што ми беа многу мали ми пораснаа,мислам дека е од ампулите се надевам ке ми порасне цела коса зашто очајна сум веке сакам долга коса
Чичковото масло (Arctium Lappa) има анти септичко и антибактериско дејство. Помага при сабореични промени на кожата од главата, успешно отстранува првут, го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, и дава сјај, волумен и виталност на косата. Се нанесува на косата и кожата од главата со благо масирање и се остава да стои 1 час, пред да се измие. Исто така може да се користи и за обликување на косата.
Вистина е за пивскиот квасец...јас го пијам и косата ми е многу поцврста, поубава, подолга а што е најважно од се многу ретко пука влакното на врвот!!(еднаш до двапати годишно). супер се таблетите...витаминот Б е многу важен и за здравјето, косата, кожата, ноктите... ви го препорачувам...
Не сум пробала, но слушнав дека рузмаринот бил многу добар. Побрзо растела косата. Една моја пријателка го користеше и задоволна е.
Воден раствор, а не маслени. Прочитав овде дека може и маслени, но мене ми беше страв да не ми влијаат некако на косата, бидејќи имам коса што многу често се масти, па затоа ставив воден раствор. (бдв ставив 20 капки, не знам колку мл е тоа )
здр. јас сум плава и сакав да прашам дали ке имам некој проблем ако и јас ја плакнам косата со чај од рузмарин да не ми се обои косата од чајот ве молам за одговор