Женски морам да ви кажам за еден шампон кој по грешка го купила мајка ми, а е неверојатно добар. Прво не ни сакав да се мијам со него, ама реков ќе го пробам и се изненадив. Току убава и сјајна ја прави косата тоа е чудо. Барав не нет слика ама нема. На шампонот пишува on-line hair care , со сликичка на орев. Под тоа пишува пантенол и витамин Е. Мислам дека во Тедико го купила. Ептен сум задоволна, мислам дека е најдобар шапмон што воопшто сум го користела.
Има два месеци кај што го користам од Илирија и има ефект, ама многу почна да ми се заплеткува, е сега незнам дали од шампонот е или од колор шампон што си имав клаено, одвај се чешлам.
никако не е до колор шампонот,и јас го имам користено овој шампон од коприва,има ефекти, но доволно не ја потхранува косата..и затоа станува тешка за чешлање
феминки ве молам одговорете јас сум плава дали ке имам проблем ако ја исплакнам косата со чај од рузмарин или од коприва да не ми се обои косата од чаевите
луѓе тука по интернетот читам за масло од арган дека стимулира раст на косата. да не знаете каде може да се најде?
Феминки, ме интересира дали некоја има користено Рецепт шампон за побрзо растење на коса? Дали сте задовони од него ?
Јас месец и пол го користам + внатре му имам ставено б витамини Ама некој викаат дека многу ја сушело косата и пукала многу.
СО КОПРИВА НЕМА ШАНСИ ДА ТИ СЕ ИЗБОИ..ПРОБАЈ,(ЈАС СУМ ПРОБАЛА),А СО РУЗМАРИН НЕ ЗНАМ...НО СЕПАК МИСЛАМ НЕ...
Јас имав собрано па ги чекав да ми се исушат па си правев чај... 2,3 пати се измив со тоа и веќе не..мн ми мирисаше :/
да доста ја суши, но затоа треба регенератор да се користи редовно како и останатите стајлинг производи и нема да има никаков проблем.
Дајте бе женскии кажете нештоо испобано и ефикасноо.. веќе пукнав со оваја коса што не се се има пробано и пак не е како што треба да е ..и со јајца маски и со што не ..амааа не можам таја миризба да ја поднесам толку е одвратноо.. и со пивски квасец во шампон е мн гадно...
И јас ќе се согласам тука - пред неколку дена влегов во дискусија со истакнат фармацевт при локалната аптека, као „не делувале ампулите ако стојат месец дена растворени“, ама Бог не ме убедува дека со тоа ја вратив косата во нормала... пред 2 месеци катастрофална аматерска грешка ми ја украси главата (за сметка на мојата долгаа бринет коса, малку над половината), и месец дена додека скептично користев брезов шампон, сосем обичен во комбинација на 3 бевиплекс во 400 мл раствор: можам гордо да кажам дека после 2 месеци употреба (во просек 2-3 миење неделно, без додатни екстракти, масла, регенератори, маски и сл), косата ми порасна преку 10 см... најискрено, нема зошто да се фолирам и да претерувам - засега користам од коприва, да ја одморам главата малку, па ќе се вратам на ампулите.. Во меѓувреме, ја пеглам, ја виткам, ја носам врзана... значи, нема додатни запазувања и третмани, а исходот е навистина одличен... на моја среќа
имам пишано некаде низ темава сум слушнала дека треба да се сварат коприви и со водата со која се вареле копривите да се исплакне косата.давало цврстина,сјај и растела ептен косата..јас пробав само еднаш и после ме мрзеше да варам..
А што мислите за обичен квасец растворен во вода и така да се стави и да стои некое време, да не има пробано некој?